А можеме ли да го гледаме од таква призма универзумот, како да има свој еволутивен механизам? Со тоа што јасно знаеме дека време-просторот, видовите енергија и радијација, и консекветното настанување на материјални честици, од првобитниот стадиум, до тој денес, се сменети, во повеќе аспекти. Честиците стануваат поразновидни, и густината на телата е различна. Еве, еден вид може да биде еволуцијата на еден од аспектите на униврзумот, еве, ѕвездите на пример. Нели има популација III, популација II, и популација I ѕвезди. Од III категорија ретко која се уште постои, сите се изумрени, претежно сме опкружени со популација II и I ѕвезди. Рециклирањето на материјалите придонело да ѕвездите дурии сменат боја, заедно со внатрешната градба, големина или металитет (мetallicity). На пример, пред 13 милијарди години, единствените форми на планети биле гасовити џинови, подоцна се појауваат ледени или водени тела, па дури потоа земјести.
Не може ова да се гледа на еден вид еволуција, од поедноставно, кон покомплексно?