Крв во столицата

  • Креатор на темата Креатор на темата msb73505
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 ноември 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво,

Денеска ми се случи нешто што ме потресе па сакав да прашам за искуство/совет... Имав крв во столицата, нешто што никогаш не ми се има случено, и незнам колку е сериозно и дали ќе помине за ден два или мора под итно да се оди на лекар... Побарав на гугл и пишува дека за ова може да има разни причини, и дека меѓу другото може да биде рак или хемороиди... Ама за рак пишува дека тоа најчесто се случува само кај повозрасни (над 50 години) а јас сум 20, така да не верувам да е до толку, башка ова прв пат ми се случува, не е некоја редовна појава недела/и или месец/и, ама сепак ми изгледа страшно :/

Не чувствувам никаква болка ама очигледна беше крвта по нуждата...

Се мислам да пробам уште едаш да одав во WC до вечер и да видам дали е исто, ако е ондак ќе мора да одам на лекар утре задутре... Највеќе ми е страв да не имам хемороиди - знае ли некој како точно се добиваат тие и како се лечат?

Многу се гадам од вакви работи и сеа откако ми се деси мислам дека ќе се онесвестам ако морам да идам на лекар и ако испадне дека е нешто сериозно или треба да зимам лекови или што и да е ондак у ПМ. Дај пишете дали на некој од вас му се има десено вакво нешто или дали знаете колку е страшно или што би било доколку стварно иам хемороиди (што се надевам дека не е)...

фала однапред
 
Одговорот е едноставен гнасен и вистнит: Имаш сува столица, што предизвикало пукање на некој капилар, како што кажа самиот не ти е редовна појава ; прв пат ти било. Од претерано сува столица се појавува на појава на крв заради неподмачканото исфрлање на столицата. Не се плаши, јади си поќе течности супи манџај си, и се ќе биде во ред.
 
Не, ништо такво :/ (ова беше за тоа дали сум јадел семки)


(до Sextasy) Тоа могуче да е вистина пошто во последно време (отакако се иселив од дома и почнав сам да се хранам) многу нездраво јадам и ретко јадам супи и манџи (и увјек си викам дека морам да почнам асално да се хранам ама на крај пак ништо не правам)... Ама очигледно станало алармантно лол Фала на одговорот, се надевам дека си во право за тоа и дека ќе се нормализира брзо... :)
 
Може да се хемороиди , а ако продолжи крвава столица и во наредните денови, исконсултирај се со лекар бидејќи може да е некое друго заболување.
 
Хемороиди се гарант, ништо страшно се јавуваат од предолго седење, тврда столица,и премногу напнување при вршење нужда, многу важно е да одржуваш хигиена по извршена голема нужда сапун и вода обавезно тоа им помага во заздравување и можеш да си купиш модолекс маст да се мачкаш доколку продолжат симптомите.,
 
Точно, големи се шансите да се хемороиди, ако се внатрешни неможеш ни да знаеш дека ги имаш освен кога ќе ја видиш крвавата столица. А ако се надворешни.. околу аналниот отвор тогаш веќе ќе знаеш дека за тоа станува збор.
Најубаво ако ти се повтори тоа пак, иди на лекар да ти кажат точно во што е проблемот.
 
Со ваква работа не си играјте квиз ,може да е внатрешно крварење,да си одиш одма на лекар не чекај ни 5 минути.
 
ЛЕлее аман не го плашете детето внатрешно крварење хаха ако е тоа треба да повраќа крв и да нема здив, и низок крвен притисок
http://www.medicinenet.com/internal_bleeding/page3.htm#symptoms дете ако знаеш енглески провери си ги симптомите иначе ова е најобично хемароидче и немај гајле само хигиена потечна храна и модолекс!!! друго нема
 
Мој совет друже ти е никој од овие да не ги слушаш дека се самопрокламирани доктори -.-
Најдобро на лекар ќе ти извршат преглед и ќе ти кажат што како е.

А за вас останатите малце размислете пред да пишете некоја глупост, значи за џабе го плашете дечкото кога ни самите не сте сигурни дали се хемороиди или не, ко да сте во негова кожа па знаете што е. Дај прекинете да изигравате Хаус -.-
 
Според симптомите, а и од лично искуство веројатно имаш пукнат чир на желудникот или дванаеспалачно црево. Прво и основно не треба ништо да јадеш и пиеш и веднаш да се јавиш на доктор, ако досега веќе не си го сторил тоа.
 
Ако крвта е црвена, се забележува на изметот - можно е да е поради хемороиди.

Значи ако крвоизливот е во желудник или дуоденум крвта не е црвена (не се ни гледа крв), туку изметот е црн (темен) - мелена. Шо ќе рече според тоа што ти го кажа не се работи за тоа.

Сеа тешко е вака да се каже, може и да не е крв, а да си јадел нешто со црвена боја. Може да е крв од хемороид - ко што кажаа многумина пред мене.

Моја сугестија е да си отидеш на лекар да те прегледаат. Нема ништо страшно ниту пак срамно.
 
Според симптомите, а и од лично искуство веројатно имаш пукнат чир на желудникот или дванаеспалачно црево. Прво и основно не треба ништо да јадеш и пиеш и веднаш да се јавиш на доктор, ако досега веќе не си го сторил тоа.

Ти со сите ли си ? Каков чир, каков дванаеспалачно црево, ќе чувствува болка во стомакот да станува збор за тоа. Крв во столицата е честа појава, како што кажаа претходно се јавува како последица од тврда столица и слично. Оди на преглед во секој случај, ако не прекине во скоро време, иако не верувам дека може да исчезне за помалку од барем една недела...
 
“доктори“ ај истепајте се ако не, чоекот праша за обичен совет, сите си изигравте доктори се испојачавте еден на друг, а 99% зборите од искуство на комшијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom