Еве едно мало објаснување за серијата и одговори на некои од вашите претпоставки и прашања. Имено Долина на волците (Kurtlar Vadisi) е проект за кој досега се снимени 3 сезони и 2 долгометражни филма. Значи, првата сезона (онаа која сега се прикажува на А1 е снимена во период од 2003-2005 година), потоа во 2006 година е снимен долгометражен филм кој е на некој начин продолжеток на првата сезонапо хронологија а се вика Долина на волците Ирак (Kurtlar Vadisi Iraq). Во овој долгометражен филм покрај Полат, Мемати, Абдулхеј и Ерхан се појавува во главна улога и Лејла (актерката од шехерзад Берѓузел Корел), која што нема да има никаква љубовна врска со Полат, туку само тој ќе ја спаси исто како и останатите Туркмени во Ирак. Втората сезона е снимена во 2007 година и се состои само од 2 епизоди и е продолжеток и поврзување на првата и третата а се вика Долина на волците терор (Kurtlar Vadisi Terror). Во 2007 година почнува да се снима третата сезона од филмот која се вика Долина на волците заседа (Kurtlar Vadisi Pusu) која е воедно и најскапиот филмски проект снимен некогаш на балканот. Последната 93 епизода од третата сезона е на 13.06.2010 година, а истата не е крај на проектот, туку се очекува и снимање на 4 сезона. Во меѓувреме во 2009 година е снимен и вториот долгометражен филм кој се вика Kurtlar Vadisi Gladio во кој главна улога е противникот на полат во третата сезона, истиот филм е објаснување од кај доаѓаат поголемиот дел на ликовите во третата сезона. Инаку во иако е скоро до пола првата сезона на А1, се уште приказната е далеку од завршетокот на сезоната. Имено, Елиф ќе се тумба со кола некаде последните епизоди од првата сезона, а по долго лежење во болница ќе умре предпоследната епизода 96. Сообраќајката ќе биде откако ќе дознае дека Полат всушност бил Али, а во моментот кога ќе дознае, сите ќе мислат дека и Полат е умрен бидејќи е исчезнат. А инаку истата сезона, Полат ќе стане Барно, наследувајќи го Вистинскиот татко (имено вистински татко на Полат е Мехмед Караханли), кој ќе биде убиен од Илуминати, а тој како масон е раководен од Маркизот Амон, кој го глуми познатиот Енди Гарсија, а чива жена е Шерон Стоун. Да не објаснувам комплетно се, гледајте па ќе видите
додека не се изгледа и последната епизода од последната сезона, нема да знае никој точно до детал како е приказната за се. Само да кажам дека во третата сезона, полат ќе има дете со Ебру, девојка која ќе ја запознае во истата сезона, а ќерката ќе ја крсти Елиф. Во последната епизода од третата сезона, ќе загине Ебру, а Полат ќе мисли дека и детето загинува во експлозијата, а сепак малата Елиф, ќе биде земена од страна на Арон Фелер (склуптор кој ги има направено сите склуптури кои ги гледате во првата сезона во салите на Караханли, а истиот тој е и одговорен за крадењето на Али од Караханли). Малата Елиф ќе биде дадена во Црква и крстена во Патриција се тоа за Полат да не може никогаш да ја пронајде со тоа завршува третата сезона. Тоа беше накратко, а инаку главни улоги се Полат, Мемати и Абдулхеј.
Поздрав до сите