- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 33.468
- Поени од реакции
- 69.567
И шо е поентата на тоа да си мафијаш а да не доживееш ниту 40? Има нешто поетско у тоа да умреш млад, или јас не разбирам?
Со многу восхит се зборува за ваков калибар на луѓе, глобално насекаде не само на Балканот. Некни гледав емисија за италијанската мафија кој ја формирал па кој наследува престоли на фамилии, абре скоро ниту еден немаше да проживеал над 45. Ретко можда некој јак бос кој воопшто и не видел никаква акција на улица и води се преку канцеларија.
Сите се водат по девизата, подобро еден ден да го проживеам како лав, отколку цел живот како овца. Оваа небулоза е кажана во милион филмови, во милион документарци. На прва ми текнува на Гишка од Србија, и оној 18-годишниот Бане од Видимо се у Читуљи, кој велеше дека што тој проживее во еден ноќ, обични луѓе не можат за 3 животи.
Ти ги замисли како мексички босови та обезбедување та калаши та митралези а магарињава се следени на секој чекор.
Ништо такво. Парите кои ги имаат се ненормални, возниот парк на Шеваљ е сигурно преку 2 милиони евра. Она што сакав да кажам е дали до толку биле убедени дека се недопирливи, па да шетаат сами. Пари за плус обезбедување сигурно имаат. Еден испрдок од криминалец како Кристијан Голубовиќ понекогаш шета со обезбедување, та овие.