Бошковски на трибината во Ресен го нарече Груевски индиректно "убав со женски хормони"
Вторникот (18 ноември 2008) во големата сала на Општина Ресен се одржа трибина на Обединетото Движење – Алијанса на Македонија.
На промоцијата говореше Љубе Бошковски, кој важи за почесен член на организацијата ОДАМ.
“Падна првиот снег, но со него не може да падне и заборавот на овој Преспански крај кој полека некој почнува да го заборава создавајќи од Македонија, концентрација во Скопје, создавајќи од преспанци во скопјани преспанци.” рече Бошковски, тој побара владата да не ги заборава малите средини во Македонија.
Бошковски рече дека во Македонија последниве две години, Македонија ја водат политичари кои заминале од Македонија и денес се враќаат од некои преку океански земји без капка македонско, со странски пасоши.
“Ние вечерва ја почнуваме битката не против нашиот политички противник, со голем респект СДСМ, ниту против некоја друга политичка партија, туку против оние кои ги изгубиле идеалите во ВМРО ДПМНЕ” рече Бошковски.
“Сега некој ќе рече дека Братот Љубе сака да дели, не е така, туку сака да обединува” додаде Бошковски.
Тој пред поголемиот број на присутни во салата побара обединување на сите граѓани од сите политички партии.
Бошковски се осврна на земјоделието и запраша дали власта мисли за она што го ветуваше пред неколку години, за големите субвенции, за висока цена – која е преполовена, за пласманот на јаболкото кој се уште не го има обезбедено.
“Мене камери не ми требаат, мене не ми треба публицитет, публицитетот сте вие, народот” рече Бошковски.
Бошковски порача дека во Македонија има села кои во своите училишта немаат ниту греење ниту други услови, тоа треба да биде приоритет на Владата а не компјутерите.
Нас ни треба Европската унија која претставува семејство во кое проблемите се решаваат полесно. Македонија нема друга перспектива, освен европската и НАТО перспектива
Бошковски вели дека само НАТО може да ни ја гарантира безбендноста, тој рече дека власта нема капацитет да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО бидејќи не ги гледа работите реално, но дека неговиот тим го може тоа, со што практично потврди дека тој ќе влезе во политичките води, а веројатно и како претседателски кандидат.
Бошковски рече “
Додека не ги видам да лепат плакати на следните парламентарни избори, не можеме да зборуваме за модерна европска партија, не можеме да зборуваме ако некој пред три-четири години само затоа што бил убав и имал вишок на женски хормони станал голем политичар и тој му брани на Брат Љубе да оди на македонските места и да зборува за вистината и реалноста во Македонија.” алудирајќи на водството на ДПМНЕ.
Тој се пожали дека сега му прават афери и секакви обиди за да се спречи да дејствува.
Во салата Бошковски не беше пречекан од челните луѓе на ДПМНЕ, тој посочи дека не дошол координаторот и функционерите, но видно беше присуството на голем број на граѓани од разни политички партии и покрај тоа што трибината не беше најавена официјално, тој констираше дека не може да биде нечие потрчкало, тој единствено ќе служел за Македонија, и ги повика граѓаните да не се плашат да ја подржат неговата организација.
извор:
http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&task=view&id=4487&Itemid=71