Tој закон е од време на комунизмот и не важи повеќе, сега е 1+1=3+ДДВ или 1+1=3,54
Види Гурди, немаш одено по цркви и праено муабети со попој али реално, црквата и христијанството не познаваат и не признаваат никакво менување ни на жив ни на мртов свет. То шо дедо боже напраил пред 6000 години - то е. Нема нови континенти нема нови животни видови. Ти нешто со свој ум сакаш да докучиш и разбереш нешто во стилот “Ја едини знам точно тајните божјии“ сам си толкуваш библија, сам си објаснуваш гласовите во главата што значат и од кого се.....
ни еден хрсистијанин нема да може пред Бог да ги оправда своите верувања. Во Заветот е запишано и дека сатаната може да земе и облик на ангел и да ги наговори луѓето да погазат и закони и прописи. Ситe се опоменати да пазат и внимаваат. Какви тrи во еден богови, какви божји синови зачнати безгршно?? какви промени на закони бе. Мислиш бог се премисли и реча ај ќе менувам се и она штои бранев ќе допуштам она што не бранев ќе бранам....
Светот е стар 6000 години Законите му се дадени на народот пред 4000. И вие мислите дека Бог после 2000 години се премислил??? Не издржал 2000 години со едни законио па ги менувал,. Тогаш биле вечни е не биле туку сега овие се вечни??? Па римското право кое е човечко траи појќе од 2000 години. Сатаната се испретумба спореди само колку луѓето сега помалце го почитуваат вистински бог, место на еден, се молат на тројца и башка на уште еден куп светци како на богови. Што вели за тоа во 10сете заповеди? Саботата ја баталија и отфрлија. Што вели за тоа во заповедите и законите. Забранети јадења јадат. Што вели за тоа во законите? цртаат икони си слики и прават скулптури и им се клањаат. Што се вели за тоа во законите?? Го укинаа обрежувањето. Што се вели за тоа во законите. Не се принесуваат повеќе жртви, не се одбележуваат деновите кои бог ги одреди. Се отфрли стариот завет. После само 2000 години. Заради тој закон бог страшно казнувал цели народи но и наградувал. И одеднаш некој рече - а бе ова нишо појќе на важи. Сега е 1+1=3 и нишо не треба да се прај - сите одиме во рај. Човекот е слаб по воља и карактер и на сатаната му е лесно да ги заведе со слатки зборови ветувања и олеснувања. Одма ќе ти поокаже еве ти бе пат до рајот ... широк, убав, прав, ич нема да се замараш а не ко оној стариот.. со пречки тесен, кривулест... опасен кај што треба да внимаваш на секој чекор демнат опасности... на мојот пат и да свртиш лево десно нема гајле и наопаку да одиш - нема гајле.... и најголем број тргнавте по него. Али рајот нема да биди преполно место со убици, прељубници непочитувачи... кои ете се покајале не крајот и сега се меѓу праведните. Малкумина ќе стигнат до него а најмалку может да се надеваат оние кои подпаднале под влијанија и учења на лукавиот. На негова награда можат да заборават оние кои вечните закони ги згаснале и погазиле.