ОВде кај нас важат законите како им одговараат на џандарите во моментот,тоа ми е јасно.
ZeenaK9 знам дека јас морам со маска да го шетам,обавезно,јас пред се си го штитам да не лапне нешто не дај боже.Туку коментиравме со една колешка,па она ми викаше нешто дека до годинка не требале да носат,па затоа сакав да ве прашам,пошто не ми е логично ова со возраста,моево е огромно магаре уште од пред 3-4 месеци а година ќе правиме дури за неколку дена,па не верував дека баш од годинка се прави некоја разлика.
Морам да си кажам за еден проблем со кој верувам се соочуваме сите,поготово што чуваме поголеми раси на кучиња.
Нема по населбиве паркчиња каде би можеле да ги пуштиме да се истрчаат,мене на пример парк ми е далеку не можам секогаш пешки да го носам,кола немам а такси не ме прима со него.Од друга страна да го пуштам на игралиште кај мене има деца има луѓе што се плашат и знам дека тоа не е во ред,ама ако веќе се бунат да не ги пуштаме така зошто не заградат со една обична мрежа по некој дел во секоја населба,па толку ли е тешко?Тоа и не е некаква инвестиција и не требаат кој знае колку пари.Од една страна ти викаат стави маска не го пуштај има луѓе,а од друга немаш стварно кај да го пуштиш да трча.Многу се нервирам на оваа тема,а кај мене има повеќе игралишта кои не се користат,еден дел можат да заградат да им се сневиди.
И уште нешто,напнав малку ама имам многу прашања низ главава.Не можам никаде да најдам,дали некој знае колку колоичински треба да му давам храна на моево кутре?За 5дена правиме годинка,и сакам да знам дали има некоја грамажа.Зошто не ми изгледа баш дебел,иако кога го однесов на вет ми рекоа дека е ок не е слаб,ама јас сакам да чујам нешто повеќе.Го хранам со дехидрат и манџичка од коски,помешана со морков,ориз и лепче,му менувам.Ама еце да речеме дехидрат конкретно колку грама дневно?