Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа видов има добри модели на ioffer а за да порачам треба ли да и се регистрирам на нивната страна? И гледам дека е free shipping,дали би ми стигнала пратката без никаков проблем ако има некој прачувано нека пише позз.

Јас имам порачувано до ioffer поголеми проблеми немало, е сега како и секаде пратката знае да ти закасни недела дена или воопшто да не ти стигне ама ке си побараш рефундирање на парите и то је то. Нормално никаде нема совршенство. Инаку да има преодбри копии на рејбан на прво гледање ке помислиш дека се оригинал затоа што доаѓаат со буклет, крпче, кутија итн. Треба да се регнеш и да си отвориш акаунт зада можеш да порчуваш ако нешто ти требаат повеќе информации пиши пп.
 
За да ја верифицирам картичката како моја ми бара да внесам Authorization Code за таа трансакција на пари. Каде да го најдам овој код?
 
На задната настрана на картичката, бројчињата (три или четири во зависност од картичката) тоа е authorization или security code.

authcode.jpg

security_codes.jpg

Освен кај amex-от, таму се напред.
 
Мислам дека не е тој зошто ми напомена дека е различен за секоја трансакција на пари, овој код ти што го пиша веќе го внесов кога се регистрирав.
 
Хмм различен за секоја трансакција можеш да го постигнеш само со токен, барем ја така мислам ако е некој поупатен во ова нека пише.
 
Прашање до сите што порачувале од интернет... сакам да порачам една алатка за коли (во вредност окулу 70-80 долари е) пишува дека е free shipping, но ме интересира дали кога ќе стигне во Македонија ќе стигне на врата како и други работи што сум порачувал или ќе треба да се царини и дали ќе треба да се најде шпедитер. Да го заокружам прашањето.. колку највеќе може да ме кошта нарачката? Ви благодарам!
 
Зависи колку е габаритна таа алатка. Ако е голема и тешка ќе си ја земеш од пошта, за царинење, шансите според последната состојба се 50-50 затоа што надминува 45 евра, шпедитер не ти треба тоа обично DHL работи со шпедитери, но бидејќи рече дека е free така да нема потреба од шпедитирање. Недај Боже да ти треба шпедитер 2-3000 денари во старт идат.
 
Мислам дека не е тој зошто ми напомена дека е различен за секоја трансакција на пари, овој код ти што го пиша веќе го внесов кога се регистрирав.
Да не ти стасува порака на мобилен со код за афторизација ? Ако не врти им у контакт центар на тие у банка.
 
Се снајдов, ми го кажаа во контакт центарот.
 
Зависи колку е габаритна таа алатка. Ако е голема и тешка ќе си ја земеш од пошта, за царинење, шансите според последната состојба се 50-50 затоа што надминува 45 евра, шпедитер не ти треба тоа обично DHL работи со шпедитери, но бидејќи рече дека е free така да нема потреба од шпедитирање. Недај Боже да ти треба шпедитер 2-3000 денари во старт идат.
Пред се фала на одговорт!
Алатката е со големина и тежина на хефталица :)
Ја порачав, па остана да видиме што ќе биде... инаку мислам дека нема да треба шпедитер (убаво кажа дека DHL работат со шпедитери).
 
Нема проблем, тука сме за да си помагаме :)
Мислам дека нема да ти ја царинат прво заради големината а второ мислам дека сеуште не се толку многу запознаени со алатки за коли. Последниве 2 години главна цел им е електрониката, телефони, таблети, компјутерски делови, некој онака работи што на прв поглед делуваат скапо.
 
Денеска баш порачав преку ioffer.com пратка до 15$ па ке ве информирам кога ке стигне,и дали ке стигне.
 
Ми пишуваше да почекам дека е во процедура и евентуално по маил да пуште тракинг ( али не верувам ) па ке видеме :)
 
Да ве прашам.
Порачав облека од Ebay,едно парче преку FedEX и со се шипинг излезе 130 долари.
И сеа го носат наваки и јас ве читам вас и паника ме фаќа и имам милион прашања.
Од кај треба да ја земам пратката?
Како да потврдам дека јас сум ја нарачал?
Ќе го царинат ли и отприлика по која цена ќе излезе сето тоа?
Дали на крајот од целиот овој процес никогаш повеќе нема да порачам од интернет?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom