"Абе во повеќе европски земји нема кучиња, тие што ги имале биле премалку и имало доста хуманитарци кои ги земале. Ние во Македонија, немаме такви луѓе, јебига
Невистина.Тоа дека немаме такви луѓе не е вистина,а исто не значи и дека не може да се прoмени свеста на останатите кога е овој проблем во прашање.Да си излегол надвор од државава би видел дека и во другите европски градови како и низ Америка има кучиња скитници и таму има шелтери и дека има луѓе кои константно се бават со овој проблем.Европа и Америка не се родени со сите решенија туку тие решенија се дојдени со многу проби и труд.А тие проби не уклучуваат масовно уништување кое е против сите закони на хуманоста.Ние треба само да го пресликаме европскиот модел а не да измислуваме топла вода.
Е сега, има случаи во земјите низ светот каде кучиња гризеле луѓе, осакатувале деца и ред други работи. Затоа, заклучено е според многу луѓе и експерти дека кучиња на улица - bad idea.
Лага.Немаш ниту име ниту референци од тие "експерти" а фразата "многу луѓе"не ти е релевантна.Имаш многу луѓе кои би сакале да ги истребат евреите,други црнците итн.
Кучињата на улица не се делат на оние кои се запоставени и на оние кои не се.Повторно поедноставуваш.Туку на кучиња кои напаѓаат и на оние кои не напаѓаат а ако гледаме така многу повеќе напади има од страна на расни кучиња кои имаат сопственици отколку од страна на скитници.
Секоја земја ги решила со методите кои и биле на располагање и достапни. Ако имале стационар, ги држеле таму додека не ги посвои некој. Ако немале место, барале итно луѓе и во краен случај успивање.
Да,
во краен случај! Кај нас не се ни испробани сите методи за да се реши проблемот,всушност испробан е само еден-детергент во срце и изгладнување до смрт.Постојат исто низ Европа,Америка и светот центри кои се хумани и кои имаат non-killing policy,во кои седат некогаш и по илјада кучиња а таквите центри не ги убиваат и ги чуваат се додека некој не ги посвои.Оваков стационар каков што имаме со неговите методи на "еутаназија"и масовно убивање е секаде во Европа нелегален и барбарски.
Така се реши целиот проблем во другите земји. Линкови не ми барај, гуглај ги, што да ти кажам.
Доволно сум интелегентна да знам да најдам линкови за нешто што ме интересира не треба ти да ми даваш.
Ти можеби само ја познаваш опцијата "пишувај на форум" па затоа ти е толку важно јас да ти постирам линкови.Нема да ти пастирам.Заборави.За секретарски работи запосли некој до твојатаSLSFA “Scared-like-shit from Animals” организација.
Исто така, има една машина која кучињата ги транспортира во резерват во Африка, па можеме неа да ја примениме. Не ми барај линкови за ова, види си Animal Planet 2 саати и ќе сфатиш.
Фала за информацијава.Ќе погледнам.Знам да уклучам телевизор за разлика од некои.
Се што пишав мора да се прифати за апсолутна вистина, во никој случај јас не презентирам линкови, ако некој не верува, нека си закаже боље преглед во Воена Болница, нешто не е во ред со него."
Кај си Фиреру не те препознав!
Прво,ти не знаеш линкови да најдеш на интернет а кажуваш дека ја знаеш апсолутната вистина.Да не си Сократ можеби?
Да,има проблем со кучињата но тоа што значи дека има проблем не значи дека треба сите да се еутанизираат.Такви ретардирани методи кај Хитлер а не овде.Има проблеми и со коли,со сообраќајки па тоа не значи дека сега треба да одиме и да ја уништиме секоја кола која ни е на пат затоа што може да убие некој.Такви методи изгубија валидност послем втората светска војна.Кучињата се живи суштества и ти реков дека мене на маалски финти нема да ме фатиш.
Али хеј, ако ти ме читаш мене, ќе видиш дека јас не викам "ај да ги убиеме кучињава", него кажувам "мора ИТНО да се тргнат од улица".
Затоа и на тебе, Маца_кака и ред други ви барам изводливо решение, бидејќи ако нема место и никој не сака да ги земе, за мене нема друго освен успивање.
контрадикторен си и лажеш.
Прво дадена ти е сугестија како да се реши проблемот.
Не живееш во идеален свет и не можеш да бараш да бидеш изолиран.Неизводливо е.
Тоа ако некој некогаш биде гризнат пак не дава за право да се убијат сите а тоа би им се случило во стационарот ако подоцна оние кои повторувам
не се агресивни се пуштата на местата од каде што се земени и каде што има луѓе кои се грижат за нив и ги хранат.На две места во Скопје каде што имам стан такви луѓе постојати се грижат за кучињата а сум видела дека има и во останатите населби.
Утре кога кола ке удри некое дете и кога истото ке погине нема да се тргнат сите коли од улица така да не ми ја повторувај небулозава повеќе.
We don’t live in a perfect world.
Параграфот ќе го болдирам, за да го препрочиташ убаво и да сфатиш дека е битен дел од мојот пост и поента.
Ех,баш си заболдирал некоја голема мисла.
Треба да се уцврсти во антологијата на светската филозофија.Еве ,сигурна сум дека не само јас туку и многу други се чудат на големата мудрост која излегла од тебе.
Пошто и јас би сакал кучињата да најдат дом, да живеат и да не мора да бидат успиени.
Супер.Јас ти кажувам дека сигурно ќе бидат успиени во нашиот стационар со сјај за миење на садови кој ке им го ушприцаат во срце.Некои луѓе дури и кога не сакаат да бидат нацисти стануваат бидејќи подржуваат такви методи.
Али, со секој ден, секоја недела, се зголемува шансата повторно некого да нападнат - а не смее да се дозволи таков колатерален ризик.
Ти се молам,јас мислев дека разговарам со интелегентен човек,не ме негирај!
Кој колатерален ризик бе?!Се слушаш ли ти што зборуваш!?
За да има колатерален ризик би требало секоја личност овде на форумов да е жртва на напад на кучиња и едвај да преживеала.Не ти е ова Хирошима ниту Чернобил.
Пази да не се угушиш од воздухот кој го дишеш.
Човечкиот живот е далеку побитен од тие на кучињата скитници, ако тоа размислување те нервира кај мене, не знам што да ти кажам.
Да се сочува човечкиот живот и живото на едно куче не е или-или.Едното не го исклучува дригото.Прво ти мора да разбереш дека човечкиот живот
НЕ Езагрозен.Тоа е последна работа која би можела да го загрози.Што е со колите кои убиваат милион луѓе секоја година,или со сексуално преносливите болести.Ајде сега нека се забрани возење на коли и луѓето нека престанат да се е*ат!
На патетика не ме фаќаш и не се секирај не ти барам линкови знам колку ти е тешко да бараш.