Љубе Бошковски прв најави кандидатура за претседател

  • Креатор на темата Креатор на темата O.Makedonci
  • Време на започнување Време на започнување
. Срѓан Ќерим пак дефинитивно ќе биде кандидат од ВМРО ДПМНЕ.

E и тоа чудо да го видам Керим да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ! Баш зачував некој коментари на партиските војничиња од форумов од денот кога почна да се зборува дека е можно Срѓан Керим да е кандидат за претседател.Се скапаа од плукање по него,де бил торбеш,муслиман итн.... ајде ајде ајде.....:tv: :salut:
 
можеби е патриот и ја сакал земјава бла бла бла..али ја не би го гласал ако се кандидира..
доста ни е со политичари од минатото,истио фаци гледам 15 год,и не верувам дека е баш способен он да биде претседател
 
E и тоа чудо да го видам Керим да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ! Баш зачував некој коментари на партиските војничиња од форумов од денот кога почна да се зборува дека е можно Срѓан Керим да е кандидат за претседател.Се скапаа од плукање по него,де бил торбеш,муслиман итн.... ајде ајде ајде.....:tv: :salut:

Срѓан Керим дефинитивно ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ затоа што тој неофицијално беше и промовиран на денот на ВМРО ДПМНЕ - тој тогаш прв пат прозбори за својата кандидатура пред високи челници на ДПМНЕ на настан кој беше организиран од ДПМНЕ во населено место каде што ДПМНЕ има 99% подршка.
 
Керим е кариериста, нема да дозволи да оди на среќа со некоја партија која не му ја гарантира победата.

Ако Керим одлучи да се кандидира, тогаш најголема е веројатноста да оди како кандидат на ВМРО. :toe:

Добитна комбинација.
 
Значи Керим од ДПМНЕ и Бошковски од СДСМ. Ќе биде интересно :wink:. Ама тоа Бошковски и СДСМ комбинацијата некако не ми оди во глава. Македонија и се е можно :wink:.
 
Значи Керим од ДПМНЕ и Бошковски од СДСМ. Ќе биде интересно :wink:.


Напротив, ќе биде неинтересно и здодевно, без неизвесности :toe:

Ама тоа Бошковски и СДСМ комбинацијата некако не ми оди во глава. Македонија и се е можно :wink:.

А ти да си на местото на Љубе што би правел?

Да речеме да ти зависела слободата и си уценет да правиш нешто против свои убедувања, што би избрал?
 
Керим е кариериста, нема да дозволи да оди на среќа со некоја партија која не му ја гарантира победата.

Ако Керим одлучи да се кандидира, тогаш најголема е веројатноста да оди како кандидат на ВМРО. :toe:

Добитна комбинација.



Za Kerim dobitnichka, ama za Makedonija GUBITNICHKA.
 
Напротив, ќе биде неинтересно и здодевно, без неизвесности :toe:

А ти да си на местото на Љубе што би правел?

Да речеме да ти зависела слободата и си уценет да правиш нешто против свои убедувања, што би избрал?

Не мислам дека е уценет да прави нешто против свои убедувања. Се познава по лице кога нешто не ти е по ќеиф а он е така насмеан и среќен како да бил на летовање. Високи политики се тоа и мислам дека никој од нас нема поим што навистина се случува во позадина.
 
Силен..ти не би бил среќен на слобода? (после 4 години, а башка си избегнал многу дополнителни)

Високи политики има во светот надвор, каде сите случувања во наредните 10 години се испланирани и предвидени.

Кај нас пак, премногу е очигледна поставеноста на работите :toe:

Следи ги НОВИТЕ ставови на Љубе, ќе препознаеш скршен човек, некој го поштедил во замена за друга услуга..
 
Немат шанса Љубе да се кандидират како кандидат од СДСМ, еве ке образложам и зошто:
1. Не е мегу свои луге, лугето од партијата се довчерашни негови противници и луге за кои ич к*р не ги болеше кога замина Хаг.
2. Не му е сигурна добитната комбинација, мн побрзо би добил како кандидат на ВМРО одколку како кандидат на СДСМ, а чим се кандидира чоекот јасно е дека ке си одбри подобра варијанта за добивка.
3. Е сеа предходниве две важат само доколку ВМРО го прифати за кандидат, што мислам дека е и во нивн полза. А тоа што јавно изјавил Керим дека ке бидит кандидат од ВМРО, тоа не е ништо, мн лесно се менвет работиве, прво се викаше и дека Ставрески ке бил па сеа Керим и на крај ке испадне дека Љубе ке е.:)
 
Силен..ти не би бил среќен на слобода? (после 4 години, а башка си избегнал многу дополнителни)

Високи политики има во светот надвор, каде сите случувања во наредните 10 години се испланирани и предвидени.

Кај нас пак, премногу е очигледна поставеноста на работите :toe:

Следи ги НОВИТЕ ставови на Љубе, ќе препознаеш скршен човек, некој го поштедил во замена за друга услуга..

Не знам што да ти одговорам. Не ми личи на скршен човек. Сепак без разлика кои се причините факт е дека не е нормално после четири години во притвор веднаш да има толкава желба да се бави со политика и тоа баш во земјата која го испрати во Хаг. Затоа и викам има висока политика пошто некој од горе мора и да аминува дека таков ангажман е во ред.

Мене многу ме интересира кој му е планот за НАТО и ЕУ пошто наводно сигурно ќе ја внесел МК во тие институции. Се прашувам како?

Уште нешто. Хаг ако решат да те осудат ќе те осудат. Секоја таква институција може ако сака да направи клаузула (неофицијално) ако те ослободат веќе да не се бавиш со јавна функција, пак ќе потенцирам во неофицијален договор. Чим тоа со него не е направено значи дека од икс причини е во ред. Ќе покаже времето која ќе биде неговата мисија во глобалните балкански процеси.
 
Не ми личи на скршен човек.

Може и да не се осеќа скршен ,но 100% се осеќа издаден! Едните го жртвуваа во име на соживот и Срамковниот договор.Додека на другите оние неговите не им излезе математиката со Хаг онаква каква што ја очекуваа.Се додека беше на сигурно место ,некој 1000км од Македонија ,за нив беше светец ,за по неговото ослободување за истите тие да се претвори во,бугарофил,србоман,хрват,слаткар,гркољубец,нечиј шпиун итн....да не ги редам......
 
Брат Љубе како обединувач и помирувач

Ако се вратам на политичката сцена и ја прифатам одговорноста да ја водам Македонија, ќе се откажам од секое друго државјанство. Ова што го правам е за да ги обединам сите раскарани вмровци, сите раскарани сдсмовци и тие што не можат да се обединат, порача Љубе Бошкоски во Штип, промовирајќи го своето здружение Обединето движење - алијанса за Македонија (ОДАМ). Пред стотина приврзаници, тој не потврди дали ќе се кандидира за шеф на државата, но говорот личеше на предизборно обраќање.

- Имам визија, имам мисија и знам како да ги решам сериозните проблеми. Одејќи низ Македонија овие месеци, откако ме ослободија од хашките зандани, се уверив дека Македонија не живее во благосостојба - истакна Бошкоски. Тој рече дека има решение и за спорот за името и за успешна евроатлантска интеграција на земјата, но не ги кажа.

- Јас сум свесен дека евроатлантските интеграции сега се условуваат со името, но со најголема одговорност ви тврдам дека имам визија и решенија за овие проблеми - рече Бошкоски.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F8FDE1477379FC4589AB964BB6502127


И се ќе беше во ред ако не продолжува да ги користи овие излитени фрази.. Во неговиот случај уште повеќе, имајќи во предвид каков отиде и каков сака да се претстави после враќањето. Тешко дека некој ќе поверува освен ако некоја политичка партија не реши да го поддржи.
 
- Имам визија, имам мисија и знам како да ги решам сериозните проблеми. Одејќи низ Македонија овие месеци, откако ме ослободија од хашките зандани, се уверив дека Македонија не живее во благосостојба - истакна Бошкоски. Тој рече дека има решение и за спорот за името и за успешна евроатлантска интеграција на земјата, но не ги кажа.

- Јас сум свесен дека евроатлантските интеграции сега се условуваат со името, но со најголема одговорност ви тврдам дека имам визија и решенија за овие проблеми - рече Бошкоски.

Ke pocekam da gi cujam negovite resenija pred da dadam bilo kakvo ponatamosno mislenje.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom