Квалификации за ЕУРО 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа гледам за групите и мора да се каже дека одат од глупост у глупост овие од УЕФА.

Прво, кој кур имаме милион host nations, кои мора да играат по три утакмици на домашен терен? Значи у старт ставаат големи ограничувања при ждребот, плус ова може да биде голем плус за сите тие држави што ќе учествуваат во организацијата.

Второ, какво им е ова одредување барабани? Според резултатите во квалификациите. И сеа Португалија, која е актуелен првак, освојувач на Лига на Нации и шеста на листата по коефициент, ќе биде во трет барабан. Исто и Франција, актуелен светски шампион и европски вице-шампион е во втор барабан. Украина од друга страна е носител. xD
 
Боза група имаа Англија, ниту Бугарија ниту Црна Гора не се тоа што беа, Црна Гора не ни биле некогаш ама ај.
Па не им беше толку боза. А и немаа тим како Сан Марино, Андора, Лихтенштајн или Луксембург во група. 7 им дадоа на Црна Гора дома, а 5 на гости, 6 на Бугарија во гости, 5 дома со Чешка, 4 гости на Косово и тоа не се ни трудеа..

Белгија најефикасна на крај, ама по просек на голови, Англија. А Белгија имаше и можеби најлесна група од сите.
 
Плејоф Лига на нации:

Лига А
Исланд -?
? -?

Лига Б
БиХ - С. Ирска
Словачка - Р. Ирска

Лига Ц
Шкотска -?
Норвешка - Србија

Лига Д
Македонија - Косово
Грузија - Белорусија

Прашалниците ќе ги пополнат Бугарија, Израел, Романија и Унгарија. Со ждрепка во петок ќе се одчучи кој ќе игра со Шкотска а кои ќе му прават друштво на Исланд во А лигата.
 
Па оди на стадион гледај ги ако толку ти е дојдено до нашата репрезентација. Не мешај баби и жаби, прајме муабет дека натпреварот нема никакво значење, и нема логика да вршат пренос од тој натпревар наместо Велс и Унгарија
Поголемиот проблем и наша мизерија е што натпреварот не се пренесува на МТВ (или НТМК, што би рекол Заев). Баш ме интересира дали има друга држава во Европа каде не се пренесува настапот на нивната репрезентација?
Автоматски споено мислење:

Со Албанија во Прилеп имаме играно, со Косово може во Струмица. :icon_mrgr:
Со Косово може на неутрален терен, во Белград. ;)
 
Поголемиот проблем и наша мизерија е што натпреварот не се пренесува на МТВ (или НТМК, што би рекол Заев). Баш ме интересира дали има друга држава во Европа каде не се пренесува настапот на нивната репрезентација?
Автоматски споено мислење:


Со Косово може на неутрален терен, во Белград. ;)

А како падна да играме кај нас?
По кое правило?
 
А како падна да играме кај нас?
По кое правило?
Што се падна? Koј е домаќин? Мислам дека подобро пласираните на УЕФА листата ќе се домаќини. Ама и да го минеме Косово, ќе треба уште еден меч да играме, со победникот од Белорусија-Грузија.
 
Последно уредено:
Што се падна? Koј е домаќин? Мислам дека подобро пласираните на УЕФА листата ќе се домаќини. Ама и да го минеме Косово, ќе треба уште еден меч да играме, со победникот од Белорусија-Грузија.
Мислам дека финалистите се пласираат директно на Европско без разлика дали ќе победат во финалето, или јанглаш сум ?
 
Мислам дека финалистите се пласираат директно на Европско без разлика дали ќе победат во финалето, или јанглаш сум ?
Мислам дека си „јанглаш“. Тогаш, која е потребата од финале?
 
Мислам дека финалистите се пласираат директно на Европско без разлика дали ќе победат во финалето, или јанглаш сум ?

Не. Само победникот во лигата оди на ЕП. А играме дома пошто во групата во ЛН имавме повеќе бодови отколку Косово во нивната група.
 
Туѓ срам да те фати бе еј...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom