Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Па, имаш во секој пет-шоп, безразлика колку добро е опремен. Цената ти варира од големината на чешелот, а воедно, мора да знаеш дека тебе ти треба чешел за долго крзно кој не е ист како и тие за кратко крзно. А еве ^ ти кажуваат имаш и на Зелен пазар, само реално, квалитетот на тој чешел ми е сомнителен. За долго крзно мораш да внимаваш да не му го кине крзното, па така да мој совет, земи си дрвен чешел, според мене е најдобар, али реално не е 190 денера, може да е нешто поскап.
 
Фала ви за препораките другарчиња,ќе прошетам деновиве и ќе купам еден.
Ќе гледам да е квалитетен,нема смисла да го скубам кучето и ќе барам дрвен како што кажа ти Ивана.

Фала ви уште еднаш:pipi:
 
Имал некој ваков проблем да кажа како го решил или пак е само момент на адаптација од причина што денеска го најдов малку повесел за разлика од претходните пати кога го оставав сам?

Кученцето сеуште не е прилагодено на новата средина :)
 
Некој да ми каже од каде да купам четка за да го чешлам самоједот?
И колку пари е отприлика,треба да го чешлам досадново мое лавче :pos::pos:

Купи си фурминатор, чини мислам 20 евра ама ќе те спаси ако го чуваш кучето по дома, кажувам по препораки на еден пријател и нет инаку лично немам користено.

Некој да ми каже од каде да купам четка за да го чешлам самоједот?
И колку пари е отприлика,треба да го чешлам досадново мое лавче :pos::pos:

Ти препорачувам чешелот и четката да ги купиш од Фауна.

За Самојед ќе ти треба чешел со густи и ретки запци Steel Comb, чешлај го со ретките запци.
Steel Comb:

stainless-steel-dog-comb.jpg

И четка за расчеткување на влакното Slicker Brush:

lawrence%20original%20slicker%20small.jpg

Секогаш прво користи ја четката, а потоа чешелот.

Купи си фурминатор, чини мислам 20 евра ама ќе те спаси ако го чуваш кучето по дома, кажувам по препораки на еден пријател и нет инаку лично немам користено.

Фурминаторот е фантастичен но тој служи за вадење на мртвото влакно од кучињата, а за секојдневна грижа за влакното потребно е чешел и четка за расчешлување и расчеткување на влакното.
 
Купи си фурминатор, чини мислам 20 евра ама ќе те спаси ако го чуваш кучето по дома, кажувам по препораки на еден пријател и нет инаку лично немам користено.

Јас баш се излажав и се залетав заради истиов клип, верувај не е исто како шо е прикажано. Брка работа али не до толку многу колку што кошта. Реално е премногу скап, ја го купив 1200, а не е ништо посебно. Единствено ти помага за да отстраниш мртво ткиво, а после тоа еден тон влакна ... можеби и ова Арагаси што ти го пиша е добро, али јас пак ќе си стојам на чешел со дрвени запци. Имам искуство со долговлакнести створови, така да само тој му беше спасот ако сакаш квалитетно влакно со убав сјај.
А за собирање на влакната, ракавица ти е поштена работа, не е ни скапа, некои 150-200 ден. зависи од кај ја купуваш.
 
хех,тебе со ротвајлерката ти е лесно,не пуштаат ич влакна,затоа иги сакам кратковлакснестите кучиња :)
 
хех,тебе со ротвајлерката ти е лесно,не пуштаат ич влакна,затоа иги сакам кратковлакснестите кучиња :)
Оф душичко, дојди 15 минути поседи кај мене дома, и мислам ќе почнеш да се гушиш во влакна. Мислиш кратко влакно лесно е?
Па ротвајлер посебно, дупло крзно, секаде влага, не постои никаков начин сите влакна да ги отстраниш. Плус, еве нека не биде ротвајлерот и дуплото крзно, секое куче што е чувано дома и на константна температура, се митари во текот на целата година, не само во одредените периоди... така да...
 
Што знам познавам многу луѓе со ротови,дома ги чуваат,па немаат толку проблеми,вистина малку пуштаат,ама колку да не е е без ич.
Фала што ме исправи,written in the memory :P
 
Што знам познавам многу луѓе со ротови,дома ги чуваат,па немаат толку проблеми,вистина малку пуштаат,ама колку да не е е без ич.
Фала што ме исправи,written in the memory :P

Или се опсесивни со чистење или те лажат, зашо не постои куче што се чува дома а што не се митари, а тоа колку за без ич... па не би рекла, секое утро по една кеса збирање на влакна од под.... верувај не е колку за без ич;)
 
Постои :) тоа е Пудлата ... оваа раса е како измислена за во стан.

хех,тебе со ротвајлерката ти е лесно,не пуштаат ич влакна,затоа иги сакам кратковлакснестите кучиња :)

Охх колку си само грешка да знаеш :)
Сите кучиња и кратковлакнести и долговлакнести ... сите пуштаат исто влакна, само што кај кратковлакнестите кучиња изгледа како да пуштаат помалку влакна бидејќи влакната се кратки и не се гледаат толку многу низ станот, заразлика од долгите влакна кои што полесно се гледаат па затоа изгледа како да догловлакнестите кучиња пуштаат повеќе влакна.

Инаку за во стан да чуваш кратковлакнесто куче е вистински пекол ... тоа ситните кратки влакненца се како иглички и кога ќе се напикаат во тепихот и мебелот, ептем тешко се вадат.
А долговлакнестите кучиња се многу полесни за чување во стан бидејќи влакната што ги пуштаат се долги и полесно можеш да ги собереш.
 
Имав 3 вучјака, 2та ги дадов ми остана уште еден.
Има 1 месец и нешто, па сакам уште од мало да го дресирам (воспитам) да биде добро куче, да слуша.
Видов дека ушињата му се исправани добро сега за сега, и не лае како другите, да р'рже и други работи...
Мислам дека би било добро куче ако го дресирам некако со ваша помош, па кажете некој работи што би помогнале да го дресират кученцето.

Поздрав ;)
 
Постои :) тоа е Пудлата ... оваа раса е како измислена за во стан..

Абе ја за кучиња зборев;) се шалам, општо познато е дека пудлата нема крзно, туку коса, па затоа и не ја стајв како исклучок, кога реков дека не постои куче... бла бла бла ;)
 
пишувам на оваа тема бидејки никој не ми одговори на другата :)
што мислите дали natural trainer е добра храна ???
не сватив од постовите погоре дали пишувате за оваа храна
инако чувам лабрадор 5 месеци стар
цената ми изгледа пристојна 2000ден за 12,5кг
купив повеке типови на ххрани да пробам која највеке ке одговара
natural trainer 190ден кг
royal canin mini junior 390den kg
pro plan puppy original 250den kg
brti puppy all breed 260den kg
royal canin е многу скапа не ми се даваат толку пари
предходно му давав MIGLIOR CANE 1300ден 15кг беше ужасна
 
Исто и мене никој не ми одговара во темата за храна така да ќе си ја пробам среќата тука.
Дали за Royal Canin уште се истите увозници како што пишала Аргаси и дали имате некаков контакт од нив ?
Знае ли некој кој е увозник на Purina Pro Plan ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom