Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Чедо Божјо,

она кое прво треба да го увидиш, тоа се нештата кои Ти се „фабрички„ вградени, уште од Твоето зачнување, а од кои не можеш да побегнеш, небитно до каде си заглавил во лај...пардон, во гагата, со сето свое битие: со дух, со душа и со тело.

како бе така уште од зачнување сум се заебал? во какви тоа лајна сум заглавил?
Само јас ли? Или сите тоа? Значи ли тоа дека и ти од зачнување си заглибил во дип шит?

Така, чедо Божјо, ако уживаш во лагата, до извесна мера не си Ти виновен: виновен е пред се‘, Светот околу Тебе, кој така Те научил уш‘е од пелени, а отпосле доаѓа и Твојата вина, оти сакаш да се прпелкаш во лагата, а нејќеш барем да слушнеш и за троа поинаква вистина од лагата која Те сардисала.

Епа еве ајде научи ме.. бетонот од глава го тргнав.. лајната ќе ги исчистам, не е проблем..
Еве верувам дека се е лага и не сакам да се препелкам повеќе во лагата..

Сакам тебе да те слушам да ми ја кажеш вистината и да ме избавиш од лагата шо ме сардисала...

Така, ако немаш можност да споредиш две или повеќе учења, од каде би можел да расудиш дали „едното„ или „другото„ или „третото„ се точни и вистинити, а цел Божји ден слушаш една и иста вистина, а притоа не си се запрашал зашто е тоа така, веќе имаш проблем со расудувањето за природата од нештата...
--- надополнето: 23 април 2013 во 22:53 ---

Еве ајде. .сакам да ме научиш за едната вистина, со душа и срце и полна божја воља се предавам на учењето за едната и единствена вистина...

Еве, се прашувам: Зошто е тоа така?

Веќе реков: не е битно, еве прифаќам и така да е...небитно ми е, оти имам поинакво објаснување за истата работа.

Епа кажи де кое е тоа поинакво објаснување.. нели реков дека сакам да учам од тебе? Да ми бидеш Гуру.. као Харе од Архангел...
 
Атеист,
седи си мадро, на страна од муабетов...
Е на, шо ќе те викнам на пиво.:D
Цело време маткаш, тркаш, се прпелкаш во ла... мислам лагата де. Ајде еден доказ за тоа младата земја и за универзумот.
 
Е на, шо ќе те викнам на пиво.:D
Цело време маткаш, тркаш, се прпелкаш во ла... мислам лагата де. Ајде еден доказ за тоа младата земја и за универзумот.

Доказ ќе Ти донесам, у живо, ко ќе се најме на пиво...:D
 
Кажете коа ќе завршат MEDDLE и MIKI1 со взаемното проифаќање на дефиниции:D

Абе немој така.. па од вчера сум препороден верник. .сакам Мики да ме научи на едната вистина..

Признавам сум грешел и сум газел во лајна.. и тоа тешки лајна.. но сега знам дека згрешив и дека не сум бил меѓу праведните.. но имам желба и волја да научам, а тоа Мики најдобро го знае.. така да само го прашував за некои воведни дефиниции и поими, а во кои не бев сигурен нит свесен дека се такви какви што ги кажува Мики..
Сега ми е полесно и сега разбирам и верувам..
 
Доказ ќе Ти донесам, у живо, ко ќе се најме на пиво...:D
Знам, десет пати досега го носеше и никако да го донесиш. Типично кога нема одговори нели? Не ми кажувај колку и каде другите не се во право. ТИ докажи зошто си во право.
 
Епа еве ајде научи ме.. бетонот од глава го тргнав..
.

MEDDLE,

бетонот од главата се‘уште не си го тргал, оти самиот не се „тргиња„, освен ако не Ти е тоа „тргинање„ дадено „од озгора„, од самиот Бог, а јас сум 100% убеден дека имаш уште ист бетон, МБ80 во главата, оти чудата Божји не се случуваат „секундарно„ и со изразување лична желба, туку ако претходно си Го барал и си Го сретнал Бога....

Така, можеме до смрт да се надмудруваме, а Ти на секое мое укажување или побјаснување, по било кој основ, ќе си наведеш некоја од веќе познатите овосветовни еклектични вистини и „доскочици„ со кои можеш да ја „побиеш„ од Бога откриената вистина.

Трај си, барај Го Бога...ако Ти е волја, разбира се, а ако не, уживај во своите тековни убедувања.
 
Ама Мики.. сакам ти да ме воведеш.. јас сам не знам како!
 
ТИ докажи зошто си во право.

Материјалните нешта се докажуваат со материјални вистини.
Духовните нешта се докажуваат со духовни вистини.
Духовните нешта не се докажуваат со материјални вистини-и обратно.

Наместо од мене да бараш докази, кои нема да ги прифатиш никако, колку и да се убедливи, дај троа ѕирни во себе и проаналзирај за состојбата од своето битие, а како огледало за таа анализа, користиги пред се‘ Божјите Заповеди и Христовите блаженства...Ќе имаш што да видиш, а не со мена да се замараш или од мене докази да бараш.
--- надополнето: 23 април 2013 во 23:12 ---
Ама Мики.. сакам ти да ме воведеш.. јас сам не знам како!

Не знам ни јас: Господ Бог не н‘и остави готов рецепт, но ни‘ остави насока: барајте и ќе најдете.
Да Го бараме Бога, нормално...
 
Материјалните нешта се докажуваат со материјални вистини.
Духовните нешта се докажуваат со духовни вистини.
Духовните нешта не се докажуваат со материјални вистини-и обратно.
Јас не спомнав материјална вистина. Дај то духовната, цел и задача е Один да го пронајдеш, не Кришна или Јахве или Алах. Зошто твојата Духовна логика е Подобра од таа на старо Нордијците? Имаш една Духовна логика против друга. BTW си верувал некогаш во Один?
 
BTW си верувал некогаш во Один?

Да, верував, ама тоа траеше 2-3 дена и ми помина...:icon_lol:
--- надополнето: 23 април 2013 во 23:21 ---
Дај то духовната, цел и задача е Один да го пронајдеш, не Кришна или Јахве или Алах.

Вистинкиот Бог не е богот за кој можеш да научиш од извесен запис, туку е оној Бог, кого душата Твоја ќе го препознае за свој Творец.
Задоволен?...:)
Ете, Ти наведов малку духовна вистина.
 
Да, ама тоа траеше 2-3 дена и ми помина...:icon_lol:
Утре в црква да си се исповедаш, Девета божја заповед штотуку ја прекши.
(да не ти речам директно, лажеш како не ти е срам)

Вистинкиот Бог не е богот за кој можеш да научиш од извесен запис, туку е оној Бог, кого душата Твоја ќе го препознае за свој Творец.

Мојата го признава Один, сите други се лажни. И твојот бог е од записи.
 
Не знам ни јас: Господ Бог не н‘и остави готов рецепт,

Е како тоа не знаеш?

но ни‘ остави насока: барајте и ќе најдете.
Да Го бараме Бога, нормално...

Епа кажи ми ја насоката.. како ти си го нашол Бога.. ад можам и јас да се угледам и да сфатам шо е тоа шо ми фали...
 
Утре в црква да си се исповедаш, Девета божја заповед штотуку ја прекши.
(да не ти речам директно, лажеш како не ти е срам)

....(y)...

Кој прекршил една од Заповедите, ги прекришил сите 10 одеднаш...
--- надополнето: 23 април 2013 во 23:24 ---
Е како тоа не знаеш?
.

Не знам: Црквата нема рецепти за се‘ и сешто. Секој од нас е уникатно Божјо творение и како такво треба да Му пријде на Бога, а не по готов шаблон.
--- надополнето: 23 април 2013 во 23:26 ---
Епа кажи ми ја насоката.. како ти си го нашол Бога.. ад можам и јас да се угледам и да сфатам шо е тоа шо ми фали...

Еве што му одговорив на Атеист, цитирам:

„...Наместо од мене да бараш докази, кои нема да ги прифатиш никако, колку и да се убедливи, дај троа ѕирни во себе и проаналзирај за состојбата од своето битие, а како огледало за таа анализа, користиги пред се‘ Божјите Заповеди и Христовите блаженства...Ќе имаш што да видиш, а не со мена да се замараш или од мене докази да бараш....„

Завршен цитат.

Повеќе од ова, не можам да Ти понудам, оти не сум свештеник за да Те водам во верата, а како обичен верник, имам ограничувања од Црквата во моето брлавеење и своеглавост кон другите луѓе....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom