Љубовни писма

  • Креатор на темата Креатор на темата lazar31
  • Време на започнување Време на започнување
Во право си за ова...Ја коа бев сТредно, имав дечко кој ги искажа своите емоции на тазе искречениот ѕид кај мене у влез. Ја веднаш ја препознав љубовта, али моите комшии не беа многу воодушевени од овој потег. И ден денес ме оговараат. Мислам дека неповратно го изгубив угледот, особено кај постарите комшики.

Ма јасно. Ако се сеќааш на една наша друга наша преписка, коа некој ќе ја помодри цурата од ќутек, не само она шо ќе ја препознае љубовта, него и пошироката сТредина.

А комшиките увек ќе јадат трици од завис. Пошо нив нема кој да им изјавуе љубав уопште, а камоли по ѕидои.
 
Писмово е пишувано на 10 август 1942 година
од скопскиот централен затвор каде е затворен
и осуден на смрт и обесен по неколку дена
на еден 22 годишен борец од првиот скопски одред
до својата венчана сопатничка и таа револуционер

...Ти не си ме разбрала. Твојата загриженост за мене и за мојата состојба не би требало да биде голема, зошто таа е создадена по сила на денешните прилики. Дека по такви околности, тешко е да се одреди јасно состојбата и на обичните луѓе, а камо ли на оние што се осудени на смрт.
Едно знај, Животот би ја загубил својата смисла, според моето мислење, ако би се свел на обично биолошко постоење и ако единствената цел би ни било само да живееме...
И јас мислам токму тие маки и тешкотии го прават животот убав и прекрасен, вечно да живееме и да се мачтае постајано за него. Ти си толку мило и драго, суштество, така што да ти се одземе правото на живееш, би бил вистински криминал. И покрај тоа драга моја, гледај да поминеш низ животот онака како што налагаат твоите чуства.
Што се однесува пак до мене, воопшто биди без гајле, наспроти тоа што чуствата ми го налагаат обратното. Ти знаеш дека токму законите на животот се тие што имаат првостепено значење за мене и дека друг пресврт животов не може да има. Иако во иднина нема да имаш среќа да читаш мое писмо и да ги слушаш моите зборови без тага во срцето, продолжи да живееш како и досега, со една мисла дека во одреден период на твојот живот постоеше еден човек кој многу те љубеше и сакаше со својата љубов да те направи среќна. Тоа за мене беше од првиот момент на нашата љубов, една од моите цели. Таа продолжува до денес и ќе продолжи до последниот момент.
Те љубам драга ......

..........................................................................................................................
има уште едно писмо,последно кое го пишува, дента пред да го обесат
бугарските фашисти ( може и тоа да го постирам ако сакате)

Чичо Анчо си ме распекмезил од сабајле со писмово.:) Ако ти се наоѓа другото писмо постирај го, те молам.

Инаку и јас спаѓам во онаа група деца која им ги читала љубовните писма на родителите. Се кезев ко зелено како мало дете кога ги читав.:icon_mrgr: Едно време мислам на памет ги знаев. Чале на граница на Хрватска, мајка ми во Скопје. Девет месеца преписки.
 
Сум бил "поштар" на вакви писма ама јас сеуште не сум пратил. Најверојатно не сум бил храбар и сум се плашел од реакцијата :D
 
:pos:

Пред месец дена им ги најдов писмата на моите дома што си ги праќале, претежно од татко ми кога бил во војска.. абе прав поет се згазив од смеење додека ги читав. Сега некој такво нешто да прати ќе го направат ретардиран :D

еве уште нешто во врска со љубовта,
нејзината вредност - верност и почит во мое време
да не биде многу долго ќе го земам само примерот кога служевме во армија
одевме таму на отслужување на воениот рок 15 - 18 - 24 месеци и тоа каде ќе те пратат во кое место не зависеше од нас- позивот и тргаш 1000км. пат.
( а не како сега овие изминати 20 години додека имаше кај нас АРМ,на пр.
ќе го пратат некој во Велес од Скопје ,или од Велес во Штип и потоа триста врски ваќа да биде поблиску, т.с. од каде што е, така беше.)
Банкетите и испраќањето неможе да се опишат треба да се доживеат.
Посебно испраќањето со девојката - а таа најчесто е една поточно прва.
Врската со домашните,пријателите и девојката се одржуваа со писма.
Само еднаш,поретко два пати се доаѓаше на отпуска поради далечината а и трошковите.Еднаш и тие доаѓаа таму на посета,ама не кај секого.
Ние тогаш млади, горе -доле сите и си работевме пред војска и животот го теравме во „друштва“, па отприлика 10 - 20 се разбира машки - женски, ама имаше и машки негде повеќе т.с. што немаа девојки.
Кога некој другар отидеше војска,девојката остануваше во друштво со нас.Го чекаше, му праќаше и добиваше писма и беше верна.
Ние другарите ја „чувавме“- односно таа си продолжуваше да живее во нашето друштво, било да е на школо или на работа. Секој ден била со нас и со ништо не сме ја заборавале или запоставувале. На корзо била со нас, по викенди - излети кои ги практикувавме секогаш била повикувана и присатна. Прв муабет кога ќе ја видиме или кога ќе дојде било „ доби ли писмо од Никола “. Понекогаш се десило и да остане со нас ако одиме некаде. Ако одиме пак во посета кај другарот што е во војска без нејзе,нашата другарка не тргаме. За сето време додека е тој таму, таа е со нас и најчесто и неговите домашни тоа го знаат, а се десило и сите заедно да одиме кај неговите дома.
Е ова е веќе несватливо за вас,што ќе ви го кажам.Таа цело време ќе го чека и ќе го дочека да се тој врати и потоа продолжува нивната љубов.
Е сега тоа секогаш и не завршуваше со брак, но најчесто - Да.
Но ова е уште по несватливо. Никој од „ друштвото“ - другарите не ни помислува на лоши работи - да ја заведе девојкава или да и се удвара.
--------------------------------------------------------------------------------------------------
а сега да ти е страв да ја пуштиш сама и ко ќе се слика за лична карта,
секој одма мисли да ја свали, а пак жена ни на пазар не се пушта сама.
 
Чичко Анчо ти си легенда :cuc:

Благодарам !
јас сум бравар како Јоже од кумровец ама глеј до кај он стасал
„Ченто“ на ова ми одговори- тој Јоже бил се, но најмалку бравар
А некој кажа исто за ова: „ Кралицана на Англија рекла“
(кога овој во посета таму засвирел на клавир тешки композизии)
- Ако е овој човек бравар, јас сум Клеопатра или така некако.
Како и да е многу ми се допаѓа што ме читате и затоа вечер
после 22,30 ќе ви напишам уште едно „ љубовно писмо “
......................................................................................................
припремете марамчиња................................................ај чао
 
темата е љубовни писма, ( но овде-ова-сега е со наслов )
ПОСЛЕДНО ПИСМО
Такво последно, опростувачко писмо, полно со најнежните дамари на своето младешко и бунтовно срце до својата најсакана животна
сопатничка,другар и соборец ќе испрати нашиот народен јунак,само
ден пред неговата смрт, но и со високо чуство за исправноста за
својот решителен од по трнливиот,но и славен пат на достоен борец
за слобода, и со горда храброст што го дава својот млад живот за
праведното дело,можел да напише само човек, борец и револуционер
од негов ков,а кои иако како немакедонец писмата до својата сакана
ги пишува на македонски јазик.
За него животот има голема возвишна цел - на која и е посветен. Тоа се
светите идеали на Револуцијата и на борбата за подостоен човечки
живот - и на саканиот драг сопатник.
И таквата своја декларираност и определеност, тој ќе ја потврди и во
последните мигови на својот прерано прекинат живот,кога пред џелатите
исправено и гордо ќе ја запее „Интернационалата“ додека врз неговиот
младешки врат се плетка јажето на бесилката.

последно писмо............................................17 август 1942 год.
„ Драга .....................
Во овој момент, кога сосема го завршувам своето биолошко постоење,
чуствувам незапирлива желба за последен пат да ти испратам пламен
поздрав од твојот другар кој толку многу те љубеше и кој одеше по
толку трнлив,но славен пат на достоен борец за слобода.
Се чуствувам во овој момент, драга ............, поради тоа што умирам за
едно праведно дело, толку храбар, што голем порив на самосознание
избива насекаде околу мене. Од тебе барам само едно - бестрашно,
како и досега да го следиш патот што ти е назначен. Збогум.
Те љуби твој Пеко.
.......................................................................................................................
писмото е испратенопо по еден друг затвореник и доставено до ........
која исто така беше борец, ( осудена на смрт во отсуство) која го
продолжи неговиот пат и идеал - борба за слобода
имам уште неколку писма....повеќе во „ омилени историски личности“
 
........Љубов зад решетки
Тој имаше21-22 години.Беше целиот и се посветил на партијата и на борбата за слободен и праведен свет.Во него бликаше и револуционерна и животна енергија.Тој постојано зборуваше дека животот му е даден на човека-за да го живее со сите негови убавини и радости. За нив и се бореше - да биде животот-живот, достоен за секого.
Во тие долги деноноќија во ќелијата на смрта постојано, кога другарските разговори ќе стивнеа,а сонот не можеше да ги совлада клепките, долго размислуваше за смислата на животот,слободата,народот, и посебно за онаа најдлабоката, најинтимната.
Ја имаше таа среќа да се сретне,да се зближи,да се засака и таа љубов да ја круниса со заеднички живот со саканата,со едно прекрасно суштество, како што беше таа........, со која ги спојуваа многу нешта. Секако и идеалот.
Отаму,тој во длабините на своето благородно срце ја носеше грижата за судбината на неговата најсакана друшка, ја грееше надежда со спомените за неа, ги отвараше ширум портите во ретките заспивања за во соновите да му дојде таа. Се грееше надежда со сликите од заедничкото дружење,заедничките разговори и планови за иднината која треба да се избори.
А ја имаа истата судбина,само што веднаш после судењето таа беше интернирана во Бугарија во село Бабјак - Разлошко. А тој во Скопскиот централен затвор ќе помине три месеци.
Па така во првото писмо напишано до неа, тој ќе напише:
..............Прво писмо

„ Драга ..........
Денес од твоето писмо разбрав каде се наоѓаш. Наспроти големата оддалеченост што не разделува, сметам дека ништо не се сменило. Останува во моите мисли и во моето срце едно незадржливо чуство на чиста и безгранична љубов. Ако, моментите и состојбата во кои се наоѓаме и двајцата не ни се толку наклонети кон нас, тоа за нашата љубов и за нашите мисли не преставува бариера, пред која би можело да се отстапи.
Но, иако е тешко се е времено. Животот на секој човек му налага задачи со кои е должен да се бори, наспроти сите пречки и маки.
Под такви прилики се наоѓаме и ние сега, драга ..........“

Писмото е пишувано почеток на јуни 1942 год.
Пеко беше обесен ноќта помеѓу 18 - 19 август 1942 год. во Софија.
 
...(истото писмо,продолжеток)
...под такви прилики се наоѓаме и ние сега, драга Лилјана. Макар како и да е, нашата состојба сега не ни дозволува да го промениме тоа. Ми останува само едно - да се крепам со мислата дека таму зад решетките живее едно суштество кое ме љуби и мисли на мене. Затоа сум среќен како што и секогаш бев кога пред себе ја имав онаа што ме љуби и што ја љубам. Во првиот момент сериозно се исплашив за тебе, зашто не знаев каде се наоѓаш. Но кога дознав каде се наоѓаш во тој прекрасен македонски крај, мојот страв исчезна. Апелирам да ми пишеш почесто и поподробно, зошто јас немам такви можности. Друго писмо од мене може да биде напишано дури по еден месец. Не се плаши за мене. Доколку и се случи нешто, остани со едно чуство - дека во ниеден момент ни во мислите не сум те измамил ни тебе ни себе си. Остани сега, мила моја, со една пламена желба на твојот сопатник.
Многу љубов, твојот Пеко “
................................
Денес,поточно вечерва,го најдов целосно ова писмо,и веднаш ви го пишувам,а тоа е уствари второто посмо на Периша до Лилјана.
Има уште неколку,и секако првото писмо ќе го напишам.
Во ова кое го прочитав неколку пати - вечно запомнив...
...„Во ниеден момент ни во мислите не сум те измамил ни тебе ни себе си“
Каква љубов, која верност... на еден млад македонски борец - партизан.
 
Ветив и најдов уште едно писмо.поточно тоа е првото писмо,
кое го праќа Пеко од затворот и најдолго до својата љубена.
Но тоа друг пат сега едно друго писмо,од еден затвореник,кој бол во истата
ќелија со Пеко и и пишува на неговата сопруга.
Еве го писмото ( во целост)
„ Драга другарке,
Драга,бидеиќи ти си сопруга на нашиот мил и прекрасен,по ликот,делото и смртта Периша Савелиќ.Го обесија во ноќта меѓу 18 и 19 август 1942 год.
заедно со уште тројца другари.Со Периша се наоѓав во иста ќелија,бидејќи
и јас сум осуден на смрт.Му ветив дека ќе ти испратам писмо за неговите последни часови и дека ќе се интересирам за тебе доколку не ме обесат, а за тоа имам извесна надеж.Со ова писмо ја исполнувам неговата последна желба.
Доколку останам жив,ќе те побарам во родното место за да ти раскажам се за твојот и нашиот Херој.
Со јажето околу вратот,тој на убијците им сосипа в лице пламени зборови и им рече дека е блиску денот на победата, дека и нив истото ги чека.
До бесилката пееше,а умре гордо, како револуционер.
Твојот и наш Пеко беше до последен момент весел,зборувајќи дека во такви мигови смрта не преставува ништо.
Верувам дека ти ќе бидеш достојна на неговата личност. Биди храбра,
бидејќи тој умре како борец за слобода.
Партизаните пред него полагаа заклетва. А тој на бесилката остана доследен раководител,херој и патриот.
На сопругата на херојот Периша поздрав од сите другари од Централниот затвор во Софија.
Будим Борчевски“
 
Убава работа е писмото во основно добив писмо за валетајн ама до ден денес незнам кој ми го пратил хах ;)... Јас имам пратено писмо по пошта сакав да го изненадам мојот дечко се утепав од пишувањееее, слики наши ставав, поклонче мало му купив но за жал тие од пошта го зафрлиле некаде и не го испратиле (n) ми беше многу криво да знаев ќе му го ставев јас пред врата
 
Сум добила, како не...ама радоста траеше 5 минути, дур провалив дека е "дрпнато" од филм:(
Исто и за љубовни песни, апла испрепишани од познати поети. Само, од кај да знаат удварачите дека бев тата-мата за литература:D
Со ризик да звучам патетично, уште се надевам дека ќе го најдам вистинскиот што ќе ме нокаутира со оригинално и автентично љубовно писмо:love::love::love:
 
Сум праќала, но никогаш не сум добила љубовно писмо. :(
Се каам денеска за тоа што го направив, ама ајде дете бев. :mad:
 
Благодарам !
јас сум бравар како Јоже од кумровец ама глеј до кај он стасал
„Ченто“ на ова ми одговори- тој Јоже бил се, но најмалку бравар
А некој кажа исто за ова: „ Кралицана на Англија рекла“
(кога овој во посета таму засвирел на клавир тешки композизии)
- Ако е овој човек бравар, јас сум Клеопатра или така некако.
Како и да е многу ми се допаѓа што ме читате и затоа вечер
после 22,30 ќе ви напишам уште едно „ љубовно писмо “
......................................................................................................
припремете марамчиња................................................ај чао
Ако овој господин е бравар , тогаш јас сум најобична слугинка рекла Елизабета.
ах бре анчо
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom