Купување на рати

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.242
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Не видов тема во пребарување каде што се однесува купување на рати па ако е во ред нека остане темава секој за да си праша.

Би замолил некој кој повеќе се разбира околу овие работи да ми ги разјасни а вооедно ќе биде добро и за остантите кои сакаат да купат нешто на рати.

Инаку еве за што се работи мојот братучет кој сака да земе велосипед на рати преку Комерцијална банка бевме во продавница и ни рекоа дека морал да има кредитна картичка со која ќе може да го земе велосипедот инаку тој има кредитна картичка но на неа нема пари околу 110 евра има. Е сега како тој да го земе велосипедот на рати т.е да му се одбива од плата инаку е вработен во Макпетрол ако нешто ова менува. Што тој треба сега да стори? :)
 
На кредитна картичка има дозволен лимит да оди во минус.

Ако има 110 евра и не може да оди во минус, тогаш тоа не е кредитна картичка, туку дебитна.

Треба да извади кредитна картичка од било која банка и ќе може на рати да купува.
 
Тој има кредитна картичка а на неа има он 110 евра. :) е сега знам дека кога се купува нешто на рати се плаќа само 1 рата и зато тој стави 100 евра. Инаку како тоа оди? да не знаеш бидејќи утре планираме да одиме а не сакаме да лутаме како муви без глави. :)
 
Дозволен минус колку има?
Тие 100 евра ќе си отидат а ќе нема за првата рата. На пример точакот е 20.000 - 6000, ќе биде во минус -14.000 за плаќање.
Минимално месечно плаќање на рата е околу 6% во скоро сите банки значи месечно по околу 840 денари за -14.000 ќе треба да плаќа.
 
Купување на рати со кредитна картичка се живи глупости, продавачот ке си ги лапне парите у истиот момент, а ти ке останеш со празна кредитна, и ке се бафташ секој месец дали е платено или не, најубаво е да се земе со тие што се кредитите со лична карта шти ги даваат за 15-20 мин ли како беа или пари у кеш... Како што ти кажа Kostur123, или таа вашата е дебитна или сте влегле во минусот па ви останале уште 100 и нешто евра... Нека каже на раб да му зголемат лимит или нека комбинира пола кредитна пола кеш... Мада со 100 евра ништо :)
 
Има продавници кои даваат до 6 рати без кредитна само со потврда од работа. Ја плаќаш првата рата после другите секој месец директно таму ги носиш парите. Хамачи центар е една од таквите продавници за други не сум запознаен.
За да му се одбива од плата мора преку таа банка ја зема платата и да има кредитна. Ако нема доволно нека иде во банката и ќе му дадат колку што му фали и ќе му ја направат на колку рати сака.
Преку Тутунска банка даваат 20К за 20 месеци.
 
Дозволен минус колку има?
Тие 100 евра ќе си отидат а ќе нема за првата рата. На пример точакот е 20.000 - 6000, ќе биде во минус -14.000 за плаќање.
Минимално месечно плаќање на рата е околу 6% во скоро сите банки значи месечно по околу 840 денари за -14.000 ќе треба да плаќа.

Незнам колку му е дозволен минусот знам дека он има плата 500 евра. Е сега според платава треба да има доста дозволен минус. но тој има сега моментално само 110 евра е сега ако сака тој утре да земе точак на рати каде треба прво да се обрати и што треба да направи?
 
Ако има кредитна картица и салдо да е 0, значи да нема ич пари на нејзе пак ќе може да купи било што во максимална вредност од онолку колку што е дозволениот минус.
Се што треба да направи е да отиде до продавницата, да ја стави картицата на постерминал и да ја напише сумата, пинот и готово плаќањето е завршено. После он ќе си има обрска секој месец по минимум 6% да уплаќа од вредноста на целокупниот минус на картицата во банка.
 
Океј фала ти премногу на ова. :) се надевам утре ќе завршиме работа.
 
И јас бев зачуден и незнаев како функционира се додека не си пресметав камата на линков.
 
Има два начини на плаќање на рати со кредитна картичка.
Едниот е кога се плаќа целиот износ одеднаш во продавницата, а после се отплаќа на банката колку сакаш/можеш, а најмалку 5-10% (зависи од банката) од сумата. На сумата на која остануваш должен, банката ти пресметува камата.
Вториот (подобриот) начин е кога трговецот ти овозможува плаќање на рати. Во тој случај секој месец ти стигнува задолжување на картичката во висина на ратата. Камата од страна на банката нема, само што има некои безобразни трговци што за плаќање на рати наплаќаат повисока сума на производот. При овој начин на плаќање, се прави резервација на средствата од картичката во целиот износ, што значи дека тие средства се блокирани, иако се наплаќа само една рата.
На кредитна картичка не се ставаат пари, туку имаш износ до кој банката те кредитира. Според тоа што го кажуваш, изгледа се работи за дебитна картичка и на тој начин неможеш да платиш на рати (со пари на картичката колку за првата рата)
 
Работи во Макпетрол, а сака да купи и вози велосипед.
Време е за на систематски преглед.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Вториот (подобриот) начин е кога трговецот ти овозможува плаќање на рати. Во тој случај секој месец ти стигнува задолжување на картичката во висина на ратата. Камата од страна на банката нема, само што има некои безобразни трговци што за плаќање на рати наплаќаат повисока сума на производот. При овој начин на плаќање, се прави резервација на средствата од картичката во целиот износ, што значи дека тие средства се блокирани, иако се наплаќа само една рата.
На кредитна картичка не се ставаат пари, туку имаш износ до кој банката те кредитира. Според тоа што го кажуваш, изгледа се работи за дебитна картичка и на тој начин неможеш да платиш на рати (со пари на картичката колку за првата рата)

На пример сакам да купам ТВ од Нептун (даваат на рати со кредитна, проверено) вака ќе биде?
 
A, da probavte vo ttk banka? Bez kreditni kartichki, smetkata za plakjanje kje ti ide isto kako shto idat smetki za struja/voda i sl.
 
Е што е разликата? Помала камата или повеќе шетање без парчето пластика? Што мисиш како стигнуваат сметките за кредитни картици? :)
 
Back
На врв Bottom