Култот на Марија

Дебатата на Третиот Вселенски Собор, воопшто не била околу природата на Марија, туку околу природата на Христос. Епископите биле соочени со ересот на Несторие, кој тврдел дека таа го родила само Христос (Месијата), а не и Господ. Ересот е од длабока догматска природа, околу тоа кога и како Божјиот Син бил отелотворен. Сепак фокусот на дискусијата бил Христос, а не Марија.

Така епископите ја приковале изјавата Теотокос (Богородица) со тоа бранејќи го правоверниот симбол дека Христос е Бог. Кирил Александриски јасно во својата одбрана рекол дека тоа не имплицира ништо за природата на Марија, туку за природата на Христос.

Несториј бил анатемисан, затоа што покрај другото, одбивал да ја нарече Пресвета Дева Марија - Богородица, туку ја нарекол Христородица.
 
Несториј бил анатемисан воглавно заради тоа што Го нарекувал Исус "богоносец", а не "Богочовек" т.е. затоа што ја одрекувал Божествената природа на Исус. Дури потоа, откако се разгорела дискусијата (за природата на Исус, а не за Марија), епископите, за да ја заштитат природата на Исус, несмасно и непрецизно и ја приковале на Марија титулата "богородица" со единствена цел за да ја заштитат божествената природа на Исус од ересот на Несторие. Пак ќе повторам, Кирил Александриски јасно во својата одбрана вели дека тоа не имплицира ништо за природата на Марија, туку за природата на Христос.
 
И што сакал Кирил Александриски да каже со тоа?
 
Пророкот Исаија многу време пред раѓањето Христово го претскажа ова: ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му го дадат името Емануил (Иса. 7,14), а ова име преведено од еврејски, значи: Со нас е Бог.

Свети апостол Павле вели: Бог го испрати Својот Син, Кој се роди од жена (Гал. 4, 4) и Својот Син, по тело роден од семето Давидово (Рим. 1, 3).

Ваквото чудно појавување на земјата на Синот Божји, преку секогаш девствената Мајка, мораше без секаков сомнеж да ја издигне и Богомајката до надземна слава. Таа навистина стана Божја Мајка, како што јавно исповеда нејзината роднина Елисавета, според вдахновението на Светиот Дух, која вака ја поздрави: Од каде ова, при мене да дојде Мајката на мојот Господ? (Лука 1, 43).

И станувајќи Мајка на Исуса Христа, таа го зачувала своето девство како што вели евангелистот Матеј: и не се доближи до неа (Јосиф), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус (Мат. 1,25).

И на неа, секогаш девствената Богомајка и припаѓа висока слава, неа ја прославуваат и величаат сите што веруваат во Исуса Христа, а за што и самата пороече: Отсега ќе ме ублажуваат сите родови (Лука 1,48).
 
На Марија никогаш не и рекол „мајко“, за да не мислиме дека таа била над Него. Детето кога се обраќа „мамо“, тоа од мајката бара дозвола, потреба, има некоја молба, итн. Од друга страна, гледаме дека всушност Марија е таа што го моли Исуса, и тоа на неколку пати, што јасно укажува Кој е Кој!

Интересно размислување. Но јас сметам дека не било тоа примарната цел заради која Исус не ја нарекувал Марија со "мајко", туку со "жено". Впрочем Исус можел да и со обрати на Марија со "мајко" и да и заповеда нешто. Но такво нешто Исус не направил. Напротив, во една прилика кога Исус ја укорил Марија, Тој сепак не и се обратил со "мајко", туку со "жено".

„Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.”
Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час
"
(Исус Христос во евангелие по Јован 2:3-4)

Јас сметам дека Исус Христос многу убаво и јасно објаснил зошто не и се обраќал на Марија со "мајко" во следнава случка:

„Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка“.
(Господ Исус Христос во евангелието по Матеј 12:46-50)

Од оваа изјава на Христос јасно може да видиме кои се вистинските роднини (мајка, брат, сестра) на Исус - Неговото духовно семејство, а не Неговите крвни роднини.
Оттука гледаме дека Исус не и дава никаков приоритет на блажената Марија како Своја мајка, туку јасно потенцира дека сите Негови ученици се Негова мајка, браќа и сестри.
 
Светите Василиј Велики, Григориј Богослов, Јован Златоуст, Атанасиј Велики и многу други посебно го спомнуваат зборот - Богородица. А кога се појавила Несторијанската ерес во петтиот век, александрискиот патријарх Кирил многу силно ја бранел православната наука за Богородица.

Еретикот Несториј мислел дека Мајката по тело, Пресветата Дева, не го родила Господа Исуса Христа, Синот Божји и затоа не треба ни да се нарекува Богородица.

Свети Кирил одговарајќи на оваа лажна наука, секаде во своите списи ја исповеда Пресветатa Дева за вистинска Богородица. Мислејќи на воплотувањето на Синот Божји, овој свет отец вели: Браќа, ние исповедаме дека од Света Дева и Богородица Марија се роди едниот ист: и совршен Бог и совршен човек со разумна душа; затоа и ја признаваме Светата Дева и ја нарекуваме Богородица: Бог Син, беше во неа не привидно, туку целосно, вистинито.

А на еретикот му вели: Господ го зеде на себе нашето сопствено тело и стана човек од жена, а не престана да биде Бог и роден од (Бога) Отецот; туку и тогаш кога го прими човештвото остана Оној Кој беше; на тоа секаде учи словото на вистинската вера; ние се уверуваме дека така мислеле Светите Отци, па и Пресвета Дева ја нарекле Богородица.
 
Интересно размислување. Но јас сметам дека не е било тоа примарната цел на Исус заради која Тој не ја нарекувал Марија со "мајко", туку со "жено". Исус многу убаво го објаснува тоа во следнава случка:

„Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка“.
(Господ Исус Христос во евангелието по Матеј 12:46-50)

Од оваа изјава на Христос јасно може да видиме кои се вистинските роднини (мајка, брат, сестра) на Исус - Неговото духовно семејство, а не Неговите крвни роднини.
Оттука гледаме дека Исус не и дава никаков приоритет на блажената Марија како Своја мајка, туку јасно потенцира дека сите Негови ученици се Негова мајка, браќа и сестри.

Пак нешто грешиш - Богородица не само што била телесен родител на Господ, туку била и Негова вистинска духовна Мајка, духовен родител. Или сакаш да ни кажеш дека Богородица не ги исполнувала Неговите заповеди?:tapp:
 
И станувајќи Мајка на Исуса Христа, таа го зачувала своето девство како што вели евангелистот Матеј: и не се доближи до неа (Јосиф), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус (Мат. 1,25).

И на неа, секогаш девствената Богомајка и припаѓа висока слава, неа ја прославуваат и величаат сите што веруваат во Исуса Христа, а за што и самата пороече: Отсега ќе ме ублажуваат сите родови (Лука 1,48).

Ова цитативе ти се напишани малку со помош на некој преварантски дух.
 
Пак нешто грешиш - Богородица не само што била телесен родител на Господ, туку била и Негова вистинска духовна Мајка, духовен родител. Или сакаш да ни кажеш дека Богородица не ги исполнувала Неговите заповеди?:tapp:

Доста хумористично.Марија му била и духовен родител на Христос.
 
Ако Марија му била у духовен родител на Исус, тогаш следува дека таа постои пред Него-Вечниот. А од друга страна, штом Исус бил роден од Марија, следува дека Тој не е Бог, туку Марија е Бог. Аха, сега сваќам зошто ја обожувате Марија, зошто и се клањате, зошто и се молите, зошто ја нарекувате наголема, пресвета, сега сваќам зошто ја нарекувате и Владетелка, Господарка итн... па вие цело време сте ја третирале и ја третирате како Бог :tapp:
 
Блажениот Теодорит вели: Старите и новите проповедници на православната вера според апостолското предание учеа: „да се нарекува и да се почитува мајката Господова како Богородица“.

А Јован, патријархот Антиохиски пишува: "Овој назив и писмено и усно го употребуваа светите отци и тој назив никој од црковните учители не го отфрлаше, туку многумина и уште од најзначајните се служеа со него."

Оној што не ја признава света дева за Богородица, не е христијанин. Ако некој се смета себеси за христијанин, а не и го признава на пресветата дева достоинството и називот Богородица, тој залудно се кити со името - вели свети Теодот епископ Анкирски.

И според изразот на свети Григориј Богослов - кој не ја признава Марија за Богородица - тој е отфрлен од Бога.
 
Ако Марија му била у духовен родител на Исус, тогаш следува дека таа постои пред Него-Вечниот.

Чекај да те потсетам

Од оваа изјава на Христос јасно може да видиме кои се вистинските роднини (мајка, брат, сестра) на Исус - Неговото духовно семејство, а не Неговите крвни роднини.

Опааа, па сега излезе дека цела маса народ постоел пред Него-Вечниот.

А од друга страна, штом Исус бил роден од Марија, следува дека Тој не е Бог, туку Марија е Бог.

Лелееее, сакаш да ни кажеш дека Христос не бил роден од Богородица?:vozbud::tapp:

Аха, сега сваќам зошто ја обожувате Марија

Грешка си, ние Го обожаваме само Бог, а Богородица ја почитуваме како пречиста Дева која единствена Го роди Бог!
 
makarious, интересни работи кажале луѓето Теодорит, Јован, Григориј итн. Но зарем како христијани не треба да ни е поважно што кажал Господ Исус Христос?
А што вели ТОЈ?
Прво, никаде не ја нарекол Марија Своја мајка, туку ја нарекувал жено!
Второт, Тој ги нарекува "мајка" Своите ученици...

„Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка“.
(Господ Исус Христос во евангелието по Матеј 12:46-50)
 
Блажениот Теодорит вели: Старите и новите проповедници на православната вера според апостолското предание учеа: „да се нарекува и да се почитува мајката Господова како Богородица“.

А Јован, патријархот Антиохиски пишува: "Овој назив и писмено и усно го употребуваа светите отци и тој назив никој од црковните учители не го отфрлаше, туку многумина и уште од најзначајните се служеа со него."

Оној што не ја признава света дева за Богородица, не е христијанин. Ако некој се смета себеси за христијанин, а не и го признава на пресветата дева достоинството и називот Богородица, тој залудно се кити со името - вели свети Теодот епископ Анкирски.

И според изразот на свети Григориј Богослов - кој не ја признава Марија за Богородица - тој е отфрлен од Бога.[/quote

Добро си напишал.Сите овие што кажуваат како да се нарекува Марија е нивно лично мислење, додека Господ кажува спротивно.

Е сега кого треба да слушаме?Господ или овие преподобниве и блажените?
 
Вашето толкување е признаено за ерес на Вселенските Собори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom