Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки да не знаете каде да се пријави агресивно улично куче, сестра ми има проблем не може ни од двор да излезе од некое агресивно што го имаат на улица.
Полиција
 
Здраво не знам дали е прашанјето за овде но ве молам за совет ако има некој слично искуство: Вака имам малтезерче женско за еден месец ке наполни три години ,а пред две недели купив и мало 2 месечно Ши-цу од тогаш малтезерчето одбива да јаде сува храна на ројал канин и земам јаде само од таа во лименки а понекогаш ја одбива и таа не знам до кога ке продолжи вака но ме загрижува да не и попушти здравјрто а и не знам како да ги зближам повеќе малото сака да си игра но поголемото не и постојано се факат за иста игеачка иако имат исти.
Најголемиот проблем сметам дека е што дома сте и донеле друго куче. И одеднаш на нејзина теритотија каде што она била главна има некој друг на кој вие посветувате многу внимание. Така што кривицата е кај вас во пристапот како сте ги запознале.
Чисто за споредба јас пред 2 недели посвоив второ куче дома (5 месеци возрасно), а веќе имам женка која е скоро 10 години. Пред да го донесам дома 5 дена скоро секој ден дружење во парк, заеднички прошетки и слично никаков проблем немаше кога дојде дома.
Хммм мислев има некое друго место каде пријавуваш вакво нешто, ама океј ќе известам фала на совет
 
Zdravo imam zenka Malinoa godina i 10 meseci stara prv pat dobi na 6 meseci i od togas nema aber da dobie, imam iskustvo so kucinja taka da nemoze da mi promakne da ne ja primetam i slicno, imal li nekoj slicna situacija da dade sovet.
 
Најголемиот проблем сметам дека е што дома сте и донеле друго куче. И одеднаш на нејзина теритотија каде што она била главна има некој друг на кој вие посветувате многу внимание. Така што кривицата е кај вас во пристапот како сте ги запознале.
Чисто за споредба јас пред 2 недели посвоив второ куче дома (5 месеци возрасно), а веќе имам женка која е скоро 10 години. Пред да го донесам дома 5 дена скоро секој ден дружење во парк, заеднички прошетки и слично никаков проблем немаше кога дојде дома.

Хммм мислев има некое друго место каде пријавуваш вакво нешто, ама океј ќе известам фала на совет
Па немаше друга шанса како да ги запознам пред да го донесам малото дома ,донесено е од Србија го купив и однесов дома има само 2 месеци и сеуште не го вадам надвор додека не ги прими сите вакцини.
Сепак благодарам на одговорот.
 
Доколку Малтезерчето го изнесуваш надвор, не треба да има никаков контакт со новото кутре
 
Па немаше друга шанса како да ги запознам пред да го донесам малото дома ,донесено е од Србија го купив и однесов дома има само 2 месеци и сеуште не го вадам надвор додека не ги прими сите вакцини.
Сепак благодарам на одговорот.
Имаше друга шанса како да го запознаеш ниту на продавачот од кај што го зема му одговараше ниту на тебе, он би требало да те врзе директно со одгледувачницата при што би открил колкав процент ти зима и тешко дека би ти го продал, а и да бил комплетно транспарентен он гледал да ти го продаде и да се ослободи од него му е гајле како ќе е кај тебе дома.
Другата опција која не е толку поволна за тебе била да одиш ти во србија и таму да го запознаваш, значи не е дека немало начин.

Чисто за пример јас живеам во Шведска а второто куче го земав од одгледувачница од Македонија, е место да одам на море некаде морав да зимам одмор да возам 2400-2500км во правец, да се снаоѓам за сместување по пат и сите рестрикции кои ги има низ европа за да избегнам проблеми како што наведуваш ти. Да мачно и за мене и за кучињата ама сега не кукам дека имам проблеми и да викам дека немало друга опција.
 
Немој да мислиш дека си направил нешто ваууууу.. си патувал 2.500 километри да запознаваш кучиња :pos:
 
Па немаше друга шанса како да ги запознам пред да го донесам малото дома ,донесено е од Србија го купив и однесов дома има само 2 месеци и сеуште не го вадам надвор додека не ги прими сите вакцини.
Сепак благодарам на одговорот.
Малтезер - суета у плафон . Немој се некој нив да ги повреди , да им наштети … Такви се плачковци од кучиња , карактерна особина им е , посебно на женките. Не и се секирај , ако немала контакт со други кучиња до сега , сега дури да се навикне малку ќе изведува што се вика , ќе протестира и сл . Но ќе види дека нема друг избор и ќе прифати …
 
Немој да мислиш дека си направил нешто ваууууу.. си патувал 2.500 километри да запознаваш кучиња :pos:
Не мислам дека сум направил нешто вау и повеќе патуваат луѓе за да запознаат кучиња пред да донесат дома, ама затоа и не прифаќам одговор немаше можност за запознавање од Србија ми го донесоа
 
Малтезер - суета у плафон . Немој се некој нив да ги повреди , да им наштети … Такви се плачковци од кучиња , карактерна особина им е , посебно на женките. Не и се секирај , ако немала контакт со други кучиња до сега , сега дури да се навикне малку ќе изведува што се вика , ќе протестира и сл . Но ќе види дека нема друг избор и ќе прифати …
Такви се додека не им се купираат ушите. После личат и се однесуваат како вистински кучиња
 
Ако може некој да ми помогне за совет, или пак има искусено ваков случај...Се работи за 14 годишен пинч, женка, живее во стан, навечер почнува да се однесува како уплашено, скока хаос прави иако преку ден се е најнормално и ја чуваат беспрекорно.
 
Се работи за 14 годишен пинч, женка, живее во стан, навечер почнува да се однесува како уплашено, скока хаос прави иако преку ден се е најнормално
Моето куче после епилептичен напад така се однесува: уплашено, ништо не препознава, душка насекаде, како одново мирисите да ги дознава. Може имало кучето епилептичен напад, а не го забележале?
 
Немој да мислиш дека си направил нешто ваууууу.. си патувал 2.500 километри да запознаваш кучиња :pos:
Jas odev za Amerika dva pati za da gledam izlozba, a ne pa za da biram kuce :) so godini cekam za kombinacijata koja se nadevam deka naskoro ke se sluci. Toa e bolest :)
 
Добра вечер … ај некој нека каже некое ефикасно средство против крлежи … го изнесов вчера кутрево кај другар у двор и еве сега му отепав 7 крлежи … бтв има огрлица , болви нема , ама слабо ќе да е делотворна против крлежи …
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom