Љубовни писма

  • Креатор на темата Креатор на темата lazar31
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.757
Поени од реакции
5.171
Возраст
47
Писмо во права смисла на зборот, хартија, коверт, марка, поштар.....(значи не електронско) Дали некому сте напишале љубовно писмо? За девојките, како би се почувствувале кога утрото поштарот би им зазвонил и им даде писмо од некој заљубен во нив, писмо со одбрана хартија, убав ракопис, искрено ирразени емоциии... исто и за машките. Што би помислиле за личноста која ете на таков начин решила да ви изрази љубов или сте во врска ама ете партнерот решил писмено да се изрази Дали сметате дека со напредокот на технологииве се изгуби на романтичност со тоа што љубовните писма се сосем исфрлени од употреба..... Мене ми се допаѓаат тие старомодни начини....
 
Да, одамна, пред 9 години, одамна беше. :) Дете што се вика уште бев, ама беше искрено и од срце. Се уште ја паметам хартијата на која што го напишав тоа и срценцето што го исеков од ТАА. :) Излезе огромна грешка, ама тоа е, не се каам. Писмото беше искрено и израз на моите емоции во тоа време.
П.С Многу сакам да добијам љубовно писмо.
 
Досега имам испратено само 2 љубовни писма.Едно го испратив преку пошта е едно и го фрлив преку пенџера во нејзината соба.

Дали сметате дека со напредокот на технологииве се изгуби на романтичност со тоа што љубовните писма се сосем исфрлени од употреба..... Мене ми се допаѓаат тие старомодни начини....

Не сметам туку тврдам дека со напредокот на технологииве се изгуби романтичноста...Веќе нема праќање на писма и чекање со денови одговор како што било на времето туку сега на фб и праќаш порака и за 10 сек имаш одговор... (n)
 
- со големо задоволство ќе ти одговорам на прашањето од текстот,бидеиќи
јас сум од таа генерација кога љубовта не се мереше-искажуваше со секс.
- За ова имам пишувано во едне друга тема,( како ли се викаше,нешто беше
за прв пат,кога,дали веднаш сте имале, или така нешто) и опишав како беше во наше време ама еден ме нарече „ школски на Киро“
- Љубовни Писма.......е тоа беше љубов,тоа беа доживувања, кога го отвараш писмото на љубената тогаш срцето ти чука посилно-поискрено и
поверно,него сега кога овие генерации им ги симнуваат гаќите на девојките,
неможам да кажам на љубените,бидеиќи повеќето и не се, а и повеќето сами си ги симнуват гаќите.... ќе продолжам друг пат,можеби и ќе постирам некое љубовно писмо...
- Во тоа време немаше ни друга комуникација, телефон по домовите многу ретко, ( само кај оние со повеќе чварки на рамената ), а ако ти текне и да и го чуеш гласот на љубената (покрај ракописот) мораше пак преку пошта да пратиш писмо-картичка со порака ; во среда на 12 мај,во кабина 4 имате
разговор-повик точно во 18 часот со ....... е така беше, и ова често го практикувавме и имаше големи гужви пред телефонските кабини во пошта.
-А кога бевме во онаа армија „ЈНА“- далеку од дома и од љубената 1000 км.
се одржуваше врската со „љубовни писма“ ама и со овие телефонски врски.
- за сега толку
 
Јас како машко, имам добиено... а испратено не, сакав... но морав да ја почитувам одлуката на личноста.

Според мене, по уникатен и оригинален е тој начин отколку во денешно време со технологијава. Како што спомнавте погоре, се губи романтиката.
 
Имам добиено и тоа не помала, на факултет бев. Кога ќе ми текне на ситуацијата, секогаш се смеам, ама не во насока да го исмејам човекот што се додворуваше, туку ете потегот ми беше толку нетипичен што ме засмејува.

Ситуацијава следна. Другарче мое ми дава лист хартија помеѓу предавања, вика тој и тој ми рече да ти го дадам листов, поим немам што е ама земи го. Отворам, љубовна поема и тоа навистина добра. Се запрепастив. Читај, препрочитај да не е некоја зафрканција, ама озбилна била работата. Си ја чував некое време, ама по се изгледа ја имам изгубено во тон книги и тетратки по дома.
 
Не сум пратил љубовно писмо иако многу пати сум бил во искушение да го сторам тоа. Имам пишувано како средношколец но никогаш не сум ги пратил, не сум собрал храброст во тие моменти. Често пати кога претурам по стари хартии и кога ке наидам на некое такво писмо кое сум го напишал а не сум го пратил до некоја тогашна симпатија а сега другарка имам желба да и го дадам па да го искоментираме, што би било ако тогаш сум го прател... интересно. Мислам дека има нешто посебно во тоа да напишеш нешто, да го премериш секој збор, да стрепиш од одговорот..... или да добиеш писмо, да го препрочитуваш....
 
Пишев во основно.

А сега :icon_lol::

 
У последно време баш на ова помислував. Доста беше се' во една порака на фб да пишуваш, едно под друго... време е за промена. Бар на една недела така. хуху... me excited. :rolleyes:
 
Сум напишала и писмо и честитка, пратени по пошта. Ништо страшно или срамно. Зарем човек треба да се срами да ја покаже својата љубов на поинаков начин? :pipi:
 
Сум напишала и писмо и честитка, пратени по пошта. Ништо страшно или срамно. Зарем човек треба да се срами да ја покаже својата љубов на поинаков начин? :pipi:

More najubo direkno pa so bide bide :) barem znaes na sto si :)
Mada i jas ednas sum pisal pismo ama nemase rezultata, od togas navaka samo direkten pristap samo toa mu e majkata :)
 
Писма не, ама фејсбук и hi5 пораки да :D jа сум од таа генерација :pos:
 
Добра работа е писмо, посебно кога на таа харија сеуште се чувствува мирисот од еден парфем. Ама зборовите од тоа писмо не беа баш добри....... Би сакал и денес да функционира на тој начин а не преку смс, ммс или на фб. Повозрасните генерации го имаат ова време почувствувано, некои од нив и сеуште чуваат некои од писмата.

Кој гледал Californication го памети најдоброто писмо некад напишано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom