Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да му ја даде дека е препорачана пратка туку ќе му донесе известие , иначе не се плаќа ништо кога подигаш пратка од пошта .
Се плаќа царинскиот преглед и доставата односно известието откога ќе отидеш во пошта да ја подигнеш пратката.
Треба до домашна адреса да ги носат ама додека има овци има и волна.

Плаќам 25 евра на ДХЛ премиум пакет достава на домашна адреса.Не ми ја носеа пратката до дома туку само известие.
Се жалев во пошта ама немаше ефект.
Пишав на ДХЛ за проблемот и имаше ефект.Сега секој пакет ми го носат на домашна адреса.

Дали некој е информиран што стана со зголемувањето на лимитот кој требаше да предизвика зголемување на онлајн купувањето.
 
Царински преглед се плаќа 72 денари + 30 денари уплатница . Ама вака пратката не му е подлежна на царински преглед така да нема да плати ништо .
Друго е ДХЛ друго е препорачана пратка од кина или друга земја не ти ја носат до врата туку ти носат известие .
 
Дали некој е информиран што стана со зголемувањето на лимитот кој требаше да предизвика зголемување на онлајн купувањето.
Останува исто ко и досега, претходно беја само претпоставки дека ќе го зголемат лимитот ама повеќе им одговара вака да не дерат.
 
Мене поштарот редовно ми ги носи дома пакетите (нормално ако е телевизор пример тогаш не) Ако не сум дома нема проблем, ке се потпиши некој од домашните и го остава пакетчето, зборувам од лично мое искуство преку 30 пратки сум примил лани и годинава, не зборувам од кажувања не некои други. Второ од тракингот се гледа дека дека кинапост е во прашање, значи нема додатни трошоци како при дхл, федекс итн. 2-3 пати се има десено да ми стигни во сабота пратката, тогаш не врви поштарот и ако не ми се чека до понеделник одам на пошта лично си подигам и секогаш во овој случај плаќам точно 22 денари, а дома повторувам кога ми го носи поштарот пакетчето НИШТО не плаќам, можда е пологично да е обратно ама вака е. Ако претходно се царинел пакетот тогаш е друга приказна, тогаш поштарот го носи само ливчето и кога одиш со него во пошта прво ти даваат уплатници (царина, ДДВ, поштенски и шпедитерски ваљда трошоци) па откако ке уплатиш на соседниот шалтер, потоа ти го даваат пакетот. Инаку кога доаѓа поштарот со пакетче, секогаш ми вели "Абе шо направи, ме утепа со оваа кина - секој ден :icon_mrgr: "
 
Дали Aliexpress ви ја памти картицата?
Имам купено еднаш, сега по втор пат кога купувам пак ми бара да внесувам податоци за картицата. Може ли некако да се намести да ми ја памти?
 
Дали Aliexpress ви ја памти картицата?
Имам купено еднаш, сега по втор пат кога купувам пак ми бара да внесувам податоци за картицата. Може ли некако да се намести да ми ја памти?

Не и мислам дека нема ни начин да ја запамтиш. Плус, не е ни препорачливо
 
За колку време одприлика стига од асос ? 20 дена чекам уште ништо...:confused:
 
Останува исто ко и досега, претходно беја само претпоставки дека ќе го зголемат лимитот ама повеќе им одговара вака да не дерат.
Не им одговара и на увозниците и дистрибутерите ама и со царина и данок пак ми излегува поефтино а ако ептен ми се брза или ми излегува поскапо со давачките си одам лично до Софија или Солун.
Едни најк патики ми легнаа на душа ама 10-11к не ми се даваа па минатиот викенд си извадив карта до Софија и истите патики таму ги најдов за 3,5-4 а со купувањето други ситници и патот ми излезе џабе.
 
Порачувал ли некој од Пума? Сакам од нивниот сајт да си порачам патики но дали ќе ми стигнат незнам, затоа прашувам некој со искуство.

Се работи за овие патики:
http://uk.puma.com/en_GB/pd/ferrari-drift-cat-5-trainers/304946.html?dwvar_304946_color=rosso corsa-black
http://uk.puma.com/en_GB/pd/ferrari-valorosso-webcage-trainers/304945.html?dwvar_304945_color=rosso corsa-white
Можиш да ги нарачаш ако испраќаат за Македонија само ќе ти дојде царина на овие дека ќе ти ги пратат со цена на нив . Пресметај си 25% царина на патиките + шипингот и после цената + царината на таа сума уште 18% ддв.
 
Не испраќаат надвор од англија.барај ги од друга продавница.
 
Не им одговара и на увозниците и дистрибутерите ама и со царина и данок пак ми излегува поефтино а ако ептен ми се брза или ми излегува поскапо со давачките си одам лично до Софија или Солун.
Едни најк патики ми легнаа на душа ама 10-11к не ми се даваа па минатиот викенд си извадив карта до Софија и истите патики таму ги најдов за 3,5-4 а со купувањето други ситници и патот ми излезе џабе.
Не се исплаќа да купуваш тука кај нас од истата причина која ја наведе и ти, не дека не купувам од тука ама тоа се ретки случаи единствено одам во продавница пробувам број и истото го нарачувам од интернет.
Во надополнување на темава, денеска ми стигна пратака од Амазон британскиот која ја нарачав на 4ти април, 67 фунти не платив ниту денар кога ја подигнав. :pos:, каша попара е со царинициве.
 
Можиш да ги нарачаш ако испраќаат за Македонија само ќе ти дојде царина на овие дека ќе ти ги пратат со цена на нив . Пресметај си 25% царина на патиките + шипингот и после цената + царината на таа сума уште 18% ддв.
Точно толку се пресметува ? 25% царина и 18 ддв само ? да не има и некој други давачки ? Планирам да порачам патики од ebay, продавачот е од шпанија и ќе ги прати по обична пошта, EMS.
 
Точно толку се пресметува ? 25% царина и 18 ддв само ? да не има и некој други давачки ? Планирам да порачам патики од ebay, продавачот е од шпанија и ќе ги прати по обична пошта, EMS.
Тоа е тоа , плус 90 денари за да ти ги пратат во твојот град ако не си од скопје и 30 денари за една и 35 денари за друга уплатница.
 
значи вака планирам да порачам од алиекспрес околу 57 евра е порачката фри шипинг е , би можеле ли да ми кажете одприлика колку би ме коштало царина ддв у други трошоци за истата ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom