- Член од
- 22 ноември 2008
- Мислења
- 596
- Поени од реакции
- 99
Во Ајма јадев само доручек, така да за останатото не можам да коментирам. Инаку, доручекот беше за степен поквалитетен од поевтините хотелчиња кои агенциите ги нудат за ~180 евра - имаш нешто поголем избор, се јаде во попријатна атмосфера, но за да ги начекаш поатрактивните јадења треба да си станеш порано. Јас обично одев покасно, па половина одмор јадев путер од кикиритки на леб со кафе - што воопшто и не беше лошо.
А во собата имаше фрижидерче така?
А да се разбереш со персоналот за такво нешто, богами, треба дебели живци - англиски се многу тенки, а и некои културолошки разлики има: пример, за да сменат постелнина и да ти донесат нова ролна тоалет хартија треба сам да им кажеш - и тогаш ако те разберат, заради горенаведениот англиски. Ако не им кажеш, се што ќе направи рум сервисот е што ќе ја изнесе ќесата за ѓубре.
Знам дека е индивидуално прашањево, ама немам некој поблизок што бил во Кушадаси, па одприлика ме интересира.
