Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Најубаво ќе беше пред да порачаш да не прашаш
Пратката ќе ти ја донесат на адресата која ја имаш наведено.
Нема потреба ништо да потврдуваш дека си порачал, ако веќе ја носат наваму како што рече тогаш се е потврдено.
Што се однесува до царинењето не знам што облека е така да може да те царинат од 5 па се до 25% плус исто така и ќе те одданочат од 5 до 18%. Искрено не знам како FedEX функционира но ако е исто како DHL тогаш во старт припреми 2000-3000 за шпедитер.
Порачувањето на работи преку интернет зависи исклучиво од тебе и твојата финансиска моќ. Никој не може да ти забрани да порачуваш ако имаш пари, освен во трети случаји ако се водат постапки против тебе кој тоа не би ти го овозможиле.
 
Па му ја дадов адресата и ја пишува на трансакцијата од емаилот.
Арно ама се јавив во FedEX вчера и типката ми вели дека ќе треба "копија од лична карта и трансакцијата од кредитната картичка" а малку е нелогично затоа шо до дома ми го носат.
 
Копија од направена транскакција и копија лична карта е редовна процедура при царинење. Преку МП кога стига нешто за царинење така е. До дома и вака и така ке ти го донесат ама според мене мислам дека прво ке те натераат да ја пплатиш царината и некој дополнителен трошок ако има на уплатница а потоа ке ти го достават до дома.
 
Слично прашање како на Celeste.

Се мислам да порачам телефон од алиекспрес, вкупна сума со испорака преку DHL чини околу 200 долари. Само телефонот е 170 долари.
Колку можам да очекувам дека ке биде трошок за царина? Освен царина дали ке треба да доплатам нешто друго кон DHL или се е вклучено во 30те долари кои ги плаќам за испорака преку нив?
Ми дадоа совет да се договорам со продавачот од алиекспресс да пише помала сума на чинење и да стави дека е подарок. Демек можела да се намали царината ако не и да помине нецаринето.
 
Не поминува тоа кај DHL со намалување на цената и да ја намалиш они имаат друга политика и директно го носат на царина а кога ке влезе таму се знае. Е сега телефоните во РМ не подлежат на царинење туку само на одданочување од 18%. Дополнителните трошоци за DHL се од 2000-3000 денари за шпедитерот и формуларите што ќе се пополнуваат. Ти на таа цена од 200 евра ке треба да платиш 18% ДДВ и плус 30-50 евра за овдешните трошоци на DHL.

п.с. ако се придржуваат според оваа политика подобро не го порачувај.

Фалсификуваната стока е забранета за транспорт
DHL безбедносната политика наведува дека не е дозволено да се транспортира фалсификувана стока во ДХЛ мрежата. ДХЛ не сака да биде поврзан со фалсификувана стока, а при сомневање дека таква стока се увезува, Царинската управа ќе биде информирана. Во повеќето земји е забрането да се увезува фалсификувана стока и откако ќе се утврди дека се работи за таков вид на стока, царинскиот орган ќе ги конфискува производите и ќе го казни купувачот.
Ако се нудат многу ниски цени за брендирани производи кои се продаваат на шопинг веб-сајтови или преку други канали, може да се претпостави дека се работи за фалсификувани производи.
 
Јас само да споделам што и како се случи,заборавив скрос.
Стигна за 5 дена,од понеделник до петок.
Се јавив во FedEx и ми кажаа дека не го царинеле и дека не треба да плаќам ништо.
Ми го донесоа до дома и то.
Зошто не го царинеле,незнам стварно.
 
Денеска баш порачав преку ioffer.com пратка до 15$ па ке ве информирам кога ке стигне,и дали ке стигне.
---------------------------------------------------------------------------
Денеска ми стигна пратката но не ја подигна еве зошто,
ми се јавува поштаро и ми вика имаш една пратка за тебе ја му кажав дека сум на работа ако може утре да ја донесеи еве ги неговите зборови " е шо ја секој ден ли ке доваѓам и ми заклопи " ... Сеа ке чекам да видам шо ке биде...
 
Што ќе биде?! Ќе ти ја вратат пратката назад.
 
---------------------------------------------------------------------------
Денеска ми стигна пратката но не ја подигна еве зошто,
ми се јавува поштаро и ми вика имаш една пратка за тебе ја му кажав дека сум на работа ако може утре да ја донесеи еве ги неговите зборови " е шо ја секој ден ли ке доваѓам и ми заклопи " ... Сеа ке чекам да видам шо ке биде...

А зашто ти не одиш да си ја земеш? И онака дреме во пошта сигурно поштарот дома не си ги носи пратките.
 
Изиграваше нешо али сепак донесе ја денеска. Иначе задоволен сум од пратката само шо почека едно 23-24 дена но сепак стигна тоа е најбитното :)
Пс.зашо зима поштаро пари,за да носе :)
 
Сакам да порачам преку ебау ССД диск за 115 $. Ме интересира колку би платил давачки кај нас?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom