MIKI1 може ли (по втор пат) те замолувам, да не ми ги расцепкуваш постовите, и не само моите, оти нема ниту прегледност, ниту пак се доловува поентата. Вака трчам по неколку страни да видам од кој дел си ме цитираш, што и како било кажано.
Дај болдирај со различни бои, стај им бројки за да ги поделиш, но немој вака, ако може, се разбира.
Јас не знам стварно на што воопшто мислиш и за кој став околу протестанство и правславие. Не мора да го бараш, парафразирај го , оти стварно не знам на што мислиш.
Велиш не може на два господари да се служи, не може и Исус и Мамон да бидат господарите.
Јас прашувам зашто воопшто да има господар, кога веќе е даден разум и слободна волја?
Нејсе, то и не е многу битно, бидејќи е јасно отпилика што ќе одговориш.
Побитно е тоа што одредени персони во Црквата си земаат за право да ставаат некакви замислени црвени линии на одредени науки, и да ги категоризирата како угодни или неугодни, читај кавазинауки, без приота да имаат овоземски кредибилитет да го сторат тоа.
Се повикуваат на кредибилитет даден од Исус, а никој не знае кога, како и што направиле, дури и таквиот кредибилитет да го здобијат.
Црквата го губи се повеќе влијанието, ако и не е изгубено целото, не поради влијанието на сивата еминенција и Мамон, туку поради нивната немоќ да се соочат со напредокот на човештвото, и се кријат зад авторитети, кои никаде не го тврделе тоа. Уште повеќе можеби Мамон токму кај нив го насочил своето влијание, ама тоа не го ни помислуваш, а прашањето е зошто?
Јас никаде не сум прочитал дека Исус е против медицината или против било која наука.
Може не сум ја прочитал библијата, ама ниту еден осврт на неа од лица кои ја читале, не укажува дека Исус го говорел тоа.
Ако учењето на Исус е Хриситјанството, јас не гледам зашто некој друг би вметнувал разноразни толкувања на неговото учење, освен за лична корист.
Уште повеќе е сомнителен фактот, што и протестантското видување на Хриситјанството, кое го нуди
Чорбаџија, веројатно и некое католичко видување, е отфрлено априори. Зошто?
Дали ти се сметаш себе си, дека си персона која знае што поучувал Христос, и веќе има свесност, каква што тој ја барал?