Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Битие 8
19.И сите животни, сите лазачи, сите птици - сите созданија што се движат по земјата - излегоа од бродот, вид по вид.
20.И Ное Му изгради жртвеник на Господа; зеде од секое чисто животно и од секоја чиста птица и принесе на жртвеникот жртви паленици.

Како продолжиле да се размножуваат ако Ное жртвувал по едно од нив?
 
ооо почна црквата да се повинува на научните докази ?!

Напротив: вероучението е насочено пред се‘ кон човековата духовност, а не кон Светов.

Но, како што вели Диадох, човековиот ум, после падот Адамов, е способен да прифаќа два типа вистини: духовни и овосветовни, така науките не и‘ се толку туѓи на Црквата, оти Црквата постои пред сите денес познато науки.
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:10 ---
се реформирате, значи имаме промена на континенти мориња и океани, имаме животни видови на едно место кои ги нема на друго, имаме разлики од животен вид од место до место, како што свти Дарвин увиде дека од остров до остров истите животни се разликуваат што го објјаснил со еволуција и прилагодуваат на специфични услови на живот..

Дарвин „научно“ го „докажа„ она кое е очигледно така?...:icon_lol:
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:12 ---
Имаме и различни раси на луше, имаме кинези, абориџани, пигмеи, масаи, индијанци, ариевци иако потекнуваат сите од Ное и неговите синови но некако со тек на време смениле раст, боја на кожа, облик на лице, усни, нос, коса.... имаме промени со тек на историјата.

Да, имам(е) промени ,тоа е уште поочигледно...
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:13 ---
Имаме еволуција (секако со божја благослов и допуштање) но имаме.

Немаме еволуција: напросто, го немаме она кое е непотврдено, но затоа имаме уште една атеистичка вера: еволуционизмот.
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:16 ---
Битие 8
19.И сите животни, сите лазачи, сите птици - сите созданија што се движат по земјата - излегоа од бродот, вид по вид.
20.И Ное Му изгради жртвеник на Господа; зеде од секое чисто животно и од секоја чиста птица и принесе на жртвеникот жртви паленици.

Како продолжиле да се размножуваат ако Ное жртвувал по едно од нив?

Колку време поминало откако Ное и животните се „искрцале„ па до моментот кога Ное принел жртви сепаленици?...:)

Од стиховите, очигледно е дека Ное и животните се истовариле, па Ное тек тогаш почнал да ѕида храм па откако храмот бил соѕидан, Ное дури тогаш можел да принесе жртви....Така?
 
Не е така затоа што непишува никаде дека поминало време за да се размножат животните. Но кога по секоја цена во апсурдот ќе бараш смисла, тогаш имало време и за ова, и кенгурите без проблем отишле во Австралија, и растенијата немале гајле 150 дена под вода, и арката од 137 метри била сосема доволна за сите видови на животни.....итн, итн.
 
Напротив: вероучението е насочено пред се‘ кон човековата духовност, а не кон Светов.

Но, како што вели Диадох, човековиот ум, после падот Адамов, е способен да прифаќа два типа вистини: духовни и овосветовни, така науките не и‘ се толку туѓи на Црквата, оти Црквата постои пред сите денес познато науки.
Не баш. ~2000 години п.н.е. постојат математички записи од областите алгебра и аритметика. Е сеа ако под црква ги земаш вавилонските и египетските храмови, тогаш во ред, нека биде така.
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:22 ---
Како продолжиле да се размножуваат ако Ное жртвувал по едно од нив?

Инцест. Најстариот начин на размножување познат на човештвото, според библијата се разбира.
 
Не баш. ~2000 години п.н.е. постојат математички записи од областите алгебра и аритметика. Е сеа ако под црква ги земаш вавилонските и египетските храмови, тогаш во ред, нека биде така.

Црквата не се занимава во своето учење со математика по ниту еден основ, а Вавилон и Египет се засебни цивилизации, кои со Црквата немаат допирни точки.
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:24 ---
Не е така затоа што непишува никаде дека поминало време за да се размножат животните. .

...исто како што не пишува дека Ное, само што излегол од арката, веднаш се впуштил во ѕидање храм...Така?
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:27 ---
Но кога по секоја цена во апсурдот ќе бараш смисла, тогаш имало време и за ова, и кенгурите без проблем отишле во Австралија, и растенијата немале гајле 150 дена под вода, и арката од 137 метри била сосема доволна за сите видови на животни.....итн, итн.

Да, растенијата навистина преживеале под вода, а плуст тоа, Ное имал и храна во арката од растително потекло.

Арката била димензионирана крајно точно и прецизно, онака како Бог му даваше инструкции на Ное, што значи дека Бог точно знаел колку треба да биде голема арката за да ги собере Ное, неговото пошироко семејство, животните и храната за нив, за да можат да го преживеат Потопот.
 
...исто како што не пишува дека Ное, само што излегол од арката, веднаш се впуштил во ѕидање храм...Така?
Не пишува дека му изградил храм, туку жртвеник.
Noah2.jpg
 
Не пишува дека му изградил храм, туку жртвеник.

Нека е и жртвеник, еве, моја е грешката.

А храмовите, за што служат, ако не за принесување жртви?
 
MIKI1 neli gledas deka samo go negiraat toa sto ti kje go kazes?

Ostavi gi neka odgovorat sto oni znaat za evolucijata i kako tie ja razbrale, pa posle toa kje im iznajdes milion falinki.
 
Да, растенијата навистина преживеале под вода, а плуст тоа, Ное имал и храна во арката од растително потекло.

Арката била димензионирана крајно точно и прецизно, онака како Бог му даваше инструкции на Ное, што значи дека Бог точно знаел колку треба да биде голема арката за да ги собере Ное, неговото пошироко семејство, животните и храната за нив, за да можат да го преживеат Потопот.
Ако нивото на водата го покрило секој планински врв на земјата, водениот притисок би се искачил некаде околу 500 до 800 килограми на сантиметар квадратен, непостои растение на планетава ниту семе што може да опстои 150 дена под вода и на таков притисок.
Плус, денес се евидентирани околу 8,7 милиони видови животни, на земјата, повели линк: http://www.nytimes.com/2011/08/30/science/30species.html?_r=0
Сместување на седум единки од 8 милиони видови на животни во дрвен брод од 137 метри е едноставно невозможно!
 
Црквата не се занимава во своето учење со математика по ниту еден основ, а Вавилон и Египет се засебни цивилизации, кои со Црквата немаат допирни точки.
Погоре рече
Црквата постои пред сите денес познато науки.
.
  1. Математиката е наука
  2. Постои од ~2000 п.н.е.
Дали црквата постои пред математиката како наука?
А тоа дека црквата не се занимава со наука не е точно. Едно минато,мрачно,сурово, време, црквата сакала со помош на науката да ги зацврсти своите догми. Кога се докажало дека не ѝ чинат наодите од истражувањата почнува прогонот на научниците и стигматизацијата на научниците.
 
MIKI1 neli gledas deka samo go negiraat toa sto ti kje go kazes?

Да, негацијата е „..линија на најмал отпор...„ :icon_lol:
Зашто да прифат објавена вистина, кога можат (само вербално!) да ја негираат истата?
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:43 ---
  1. Математиката е наука

Добро. И?
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:43 ---
  1. Постои од ~2000 п.н.е.

...и претходно...
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:45 ---
Дали црквата постои пред математиката како наука?

Не ми ги извртувај зборовте: напишав дека Црквата пости пред денес познатите науки, што значи дека пости пред нивната појава/одвојување од философијата, во времето од раниот и средниот 19-ти век, кога се востановени повеќето денешни природни науки.
 
Битие 8
19.И сите животни, сите лазачи, сите птици - сите созданија што се движат по земјата - излегоа од бродот, вид по вид.
20.И Ное Му изгради жртвеник на Господа; зеде од секое чисто животно и од секоја чиста птица и принесе на жртвеникот жртви паленици.

Како продолжиле да се размножуваат ако Ное жртвувал по едно од нив?
Од чистите животни зел повеќе, од нечистоите сзел само по 2 додека од чистите по 7 пара

2 Земи со себе од сите чисти животни по седум двојки: машкото и неговата женка.
3 Исто така од небесните птици по седум двојки - машкото и женката - за да им се запази семето на земјата.
Битие 7
 
А тоа дека црквата не се занимава со наука не е точно. Едно минато,мрачно,сурово, време, црквата сакала со помош на науката да ги зацврсти своите догми.

Ајде, биди првиот човек, кој на Светов ќе му докаже нова вистина: Црквата сакала со помош на науката да ги зацврсти своите догми???....:confused:
 
Не ми ги извртувај зборовте: напишав дека Црквата пости пред денес познатите науки, што значи дека пости пред нивната појава/одвојување од философијата, во времето од раниот и средниот 19-ти век, кога се востановени повеќето денешни природни науки.

Но, како што вели Диадох, човековиот ум, после падот Адамов, е способен да прифаќа два типа вистини: духовни и овосветовни, така науките не и‘ се толку туѓи на Црквата, оти Црквата постои пред сите денес познато науки.

Извини, некако сум бегал од часови по читање мисли.
П.С.
Астрономијата ќе ја сметаме за наука изведена од филозофијата или за наука која датира пред Христа?
 
Ако нивото на водата го покрило секој планински врв на земјата, водениот притисок би се искачил некаде околу 500 до 800 килограми на сантиметар квадратен, непостои растение на планетава ниту семе што може да опстои 150 дена под вода и на таков притисок.
Плус, денес се евидентирани околу 8,7 милиони видови животни, на земјата, повели линк: http://www.nytimes.com/2011/08/30/science/30species.html?_r=0

Се обидуваш со рационализирање да ја побиеш Божјата промисла за спасение на праведните луѓе и живите битија после Потопот?...

Плус, велиш дека водата била висока/длабока, преку планинските врвови? Мислиш на „Монт Еверест„ и К2„ во денешно време или на планините во Ноевото време?

А семињата од растенијата, велиш, биле на дното од потопната вода? ОД кај си сигирен за таа нивна положба?
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:55 ---
Сместување на седум единки од 8 милиони видови на животни во дрвен брод од 137 метри е едноставно невозможно!

Можно е, ако Бог така промислил. Блаженот Серафим, како и сите Светии, кои ја толкувале проблематиката на арката и нејзините димензии, се согласни дека тоа е можно.
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:57 ---
И
Астрономијата ќе ја сметаме за наука изведена од филозофијата или за наука која датира пред Христа?

Да, астрономијата датира пред Христа, а Христос ја створи Вселената, за да можат астрономите да ја набљудуваат и да се воодушевуваат од незјиниот ред и убавина.
--- надополнето: 9 април 2013 во 13:57 ---
Извини, некако сум бегал од часови по читање мисли.

Ахххх, ме зезна....:sneaky:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom