Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Имав пишувано пред некое време на темава за закаснати пратки. Чекав неколку уште од пред Нова година од Кина. За нив веќе изгубив надеж. Имам една сега од Англија нарачана на почетокот на март. Веќе губам надеж и за неа и си побарав рефундирање. Значи ова што се случува е катастрофа. Не ми се верува дека туку така се изгубени. Дали знае некој како се поднесува пријава до Агенцијата за пошти и дали има некој искуство со пријавување? Гледам дека има доста членови кои се револтирани и се сомневаат дека пратките се крадат во поштите кај нас. Дајте да се организираме да се буниме заедно, да пријавиме до кај што се може, по институции, медиуми, телефонски, по мејл и сл. Сигурно ќе има повеќе ефект одколку поединечно кога се буниме по шалтери или на тел. со некој службеник. И ве молам, уште од напред немојте со типични македонски коментари - а бе џабе ти е дечко бунење, кај живееш и сл. Мора да се почни од негде, да се алармира за проблемот. Десет души да се собериме и да го преплавиме мејлот на некој медиум или на Агенцијата за пошти, нема да можат да игнорираат, а камоли повеќе. Наместо да се тажиме и кукаме тука на форумот или да се расправаме сам по сам со некој службеник, да го насочиме барем истото време и енергија на нешто поконструктивно.
 
Jaс би со докази да им се закачит една квалитетна колективна тужба:)
Инаку, овије денови мене прво ме опоменаја писмено дека немам извршено плаќање кон царина, сега пак ме опоменаја стрижена бричена, а и ме контактираја а јас убо културно ги се прам на Тошо и си ќутам. Зш веќе све им е платено и си имам документ за то, па ги чекам да видам шо следно ќе им текнит па да ги акнам на суд.
 
Ако тракингот покажува на крајот "sent item to domestic location" само тогаш може да се бара одговорност од Пошта, ако не - мали се шансите да стигнала пратката до МК поштата, заглавила или негде надвор од МК или во царинскиот терминал или не е ни пратена или е погрешен тракингот што е чест случај и то не по грешка.. Моето искуство од преку 50 пратки покажа дека ниту една едина пратка поштата не загинала ниту закаснала, обично попладне излегува на тракингот дека е ослободена пратката а веќе наредниот ден во 07.00 е веќе во градот каде е адресата. Околу 9 часот и поштарот ми ѕвони, шо значи за помалку од 24 сати откако поштата ке ја добие во Скопје ја испорачува до адресата или поштата во одделниот град освен ако не е викенд или празник, па да закасни некој ден. Е со царината веќе е друга песната, тие се приказна за себе, да не се повторувам само прочитај ја темата уназад па ке видиш како стојат работите.
 
А што е со пратките кои немаат бројче за пратење? На аликеспрес гледам дека даваат најчесто неисправни бројчиња, а на ибеј во најголем случај не даваат воопшто. Како што велиш имаш повеќе искуство. Дали ако побараш, даваат бројче продавачите на ибеј?

Да се надоврзам на разговорот за губењето на пратките. Има некој информација дали е ова нормална појава и во други земји или само кај нас сме црна дупка? Гледам дека многу луѓе се жалат, а и моето искуство е негативно.
 
Ако нема бројче сам си го сносиш ризикот, обично поефтините работи се без бројче пошто тракинг бројот кошта често повеке од предметот, сум имал и такви и стигнале во рок. За неисправно бројче односно грешен број спомнав дека има и такви случаи и то немерно наводно згрешен, не гледам зошто поштата би била крива за тоа, ако продавачот има обврска да стави тракинг а не му се плаќа додатно или многу ја крева цената па станува неконкурентен, става лажен број, па ако е фер треба со порака да го извести купувачот дека е така. И таквите пратки ми стигнале. Од ибеј имам само 2-3 пратки досега и имале тракинг, една од ДХ со тракинг, сите други ми се алиекспрес. Губењето на претка во никој случај не може да биде нормална појава, али во Македонија ете не убедуваат дека било нормално, како цела држава функционира така и царината се вклопува.
 
Сакам да нарачам 10 пури од интернет, дали е дозволено внесувањето на пури во Македонија и дали е потребно нешто да се пријави или сл( некоја друга обврска)
 
Дечки од алиекспрес порачав сијалици.. Стигнаа пред некоја ден и едната не работи.. Му пишав на продавачот и уште нема вратено.. што да правам ?

П.с. што е со ваквиов тракинг број ? Само ова го пишува..
2015-04-29 00:00
Macedonia, The item (ххх) was in transit within its destination country on 29-Apr-2015.

И ова до каде е ? Порачано е пред 2 недели..
2015-04-29 15:07
Guangzhou International has been sent

2015-04-29 11:50
Guangzhou has been opened

2015-04-28 23:55
Bulk acceptance packet processing center in Guangzhou, left, next stop "terminals of Guangzhou"

2015-04-28 23:51
Bulk acceptance packet processing center in Guangzhou, has

2015-04-28 22:17
Guangzhou international mail operation Center has been receiving and sending
 
Друштво ај да ве прашам нешто. Си порачав часовник да ми стигне кај сестрами у америка, и сега таа ке ми го испрати за македонија, од таму до тука ке ме фати 28долари. Ме интересира дали овие нашиве абдали ке се зајадат или нема да прават проблем и ке поминам без да платам ништо. Таа ке ми го испрати часовникот преку USPS а истиот чини 140$
 
Братче вака. Кажи и да го декларира као подарок (GIFT) и сума под 40 долари за секој случај. Не би требало да имаш проблем, бидејќи овие ненормалните кај нас ја гледаат само сумата. Нив ги мрзи да ги отвараат сите пратки, така да не би требало да имаш проблем.
Ако имаш некое прашање или ти треба совет, пиши ми.
 
Прв пат нарачувам преку интернет и пратката треба да ми стигне на домашна адреса. Во такви случаи како и каде се плаќа царина? На страната на царинската управа не е баш објаснето. :)
 
Последно уредено:
Прв пат нарачувам преку интернет и пратката треба да ми стигне на домашна адреса. Во такви случаи како и каде се плаќа царина? На страната на царинската управа не е баш објаснето. :)
Ако нарачката ти е под 50 евра во денарска противредност не плаќаш царина за помал пакет ти го носат до дома за поголемо ти стасува ливче и си подигаш од пошта.
 
Знае некој страна за порачување очила за сонце Ray Ban ( Replica ) од која со сигурност би ми стигнала порачката без некакви зафрканции,и ако има некој порачувано веќе може да споделе информации.
 
Знае некој страна за порачување очила за сонце Ray Ban ( Replica ) од која со сигурност би ми стигнала порачката без некакви зафрканции,и ако има некој порачувано веќе може да споделе информации.
На алиекспрес и ајофер имаш копии колку ми ти душа сакат.
 
На алиекспрес и ајофер имаш копии колку ми ти душа сакат.
Сеа видов има добри модели на ioffer а за да порачам треба ли да и се регистрирам на нивната страна? И гледам дека е free shipping,дали би ми стигнала пратката без никаков проблем ако има некој прачувано нека пише позз.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom