За првпат во Македонија, КупиКнига нуди книга во претпродажба!
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=9886
Книгата излегува од печат за неколку дена, но можете да ја нарачате уште денес и да добиете 10% попуст во претпродажба. Промотивниот претпродажен попуст ќе трае една недела, а потоа книгата ќе се продава по редовна цена. Овој попуст можете да го добиете само со нарачка преку КупиКнига.
Сите кои го познаваат Џејмс Кенеди сметаат дека животот не можел да му подели подобри карти.
Зошто, што му недостига? Тој е згоден, паметен, млад, има одлично платена работа како банкар во центарот на Лондон, живее во огромен модерен стан во скапиот дел од градот, ги менува девојките како чорапи, има група фини пријатели... Навидум, тој навистина има совршен живот. Но она што никој не го знае е дека Џејмс Кенеди е тапа во кревет. Нула. Аматер. Не затоа што не знае како, туку затоа што има проблем, затоа што некаде греши.
Кога само би имало некој кој би можел да му покаже каде греши, можеби да му даде неколку часа по секс... Но кој?