Љубомора-во љубовна конотација...
Една варијанта е онаа блага форма на искажување револт кон некоја постапка/и на партнерот за некој гест со кој според мене се нарушила нашата интерна поврзаност, некој присутен страв дека можеби работите се смениле во насока во која не сакаме да ги видиме како променети.
Гест на барање внимание, можеби каприц-можеби не, можеби потребен акт-можеби не... зависно од ситуацијата, нивото на толеранција, дневното мени, јакоста на столицата, ПМС-от и ред други фактори кои влијаат на однесувањето на оној кој ни значи и кон кого реагираме. Се согласувам дека може да влијае благо-позитивно од аспект на покажување на нашата грижа и ранливост кон таа личност, иако за тоа постојат многу подобри начини.
Друга варијанта е онаа т.н. харк-кор љубомора, испровоцирана делумно од истите причини како и првата, врежана во бинарниот код на секој кој ја поседува. Тој некој, веројатно не ја бира и е присутна во него од моментот кога несвесно се сретнал со неа како мало дете гледајќи сцени во својот дом, или пак покасно со првите емоционални разочарувања и стекнување недоверба спрема целата популација на спротивниот пол. Овој тип на љубомора, кој кога-тогаш ќе излезе на површина кај "носителот на вирусот", е причина за многу немили епизоди во нашиот и во животите на нашите драги луѓе. Иронично е тоа што е тотално непотребна и никако полезна... Доколку се чувствуваш несигурно во (искреноста на) љубовта која ја добиваш и емоционалната поврзаност на партнерот кон тебе, прекини со врската. Зошто, без апсолутна доверба, нема стабилна врска- освен ако не си садист или мазохист.
А бидејќи сеуште (за среќа) не е измислен начин да влеземе во нечија глава и да ја прочитаме содржината на сите размислувања (за тоа постои разговор, форум

), планови (за тоа постои живеењето) и останатите фолдери и подфолдери, единствено што ни останува е да одбереме и да веруваме во туѓите намери, искреност и верност... Зошто, што друго ни останува?
Јас сосема сум сигурен дека несакам да живеам во страв од можна изневереност и да искажувам посесивност или агресија. Исто како што сум сигурен дека првиот напад на болна љубомора кај девојката за која не постои реална основа ќе го одвратам со здрав муабет, а вториот ќе е последното нешто што воопшто имала можност да ми го каже, а јас сум и обратил внимание и сум ја ислушал.
Доколку приметам знаци на љубомора која има тенденција да прерасне во психичко малтретирање, го санирам проблемот. Или прекинувам, без разлика на сите други позитивни аспекти на личноста која е со мене. Зошто доколку замижам сега, утре и после месец дена во надеж дека "ќе помине"... наебаф!
Во одредени случаи, болната љубомора била причина за да оној врз кој е искажана почне да создава реални услови за кои и би постоела љубомората- на македонски- ако човек осети посесивност и напад врз неговот ЈАС-напад кој обично доаѓа при љубоморните испади- многу веројатно ќе го изгуби чувството на поврзаност и ќе почне да го "мрда газето".
Значи, ако сте болно љубоморни...One way or another... Губите!