Јас имам ваква кутија со спомени. Ја правам веќе три години, не е наполнета ни до половина. Ставам се` и сешто, работи кои ми побудуваат убави спомени, но и такви кои ме потсетуваат на тажни моменти. На секое нешто го запишувам датумот и часот затоа што сум опседната со бројки

Чувам карти од концерти, фестивали, театарски претстави, кино проекции, каталози, разгледници, фотографии, стрипови, дневници, цедиња, свеќи, белегзии, панделки, но и многу глупости кои имаат значење само за мене, како капачиња од шишиња, лажички од кафиња, фискални сметки, листови од дрва и цвеќиња, како и некои работи што ги имам најдено на улица
Не ми е гајле дали другите ќе ме сметаат за настрана, кутијата си е само за мене и ретко ја покажувам на други, а неколкуте другарки кои ја имаат видено мислат дека е баш кул идеја. Еден ден би направила нешто вакво и за моите деца, јас собирам работи од релативно блиско минато, па ми е интересно кога ги разгледувам по година-две, сигурно уште поинтересно би ми било да разгледувам мои работи од пред 10-15 години.
Мала забелешка за анкетата - не знам се пишува разделено
Мене ова ми е интересна работа. Моето малечко веќе таква кутија. Во неа чувам праменче од косата,првата цуцла која воедно испадна и последна(се откажа од нив), по некоја фотографија, покани од родендени, новогодишни честитки и слични работи. Во потрага сум по некоја интересна и така поголемка кутија инаку засега врши работа и оваа што ја имаме. Муж ми не е толку ангажиран во тек е онолку колку што јас му брборам.
Инаку и јас чувам мои ствари од детството. Имам неколку споменари, кои ги чувам за да ги покажам на моите деца кога ќе пораснат, зошто како што гледам сега ретко се наоѓаат такви кои ќе пишуваат, споменарите се минато. Ги чувам и новогодишните честитки кои сум ги добивала. Ах, тие па какви спомени будат... за жал и тие стануваат минато. Ние оваа година добивме 3-4 честитки што се ништо во споредба со моето детство. Чувам разни сликички, салфетки, покани, билети, играчки и слично.
Јас кутијата ја купив од Веро, па можеш да провериш таму, мислам дека се` уште има. Имаше различни бои и дезени. Има и во Sewa и во Mamut, но таму се нешто поскапи.