- Член од
 - 17 март 2005
 
- Мислења
 - 11.493
 
- Поени од реакции
 - 1.592
 
Одлично, што повеќе нека се развива негативниот однос кон нив.
Еве и во Словенија се на тапет.
Големо незадоволство владее во словенечката јавност поради помошта која Еврозоната и ја намени на Грција, а сомнеж во успехот на целата акција отворено искажуваат и одредени државни функционери
Словенија како членка на еврозоната се обврза дека ќе обезбеди 384 милиони евра поволен кредит во рамки на својата 0,48 отскокна квота за пакетот од 80 милијарди евра, со кој земјите членки на еврозоната во наредните три години ќе се обидат да и помогнат на презадолжената Грција.
Во Љубљана владее огромна скепса околу начинот на солидарната помош за Грција, а официјални претставници на државата отворено се сомневаат во целата операција.
„Под знак прашање е дали мерките на грчката влада ќе бидат доволни за консолидација на нејзините јавни финансии и дали нема да биде неопходно да се бараат нови извори на финансирање“, изјави словенечкиот министер за финансии Матеј Лаховник.
Тој стравува дека најавеното зголемување на ДДВ-то, укинувањето на тринаесеттата плата и останатите мерки нема да бидат доволни.
Според Лаховник, основниот проблем на Грција е големиот опсег на сивата економија и предимензионираниот јавен сектор во однос на останатите европски држави.
Познатиот словенечки макроекономист Јоже Менцингер изрази уверување дека средствата кои ќе бидат дадени во облик на заем за да се извлече Грција од кризата ќе значат однапред изгубени пари за државата која го одобрила кредитот.
„За да може Грција да врати толку висок кредит или барем да ги враќа каматите, ќе мора да остварува годишна стапка на раст од десет отсто и да има буџетски суфицит, што воопшто не е предвидено“, смета Менцингер.