KSC #353 - Chris Rea

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.381
Поени од реакции
27.333
Дизелдорф, Германија е најдалечното место каде што сум отишол со цел да присуствувам на концерт. Се испостави дека таа турнеа "Road Songs for Lovers" ќе му биде последна. Комбинацијата на рапавиот глас и нежноста на блузерската гитара носеа меланхолија каква што ретко кој друг можеше да створи. Ми се чини дека го засакав од кога прв пат слушнав нешто негово, кога и да беше тоа. И, за мене лично, ретко за било што друго од музичкиот свет би се нафатил да пропатувам 2000 километри. Денес му бил денот да замине од овој свет.

KSC #353 ќе ја посветиме на Chris Rea. Секој април на ѕид кај мене ја ставав Looking For The Summer. Овој пат ја ставив и денес.


 
Нека победи. RIP тема е, која и да мислат луѓево дека треба да победи и дека најмногу му го одбележала творештвото, таа нека биде.
 
... дали по грешка или ми се допадна опаковката од Југотон ја зедов новата касета појма немав кој е, од тогаш секогаш неговите песни ми даваше некој духовен мир, штета, најдобрите бргу си заминуваат,
Нека почива во мир!

,
 
Значи и Крис се одјави...штета. Мој предлог ќе е песната со која го запознав , негде при крај на 80тите прв пат го слушнав/видов на MTV со оваа песна

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom