@Аргаси мислиш дека 50 грама би било доволно на ден за куче од 10 кг. Продавачката во пет шопот рече околу 150 грама дневно или 3 пати по 50 грама.
Погрешно ти кажала продавачката, 150 грама Ројал Канин за 2 месечно лабрадорче од 10 килограми е премногу количински.
Како што кажа Ивана Рот погоре, најмногу зависи од тоа колку е квалитетна храната и каков состав има храната.
Штом даваш Ројал Канин, тогаш 50 грама е сосема доволно за 2 месечно лабрадорче, а и самиот ќе си видиш како што ќе расте на секои 10_ тина дена зголемувај му по 10 до 15 грама од дневната количина.
Возрасен Лабрадор ретривер од Ројал Канин треба да јаде по 250 / 300 грама на ден.
да прашам за таблетите за глисти (вермох 6 таб.) треба да се даваат една насабајле и една навечер послем јадење??
Незнам точно како е дозирањето на таблетите Вермох, јас користам таблети Бихелдон и сум презадоволна од Бихелдонот.
Најдобро јави се на некој ветеринар да ти каже точно како да ги дозираш, ако сакаш ќе ти го дадам бројот на Диме, па јави му се и он ќе ти каже како правилно да му ги даваш.
да прашам кучето ми има 5 месеци што вакцина треба да му дадам ,му ја изгубив книшката и незнам сега
Вака сега ...
- Прва вакцина се става на 6 неделна возраст
- Втора вакцина ( прва ре-вакцина ) се става на 10 неделна возраст
- Трета вакцина (втора ре-вакцина ) се става на 14 неделна возраст
Тоа се тие 3 вакцини за имунитет што се ставаат и готово завршуваш со вакцинацијата.
После тоа се става еднаш годишно вакцина за имунитет.
Така да нема таква вакцина што се става на 5 месечна возраст на кученцето.