Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.657
- Поени од реакции
- 31.886
- Возраст
- 34
Во однос на вториот аргумент, доколку криминалитетот не постои, тогаш нема ни да има потреба за борба против него, затоа што не може да се води борба со нешто што не постои (тоа е донкихотизам).
Инаку, за прогресот што го носи криминалитетот, тој се однесува на прогресот и развојот на методите и начините за негово ефективно и ефикасно сузбивање.
Впрочем, ако криминалитетот е добра појава, зошто тогаш истиот се забранува!?
Претерано зголемување на криминалитетот како и претерано опаѓање секогаш наговестуваат некое значајно општествено нарушување. (веројатно за контролирање во одредени граници, оти ако се поминат тие, било надолу, било нагоре, тогаш е лоша работата)