Kуќи опседнати од духови?

  • Креатор на темата Креатор на темата A.O
  • Време на започнување Време на започнување
Куќата е само многу стара, и не е одржавана со децении. Од таа причина цела ,,крцка,,.
Меѓутоа нема ништо страшно, освен ако не сакаш намерно - страшно да си направиш да ти биде :)
даа...Паранормал Активити :D
 
Кај мене во маало е.
Дани снимаше еден спот таму...
Се зборува дека има свирење на клавир во доцните часови, а внатре нема никој.
Јас немам ништо видено што е чудно во овие 20 години од кога живеам во близина.
Пред скоро време куќа-замокот се запали и никој не ја знаеше конкретната причина.
Тоа е само една куќа која е наркоманско дувло и собиралиште на нарко зависници и алкохоличари. :)
 
На снимкава се гледа јасно некое движење, не верувам дека е монтажа.
 
На ова видео е претставена куќата во Црниче,како кажуваат молитви за неа и на видеото се гледа како духот држи куфер и на некој начин се "чуди" дали да си оди или да остане...Стварно страшно! не верувам баш,,,
некој нешто дали знае за таа куќа некоај легенда??
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=POKmgMbfaa4#!


abe nekoj investitor na kraj se otkazuva si vika vo vakava bana drzava ne investiram :pos:
 
По мене има и причина зошто куќата не е во функција толку време. Сигурно последнот сопственик на куќава најдобро ја знае причината...
 
По мене има и причина зошто куќата не е во функција толку време. Сигурно последнот сопственик на куќава најдобро ја знае причината...

Ама одма претпоставуваш дека се духови и темни сили, нели? :)
 
На ова видео е претставена куќата во Црниче,како кажуваат молитви за неа и на видеото се гледа како духот држи куфер и на некој начин се "чуди" дали да си оди или да остане...Стварно страшно! не верувам баш,,,
некој нешто дали знае за таа куќа некоај легенда??
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=POKmgMbfaa4#!
А кај го виде тој „дух со куфер“ жити се оти ја не сретнав ништо такво на видеото...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Hej
Ама одма претпоставуваш дека се духови и темни сили, нели? :)
За оваа куќа знам сигурно 15 години и многу имам чуено за нејзе. Зошто не би претпоставувал за друга куќа дека има духови туку баш за оваа? ;)
 
За оваа куќа знам сигурно 15 години и многу имам чуено за нејзе. Зошто не би претпоставувал за друга куќа дека има духови туку баш за оваа? ;)

Не знаеш сигурно.
За сигурно ти треба доказ.
А ,,знам дека е така,, не е доказ.
 
А кај го виде тој „дух со куфер“ жити се оти ја не сретнав ништо такво на видеото...
ГО има на второто видео на 17:15 па натаму
 
По мене има и причина зошто куќата не е во функција толку време. Сигурно последнот сопственик на куќава најдобро ја знае причината...

Абе како да не више.... Кумот мој ја имаше куќава одредено време во посед. Глупости живи, мета на зборење и измислување бабини девитини поради необичната архитектура.
 
Кај виде движење жити се?
Во 17:22 минути од докуметарецов. Пишано е и на јутб. Многу добро се гледа.
--- надополнето: 19 април 2012 во 19:19 ---
Абе како да не више.... Кумот мој ја имаше куќава одредено време во посед. Глупости живи, мета на зборење и измислување бабини девитини поради необичната архитектура.
Тоа што кумот твој ја има, не значи дека куќата не има разни заглавени енергии во нејзе.
 
Во 17:22 минути од докуметарецов. Пишано е и на јутб. Многу добро се гледа.
--- надополнето: 19 април 2012 во 19:19 ---

Тоа што кумот твој ја има, не значи дека куќата не има разни заглавени енергии во нејзе.

Ја имаШЕ. Баш затоа ти викам дека нема никакви заглавени енергии ама терајте филм ако ви е досадно. Свирел клавир некој навечер :pos:, во гаражата моја хамбургери служат.
 
Кога го видов Константин се ми беше јасно. Да не беше он на видеово, можда и ке си оставев простор да се сомневам.
Што се нема да прават лугето за слава. Не му успеа како пеач, па ајде сега духови ке брка:facepalm:
Сум слушнала вакви приказни за стотина куќи и се истото, се слушале звуци, плачеле бебиња, некоја сенка поминувала... Посебно во источна Македонија врие од такви приказни, ама интересно, никој до сега ништо не видел, се они од друг дознале, некој нивни братучед видел...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom