Дебатата на Третиот Вселенски Собор, воопшто не била околу природата на Марија, туку околу природата на Христос. Епископите биле соочени со ересот на Несторие, кој тврдел дека таа го родила само Христос (Месијата), а не и Господ. Ересот е од длабока догматска природа, околу тоа кога и како Божјиот Син бил отелотворен. Сепак фокусот на дискусијата бил Христос, а не Марија.
Така епископите ја приковале изјавата Теотокос (Богородица) со тоа бранејќи го правоверниот симбол дека Христос е Бог. Кирил Александриски јасно во својата одбрана рекол дека тоа не имплицира ништо за природата на Марија, туку за природата на Христос.
Несториј бил анатемисан, затоа што покрај другото, одбивал да ја нарече Пресвета Дева Марија - Богородица, туку ја нарекол Христородица.