Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    624
Не би рекла.,кога ме нападнаа кучињата бев одалечена 20 метри од нив тие наеднаш почнаа да трчаат по мене немав адреналин во крвта не се плашев само најнормално си поминував, а за очен контакт да не праиме муабет немаше шанси на толкава оддалеченост да остварам очен контакт со ниедно од кучињата си гледав пред себе и си одев наеднаш се втрчаа накај нас,

Неможеш да знаеш дали си имала или си немала.Ова е научно докажано.Стравот и спремноста за напад создаваат иста состојка во крвта што кучето не ја разликува и затоа напаѓа.

Сум читал многу за оваа работа.
 
Ти викам дека не осеќав страв се додека не бев нападната, да не се повторуваме како мали папагалчиња сега, а за тоа што си читал приложи литература дај просветли не малку и нас неуките.
 
Ти викам дека не осеќав страв се додека не бев нападната, да не се повторуваме како мали папагалчиња сега, а за тоа што си читал приложи литература дај просветли не малку и нас неуките.

Добро ајде не си осеќала страв,те нападнале по случаен избор.:smir:
 
И по третманот во стационар, кучињата-скитници напаѓаат минувачи
E9865DAB97384F4C8EF5E730C5308A8B.jpg

Две кучиња завчера бркаа девојка на пешачкиот премин кај „Рекорд“
Снежана Калабакова
Во Скопје крстосуваат околу седум илјади кучиња-скитници. Присутни се по населбите, но и во строгиот центар. По неколку секојдневно како чувари крстосуваат пред министерствата за финансии, за образование и за правда, па овие институции и не мора да плаќаат обезбедување, зашто кучињата се постојано пред нивните врати. Ако е голема жештина, наоѓаат сенка и лежат на бетонот близу пешачкиот премин кај некогашниот „Рекорд“. Кучињата со копчиња на ушите, кои само потврдуваат дека биле третирани во стационар, неколку пати досега нападнале минувачи. Неодамна беше нападнат маж кого го спаси жителка од околните станбени згради, фрлајќи им леб на разбеснетите животни, и така им го оттргна вниманието од збунетиот и исплашен минувач. Најсвеж пример е девојката, која на пешачкиот премин врискајќи бегаше од две кучиња кон градскиот плоштад.

Овие примери се доволна потврда дека начинот на кој кај нас се третираат кучињата-скитници не е вистинскиот и дека не е доволно кучињата само да поминат третман во стационар. Ветеринари тврдат дека така единствено се спречува нивното размножување и ширење заразни болести. Но, кучињата имаат своја психологија и можат да нападнат од повеќе причини. Во ниту една европска метропола нема кучиња-скитници по улици. Градот Нинрнберг, на пример, за третман на овие животни обезбедува средства преку годишната такса која чини 250 евра за секој што чува куче-миленик. Главниот град на Хрватска, пак, Загреб, од својот годишен буџет издвојува по 650 илјади евра за третман на кучињата-скитници.

„Студирав во Загреб и знам дека буџетските пари наменски се користат за изградба на стационари, за вработување лица кои се грижат за третман, исхрана или за шетање на кучињата. Таму има и закон според кој доколку по два месеца престој во стационарот не дошол никој да го посвои кучето, тогаш тоа се евтанизира. Оној, пак,што се откажал од своето милениче и го фрлил на улица, лесно се пронаоѓа преку чип-маркичка што ја има кучето, па на сопственикот му стигнува кривична пријава. Нам ни се потребни пари и закон за третман на кучињата-скитници. Вака пуштени на улица можат да нападнат и ако се гладни, па дури и ако некој направил нагло движење. Тие се животни што добро помнат ако некој некогаш ги малтретирал и тоа може да биде причина за напад“, вели Драган Алексовски, директор на Ветеринарната болница во Скопје.

Извор http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1895693CFD4A9C489B5A02D994DDABDE

Предаторска агресија кај кучињата
Предаторската агресија во својата комплетна форма има за цел да ја убие жртвата. Таа е директно насочена и кон другите кучиња и кон луѓето
гресијата е чест проблем со кој се среќаваат сопствениците на кучиња. Таа може да биде изразена директно кон луѓе, други кучиња или кон други видови, најчесто мачки. Предаторската агресија во својата комплетна форма има за цел да ја убие жртвата. Таа е директно насочена кон било кој вид животно, вклучувајки ги и другите кучиња и луѓето. Често се случува да се насочи и кон објекти како автомобили и велосипеди. Типично за предаторската агресија е да се избере плен кој трча или се движи брзо. Кога предаторот ќе го фати пленот не ржи, не се заканува и не се обдува да комуницира на ниеден начин со жртвата. Предаторската агресија кон другите кучиња најчесто се изразува од поголемите кучиња кон помалите. Кон луѓето оваа форма на агресија е опишана кај возрасни или деца кои биле убиени од кучиња. Нападите кон бебињата најчесто се предизвикани од звуци и движења кои ги прави бебето. Бебето кое е безбедно во една ситуација (креветче), може да биде во опасност во друга (да лежи на под). Родителите чие куче немало искуства со бебиња треба постојано да го набљудуваат неговото однесување во различни моменти, пред да му овозможат постојан контакт со детето.
Третирањето на овој вид агресија е мошне сложен и долготраен процес кој не ги дава секогаш посакуваните резултати. Во секој случај, зголемувањето на доминацијата на сопственикот како и контролата над песот можат да ги намалат причините за ваквата појава. Друг метод е десензибилизација односно учење на кучето да не реагира на дразби кои предходно кај него буделе агресија.. Казнувањето како метод исто е пракса во вакви состојби, меѓутоа од посебна важност е овој начин да го спроведе друго лице (професионален дресер). Како и другите проблеми, и предаторната агресија полесно се превенира отколку лекува. Кучињата не треба да се охрабруваат да прогонуваат било кого. Како млади треба да имаат контакт со различни видови на животни за што подобро да се привикнуваат на нив и нивните реакции.
 
Убаво кажа Никола, "другите" кучиња имаат сопственик, човек со мозок, кој одговара за него. Тоа е сосем друг случај. Истренирани, издресирани, немој да ги мешаш со уличниве.

А овие се пуштени сами, зашто?
За да ви се направи на вас меракот, да се осеќате добро.

Епа, гарантирај бе, направете една организација "<3 кучиња улични", гарантирајте за сите во Скопје распуштени. А вака, ќе ви се направи меракот, ќе се пуштат, а кога ќе настрада некој, уво не ви чуе. Розови очила?

Само тука има еден проблем! Кучињата со сопственик исто повремено некого напаѓаат или укасуваат понекогаш и со фатални последици па никој не вели сите кучиња со сопственик да се убијат, нели? Така да тука имаме двоен аршин, за едните кучиња привилегиран статус а другите ќе ги убиваме? Не е тоа во ред, како за едно така за сите мора да важи. Или пак ќе правиме класно општесво на привилегирани кучиња и кучиња без право на постоење. Во краен случај тие се таму ради некој човек, не паднале од марс.

Треба едно реално и трајно решение но секако не да се убијат сите, тоа во никој случај не би требало да се случи. Вистинскиот проблем е што некој не сака да даде пари за проблемот да се реши на безболен начин туку се оди на линија на помал отпор со заташкување на ситуацијата со половични мерки.

Јбг сакале несакале кучињата се враќаат на улица,дел се убиваат,уствари не тоа не е убиство тоа е прегладнување до смрт,прскање со црево на вакви температури и слично.

Еве да ве прашам знаете ли како умира куче од глад?Знаете ли колку време треба за едно куче да умре од глад?

Мали новороденчиња ги одделуваат од мајката и умираат а ниеднаш во животот не пробале храна.

Дај нека ги успијат!

Не џабе постојат стационари само не му се даваат пари на некого, тоа е проблемот. Освен тоа зашто едно куче да има помали права од еден криминалец којшто секако нема да биде убиен ако направи насилство кое често знае да биде и со фатални последици. Ако нешто ме нервира тоа се двојни аршини во расудување.
 
Само тука има еден проблем! Кучињата со сопственик исто повремено некого напаѓаат или укасуваат понекогаш и со фатални последици па никој не вели сите кучиња со сопственик да се убијат, нели? Така да тука имаме двоен аршин, за едните кучиња привилегиран статус а другите ќе ги убиваме? Не е тоа во ред, како за едно така за сите мора да важи. Или пак ќе правиме класно општесво на привилегирани кучиња и кучиња без право на постоење. Во краен случај тие се таму ради некој човек, не паднале од марс.

Треба едно реално и трајно решение но секако не да се убијат сите, тоа во никој случај не би требало да се случи. Вистинскиот проблем е што некој не сака да даде пари за проблемот да се реши на безболен начин туку се оди на линија на помал отпор со заташкување на ситуацијата со половични мерки.

Не џабе постојат стационари само не му се даваат пари на некого, тоа е проблемот. Освен тоа зашто едно куче да има помали права од еден криминалец којшто секако нема да биде убиен ако направи насилство кое често знае да биде и со фатални последици. Ако нешто ме нервира тоа се двојни аршини во расудување.

Кажи ми покрај тој третман во стационеров дали мислиш дека е добро и човечки да ги чуваш живи?
 
Збориме за двојни аршини?
Зашто прво не се буниш за месото кое го јадеме сите на маса?
Во ресторани?
На веридби?

Еве, ти лично, вегетаријанец си?
 
Еве пример за Словенија-Љубљана. Едноставно е. Нема кучиња скитници ниту мачки по улиците? Зошто? Пред се владее култура. Не зјаат контејнери, не се фрла храна и триста чуда по улици, нема несовесни граѓани што ги оставаат кучињата на улица... Стационари не постојат бидејќи и нема што да се стационира во нив. Како го средиле проблемот? Па јас би рекол неколку напредни генерации се потребни да размислуваат на друг начин во друго време.
 
Кажи ми покрај тој третман во стационеров дали мислиш дека е добро и човечки да ги чуваш живи?
За тебе е подобро да се убијат?

Збориме за двојни аршини?
Зашто прво не се буниш за месото кое го јадеме сите на маса?
Во ресторани?
На веридби?

Еве, ти лично, вегетаријанец си?
Затоа што ова не е тема за месо и ако почне да збори за истото ќе биде офтопик!
Научи да се концентрираш,бидејќи ефективно ако сакаш да водиш дискусија мора да се оди дел по дел.
Јас сум,за Силен знам дека исто е.
И?
Која следеча небулоза ке ја слушнеме од тебе?
 
За тебе е подобро да се убијат?

Затоа што ова не е тема за месо и ако почне да збори за истото ќе биде офтопик!
Научи да се концентрираш,бидејќи ефективно ако сакаш да водиш дискусија мора да се оди дел по дел.
Јас сум,за Силен знам дека исто е.
И?
Која следеча небулоза ке ја слушнеме од тебе?

Тебе ти изгледам нефокусиран зашто не го пишувам тоа што ти си го "замислила" дека треба да го пишам. Ти си рачунаш дека после твој пост треба да паѓам во несвест, да ги зимам фактите кои ги пишуваш онака здраво за готово, па затоа и вчера 4 поста се влечеше и не даде никаков линк да ги поткрепиш тврдењата.
Мора некој да прави одлуки, не може цело време да си глумиме ние "рамноправен свет". Знам дека ви паѓаат тешко одлуките, али тоа е, човекот на крај одлучува.

А ако убива животни за јадење, сигурно дека не е нешто "лицемерно" ова што се предложи со успивањето. Куче за улица не е, а баш сакам да ги видам тие тестови што ги тестираат кучињата "дали се за улица или за успивање". И да видам каде се примениле и колку се ефикасни.
А да, да видам и во која држава во ЕУ има кучиња на улица.

Али хеј, одговор нема да добијам, бар сум реален. Затоа те молам поштеди ме од правила на дискусија, ако имаш нешто да искоментираш или линк да дадеш, постирај, другото е офтопик.
 
Tи ретардиран си па што не можеш сам да најдеш па ми бараш на мене ја да ти барам ко да си некој слепец?Ако не сакаш да си најдеш сам не просипај дека те завлекува,смешен си колку што си замислен.Нефокусиран си зашто од стационар за бездомни животни се префрлаш на вегетаријанство.Идиотско завлекување на дисукусијата во друг смер.Мислиш дека европските земји се ослободиле од кучињата со тоа што ги убиле сите.Сакаш да одиш во Европа користејки фашистички методи врз животни.Убијте ги сите кучиња,едно ако не остане ако треба да остане на улица.Мизерија!Има и похумани начини за да се тргнат животните од улица тоа што на тебе ти е нај мил фашистичкиот метод,реши се,убиј се по краток поступак и крај е друго дванаесет.
Ај сега пак прашај ме како и барај линкови!
Кажи дека си ретардиран и неспособен да најдеш и ке ти пастирам!

И хеј!Нема да добиеш одговори на ретардирани прашања!
 
За тебе е подобро да се убијат?

Со таков третман кој го имам спомнато погоре,подобро е да ги успијат нели?

Подобро е тоа отколку да ги изгладнуваат до смрт.
 
Tи ретардиран си па што не можеш сам да најдеш па ми бараш на мене ја да ти барам ко да си некој слепец?Ако не сакаш да си најдеш сам не просипај дека те завлекува,смешен си колку што си замислен.Нефокусиран си зашто од стационар за бездомни животни се префрлаш на вегетаријанство.Идиотско завлекување на дисукусијата во друг смер.Мислиш дека европските земји се ослободиле од кучињата со тоа што ги убиле сите.Сакаш да одиш во Европа користејки фашистички методи врз животни.Убијте ги сите кучиња,едно ако не остане ако треба да остане на улица.Мизерија!Има и похумани начини за да се тргнат животните од улица тоа што на тебе ти е нај мил фашистичкиот метод,реши се,убиј се по краток поступак и крај е друго дванаесет.
Ај сега пак прашај ме како и барај линкови!
Кажи дека си ретардиран и неспособен да најдеш и ке ти пастирам!

И хеј!Нема да добиеш одговори на ретардирани прашања!

Само ќе те цитирам, да ти остане постов, да не ти текне што работи изнапиша и да пробаш да го избришеш во рок од 30 мин што имаш.

Али еве, ќе ти пишам во твој стил, на твое "ниво", зар проблем ли ќе ми биде:

"Абе во повеќе европски земји нема кучиња, тие што ги имале биле премалку и имало доста хуманитарци кои ги земале. Ние во Македонија, немаме такви луѓе, јебига. Е сега, има случаи во земјите низ светот каде кучиња гризеле луѓе, осакатувале деца и ред други работи. Затоа, заклучено е според многу луѓе и експерти дека кучиња на улица - bad idea. Секоја земја ги решила со методите кои и биле на располагање и достапни. Ако имале стационар, ги држеле таму додека не ги посвои некој. Ако немале место, барале итно луѓе и во краен случај успивање. Така се реши целиот проблем во другите земји. Линкови не ми барај, гуглај ги, што да ти кажам. Исто така, има една машина која кучињата ги транспортира во резерват во Африка, па можеме неа да ја примениме. Не ми барај линкови за ова, види си Animal Planet 2 саати и ќе сфатиш.
Се што пишав мора да се прифати за апсолутна вистина, во никој случај јас не презентирам линкови, ако некој не верува, нека си закаже боље преглед во Воена Болница, нешто не е во ред со него."

Али хеј, ако ти ме читаш мене, ќе видиш дека јас не викам "ај да ги убиеме кучињава", него кажувам "мора ИТНО да се тргнат од улица".
Затоа и на тебе, Маца_кака и ред други ви барам изводливо решение, бидејќи ако нема место и никој не сака да ги земе, за мене нема друго освен успивање.

Параграфот ќе го болдирам, за да го препрочиташ убаво и да сфатиш дека е битен дел од мојот пост и поента. Ќе биде добро да прочиташ 2 пати, пред да почнеш да ме нарекуваш фашист. Пошто и јас би сакал кучињата да најдат дом, да живеат и да не мора да бидат успиени. Али, со секој ден, секоја недела, се зголемува шансата повторно некого да нападнат - а не смее да се дозволи таков колатерален ризик. Човечкиот живот е далеку побитен од тие на кучињата скитници, ако тоа размислување те нервира кај мене, не знам што да ти кажам.

П.с. Не ми барај линкови, се ова е апсолутна вистина, гуглај со бинг и готова работа.
 
Aww, колку се сwaтки. Како може да сакате да ги успиете???!!/!??

Let's save them with rainbows and butterflies. :angel1:
 
Не е!
Зашто бе мора да биде само или-или?
Како бе Европа и цивилизираниов свет го реши овој проблем?
Мене лично подобро би ми било да ме држи некој гладен можеби некој ќе се сожали и ке ме земе отколку да ме убие со сјај за миење садови во срце како што тоа го прават таму!
Секој кој подржава тортура и убиства на кучиња,kill them all нема основа да се нарече хуман а уште помалце човек.Хуманоста се гледа кога е некој во проблем,кога на некој му е потребна помош а не кога е згрижен и се му е наредено.
Не Димитри,не сум за да се убијат.Не мислам дека е подобро.
и не,немам ставено розови очила,само бирам од две зла кое е помало.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom