Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Чекај што не работи, не ти дава да испишуваш бројките или од кога ќе ги напишеш ти дава грешка?

серверот не дава повратна информација
ако бројчето е грешно или нема информација за следење барем кажување
сега е мртвило веке 2 месеца ако не и повеке
 
Нарачав од eBay еден Casio часовник. Часовникот е купен од продавач во Америка и ова е шестата недела и сеуште не пристигнал.
Последниот update на следење на пратката е направен после неколку дена откако е испратен.

Каде може поточни информации да добијам? Царина можеби?
 
Претходно ја имаш ли следено пратката каде се движи?
Ако имаш бројче за следење јави се во царина,тие ќе ти кажат до каде е пратката.
Рокот на достава колку беше?Ако рокот е пречекорен отвори dispute на e-bay.
 
Нарачав од eBay еден Casio часовник. Часовникот е купен од продавач во Америка и ова е шестата недела и сеуште не пристигнал.
Последниот update на следење на пратката е направен после неколку дена откако е испратен.

Каде може поточни информации да добијам? Царина можеби?

провери тука дали има нешто
http://www.posta.mk/sledenje_pratki_stranstvo.html

И отвори dispute затоа што имаш 45 дена за dispute, После тоа нема да може ни да отвориш dispute....
 
Online следење на пратката на Македонска Пошта не им работи. Ќе чекам до понеделник а во меѓувреме ќе прашам во пошта дали воопшто пакетот пристигнал во Македонија. Ако не пристигне се договорив со продавачот да ми ги врати парите.
 
Отвори dispute или преку контакт e-mail се договори дати ги врати парите?
 
Отворив case и во него вети дека ќе ги врати парите. Не беше преку приватна порака. Ако не се согласи (што искрено се сомневам), може веднаш да побарам од support да го разгледаат случајот. Да, знам дека има лимит до кога може да се направи тоа и ќе внимавам.
 
w6wy.png

Дали ова значи дека сеуште не е тргнат од Америка?
 
Последно ти е на 3 јули значи нема шанси еден месец да стои во Америка освен ако не е загубена пратката .

И мене тоа ме буни. Пристигнал во Чикаго, треба да има инфо кога заминал од таму, како предходно: „Depart USPS Sort Facility“

Ништо не е чудно и да пристигнал во царина кај нас па да скршнал во некоја „црна дупка“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom