Квалификации за СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Pa bas ne e vo red so Evropskite repki, posto prejaki stanuvaat i vtoroklasnite i tretoklasnite evropjani.. Glava stavam deka lesno bi tepale so Venecuela, Bolivija a garantiram deka moze da tepame i so Paragvaj i Cile, i bi se drzele so site drugi ostanati (osven Argentina i Brazil)
Не знајме, се немаме соочено со неевропска земја откако напреднавме како репрезентација.
Убаво напишал и Кано погоре, климата ќе биди додатен проблем за сите Европски земји, иако верувам дека добро ќе се подготват сите за тоа.
Ако трае уште фрката со Ковид, можи да има додатни заебанции.
 
Бразил-Белгија во 2018та беше жив доказ колку се понапред европските репр.
Најјакиот од Ј.А против Белгија, која што не може да се нарече гигант, барем додека не направи нешто посериозно. Не знаеше голот каде е Бразил.Како да играат белгијциве против некој како Полска/Шваајцарија беше дуелот. Потсетете се и на Бразил-Швајцарија дуелот. Очај.
Одамна Ј. Америка е во слободен пад.
 
Канада ги одра Јамајка и иде на СП апсолутно заслужено по втор пат у својата историја, првиот настап им е у Мексико 1986 година.

Интересна екипа се, имаат неколку одлични играчи што играат во Европа, Ларин и Дејвид у напад од Бешикташ и Лил, Дејвис од Баерн, Хатчисон од Бешикташ како најискусен и капитен, Бјукејнен, левото бекче исто у Турција игра итн.

Иначе на - 500 ја играа утакмицава, можам да замислам како им било на овие од Јамајка што доаѓаат од +30 степени. :D
 
Канада ги одра Јамајка и иде на СП апсолутно заслужено по втор пат у својата историја, првиот настап им е у Мексико 1986 година.

Интересна екипа се, имаат неколку одлични играчи што играат во Европа, Ларин и Дејвид у напад од Бешикташ и Лил, Дејвис од Баерн, Хатчисон од Бешикташ како најискусен и капитен, Бјукејнен, левото бекче исто у Турција игра итн.

Иначе на - 500 ја играа утакмицава, можам да замислам како им било на овие од Јамајка што доаѓаат од +30 степени. :D
На стадион смрзнавме, буквално! :icon_lol: :eek: Еден гаден ветер дуваше, и како што е монтажен БМО стадионот има страшен провев.Мислев ќе има атмосфера како против Панама, ама изглеа на сите ни смрзнаа... ахм да. Канада изигра топ без Дејвис денес, ама па и Јамајка е утепана екипа. Колку и шанси создадоа, толку и се испреплеткаа. Можеше 5-0 да биде само на полувреме. Вака против европски екипи може да биде и катастрофа за Канада. Некои пасови мислам дека нашиве Барди, Адеми и Елмас сто пати хируршки попрецизно ќе ги дадеа кога требаше. Ама да добра екипа има Канада и добар тренер плус и би сакал да изиграат добро на ова СП. Овде владее голема еуфорија, а на стадион се збореше како Македонија ја исфрли Италија. :icon_lol:
 
Ќе кинат бодови дома кај нив како што тргнало со огромната разлика во квалитет помеѓу Европските и останатите држави од другите континенти....експоненцијална стана разликата ....дури Бразил и Аргентина ќе делуваат како просечни/селски екипи против гигантите од Европа што е и донекаде очекувано.

Освен Франција, Шпанија и Белгија нема подобра европска репрезентација од Бразил и Аргентина моментално. Италија отпадна, се надеваме и Португалија. Англија е добра но е нестабилна. Холандија и Германија не се подобри.

Баш ова првенство има големи шанси да го освои репрезентација надвор од Европа.
 
Белгија па една екипа, ќе издоминираат у квалификации, ќе ја поминат групната фаза на прво место и у нокаут магично им се пресекуваат нозете и допираат дно.
Плус им `старее` генерацијата во која имаат вложено све. А нови дечки со потенцијал и слично, не гледам.

Па и Холандија, една генерација имаа јака пред 12 години и толку. Види им ростер, 1 класа играч имаат и тој штопер е. Другово мех, сомнителни играчи од ередивизија, никад исполнети потенцијали и таленти што моментално тапкаат у место или па немаат доволно капацитет да се истакнат.
 
Секое СП истиот муабет се врти, во меѓувреме 20 години поминаа од последниот пат кога освои репрезентација надвор од Европа. 20 години еј, купувавме фејк Нинтендо од Бугарија да играме Марио, Роналдо имаше шишка фризура, џвакавме Чунга Лунга. Децата родени 2002 имаат свои деца веќе, а муабетов за СП уште се врти.
 
Не сум баш сигурен дека Аргентина би била некој фаворит, а и дека тоа ќе го покаже на терен, во некое 1/8 финале со некој како Холандија, Белгија, Данска, Хрватска, Швајцарија, па и Србија.
 
Бразил донекаде може да се носи со европскиве екипи, Аргентина којзнае, другото е се со поминат рок, Чиле и Уругвај играат уште со Кавани, Суарез, Медел, Видал тип на ветерани.
 
Јаката Аргентина која игра фудбал од пред нашата ера...со одење и ултра дефанзивен чекајќи некое чудо од Меси да напрај дупли пас како во Барселона со Алба или Ди Марија со некаков центаршут или шут од далеку...предвилдиви до корен....секоја Европска малце физички поспремна екипа ќе ги испердаши овие.
 


4d63cbbd5500eeca274989bb174879bb.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom