Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
tumblr_n1ujn9zGuL1sn75h6o1_500.gif

aNeRLL6_460sa.gif
 
Да ми кажете квалитетен петшоп низ скопје, а да не се претерува со цените, оти од искуство видов дека ги има некои ненормални. Барам да купам поводник пушти-собери (народски, незнам правилно како се вика) за мојот златен ретривер, што значи поводник што носи 30-40кг. А да си го научам петшопов и за понатаму.
 
https://www.facebook.com/Fauna.Centar ;)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
За парење на куче Samoyed би барат да има некоја си оценка во педигрето....? Некој да ми објасни што како е тоа зошто појма нема си правам некој си мои предпоставки но најдобро е некој што знае да ми каже . Фала ви поздрав
 
Леле па и многу поефтина е Trainer-от :tapp: А пред два дека купив вреќа. Ова позади Мечос нели, чуваат златен ретривер? Имам таму влезено, ах брее..... Фала многу.
Да, позади Мечос се наоѓа, а Златниот Ретривер е на Митко, работи во Фауна и стално си ја носи Ретриверката во дуќан ;)
Можам да кажам дека Фауна е еден од најдобрите и најопремените Пет-Шопови, и воедно со најприкладни цени, а и луѓето што работат таму (Пепи, Митко) се многу пријатни и фини :)

А ти купи Natural Trainer или Trainer Top Breeder ?
Од каде ја купи вреќата, и по која цена ?

За парење на куче Samoyed би барат да има некоја си оценка во педигрето....? Некој да ми објасни што како е тоа зошто појма нема си правам некој си мои предпоставки но најдобро е некој што знае да ми каже . Фала ви поздрав
Прво, ако сакаш да го париш Самојадот, тој мора да има Педигре (Родовник).
Во спротивно доколку нема Педигре, не ти препорачувам да го париш, бидејќи така само се уништува расата.
Второ, ќе треба да го пријавиш на изложба.
На изложба можат да учествуваат само кучиња со Педигре - тоест кучиња со сопствена лична карта ... (бидејќи Педигрето за кучето претставува лична карта).
Кучето што учествува на изложба, треба да добие најмалку оценка 5, за да може да се пари ... оценките од 1 до 4 се непожелни, и укажуваат на тоа дека кучето не ги исполнува стандардите на расата, и несмее да се пари.

Самоједот ти е мажјак или женка ?
 
Да, позади Мечос се наоѓа, а Златниот Ретривер е на Митко, работи во Фауна и стално си ја носи Ретриверката во дуќан ;)
Можам да кажам дека Фауна е еден од најдобрите и најопремените Пет-Шопови, и воедно со најприкладни цени, а и луѓето што работат таму (Пепи, Митко) се многу пријатни и фини :)

А ти купи Natural Trainer или Trainer Top Breeder ?
Од каде ја купи вреќата, и по која цена ?

Прво, ако сакаш да го париш Самојадот, тој мора да има Педигре (Родовник).
Во спротивно доколку нема Педигре, не ти препорачувам да го париш, бидејќи така само се уништува расата.
Второ, ќе треба да го пријавиш на изложба.
На изложба можат да учествуваат само кучиња со Педигре - тоест кучиња со сопствена лична карта ... (бидејќи Педигрето за кучето претставува лична карта).
Кучето што учествува на изложба, треба да добие најмалку оценка 5, за да може да се пари ... оценките од 1 до 4 се непожелни, и укажуваат на тоа дека кучето не ги исполнува стандардите на расата, и несмее да се пари.

Самоједот ти е мажјак или женка ?
Женка, до сега не е носена на изложба.
 
Женка, до сега не е носена на изложба.
Епа еве ти сега одлична прилика да ја пријавиш на изложба, на 15 и 16 март има изложба кај хотелот Белви, последен рок за пријавување ми се чини дека беше 10 март.
Пријавувањето за CAC (на 15 март) кошта 1.000 денари, а пријавување за CACIB (на 16 март) кошта 1.200 денари.
Јас утре ќе ја пријавам мојата Доберманка, ќе се такмичиме на 15 март на CAC (државно првенство) :)

1655961_10201784833362724_1476341757_n.jpg
 
Тоа е супер но сега тој период не сум слободен . Кога е следната изложба каде може да гледам кога почнуват изложби такви работи ..? и дали само во Скопје се одржуват тие или ѓи има и во други градови. Поздрав
 
Следна изложба во Скопје има на 12 април.
Еве ти го официјалниот сајт (http://ksm.org.mk/) на КСМ, ги има сите информации за изложбите, и општи информации за кинологијата.
 
Да, позади Мечос се наоѓа, а Златниот Ретривер е на Митко, работи во Фауна и стално си ја носи Ретриверката во дуќан ;)
Можам да кажам дека Фауна е еден од најдобрите и најопремените Пет-Шопови, и воедно со најприкладни цени, а и луѓето што работат таму (Пепи, Митко) се многу пријатни и фини :)

А ти купи Natural Trainer или Trainer Top Breeder ?
Од каде ја купи вреќата, и по која цена ?

Natural Trainer го хранам + готвен рецепт. Имав многу проблеми со исхраната. Пробав еден куп храни и оваа највеќе му одговара.
Од Аеродром ја купив, ич не ми текнува името сега. Околу 2300

Инаку, мал проблем, ако има некој совет и искуство нека сподели: Готвеното го јаде од чинија, али сувата храна само од земја или од рака. Пробав со различни чинии, пластични, метални, порцелан, но ништо не помогна.
 
Последно уредено:

Стави му го дехидратот во чинијата ... ако несака да јаде од чинија и ако во рок од 10 - 15 минути не го јаде дехидратот од чинија, фино лепо ќе му го тргнеш чинивчето, и ќе му го дадеш истиот оброк дури наредниот ден.
Значи во никој случај не го моли за да јаде, ако несака да јаде од чинија - тоа е негов проблем, а не твој ... така што немој да му ги тераш хировите и да му ја истураш храната од земја или да му ја даваш од рака.
 
Ама и тоа го правам. Не ми ја оставам храната. Али ако не му ја истурам на земја нема воопшто да јаде, туку одбира да го чека следниот оброк, готвеното. Не се прејадува, затоа што се му е дозирано, туку едноставно таа храна не ја јаде од чинија.
 
Епа ако не го изеде дехидратот од чинијата, не му давај готвен оброк наредниот ден ... туку и наредниот ден дај му го повторно дехидратот од чинијата, ако и наредниот ден не го јаде дехидратот од чинија, воопшто да не ти е гајле, тоа не е твој проблем, остај го гладен ако треба и 5 дена, да видиш после како ќе јаде од чинија, има и да ја излиже целата чинија ;)

Сум приметила многу сопственици ги размазуваат своите кучиња, и им ги тераат ќефоите.
Твоето куче си игра мајтап со тебе, знае дека ако не ја изеде храната од чинија, ти или ќе му ја истуриш на земја, или ќе почнеш од рака да му даваш, а ако му ја тргнеш чинијата, знае дека наредниот ден ќе добие готвен оброк, па затоа изводи и нејќе да јаде од чинија.
Треба малце построго ... ако нејќе да јаде од чинија - негов проблем, нека научи дека ако не си го изеде дехидратот од чинија, нема ти да го молиш, па да видиме колку време ќе му трае инатот и колку време ќе издржи да не јаде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom