ќе му ставиш на едно ќоше земја на терасата и мислам дека треба само таму да моча.
Може е Пинч, ама сепак припаѓа на видот кучиња- а земјичка на тераса е за мачки.[DOUBLEPOST=1396818857][/DOUBLEPOST]
Ме мрзи да барам,како да го одвикнам кучето да моча кај стигне,сакам на тераса да моча.За Пинч се работи ако значи тоа нешто.
Вака сега. Проста рутина ти е. Неколку пати низ страниве го имам пишувано тоа.
Кога станува од спиење- безразлика на кој дел од денот, одма носи го на тераса, значи одма.
Кога ќе пие водичка, од прилике некаде после пола саат мочка, имај го тоа на ум.
Од време на време, од онака, ради тебе што ти текнало пуштај го на тераса.
Али најјглавно од се е, кога ќе направи беља дома, тоа да се исчисти со премногу јаки средства за да не остане миризба на тоа место. Ако треба и неколку пати чистење.
На местото кај што се помочкало (дома), натопи мокрачата на весниче и изнеси ја надвор, на тераса, а местото- чистење. Никако немој да го караш- нема функција ама баш никаква карањето и дерењето.
Ако веќе има место дома кај што си мочка почесто, на тоа место премести му го тањирчето со храна и таму давај му да јаде- не мочкаат и не какаат никогаш таму кај што јадат (за разлика од луѓето).
Во глобала, тоа е тоа, се е само рутина и нормално, ТРПЕНИЕ! Ништо не се случува преку ноќ. На мојот пинч му требаа од прилике 2-3 недели некаде за да научи комплетно да не греши по дома, и покрај тоа што знаеше дека надвор е местото за мочкање, премногу се малечки за да не се заборават додека си играат (бебиња, исто ти е).
Рутина и трпение.
Се надевам помогнав.[DOUBLEPOST=1396819183][/DOUBLEPOST]
Кучето премногу ми се митари,ама кога ќе кажам премногу мислам на едно поминување покрај него фармерките бели,со топки од влакна.И ова се случува преку целата година...што да му давам за крзното?
Ако го чуваш само дома, логично е да се митари преку цела година (со поголема количина во периодите на митарење), поради фактот што се изложени на константна температура и процесот на митарење им трае цела година. Решение ти е редовно тимарење- секојдневно чешлање со фурминатор, четка, ракавици... и покрај тоа што ќе го тимари цело време, пак ќе има влакна по дома (само нешто регулирано, поситно него ли без тимарење). Знам, замарање е, ама и јас проаѓам низ истово со ротвајлеркава, така да... си се фатил за орото- ќе си го играш
