Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Лично, не верувам дека постои еволуција на ниво на универзум. Постои тек на настани, ама не би го нарекол еволуција. Еволуцијата претставува промена на затворен систем од поедноставна во комплексна форма најчесто. Универзумот не станува поедноставен или покомплексен.

.
Ако го зголемува својот волумен дали можеме да кажеме дека со тоа станува покомплексен?
(на некој начин)
 
Ако го зголемува својот волумен дали можеме да кажеме дека со тоа станува покомплексен?
(на некој начин)

Не. Комплексноста не е поврзана со волуменот. Повеќе е поврзана со густината и распоредот на партиклите во рамките на волуменот.:)
 
Не. Комплексноста не е поврзана со волуменот. Повеќе е поврзана со густината и распоредот на партиклите во рамките на волуменот.:)

А можеме ли да го гледаме од таква призма универзумот, како да има свој еволутивен механизам? Со тоа што јасно знаеме дека време-просторот, видовите енергија и радијација, и консекветното настанување на материјални честици, од првобитниот стадиум, до тој денес, се сменети, во повеќе аспекти. Честиците стануваат поразновидни, и густината на телата е различна. Еве, еден вид може да биде еволуцијата на еден од аспектите на униврзумот, еве, ѕвездите на пример. Нели има популација III, популација II, и популација I ѕвезди. Од III категорија ретко која се уште постои, сите се изумрени, претежно сме опкружени со популација II и I ѕвезди. Рециклирањето на материјалите придонело да ѕвездите дурии сменат боја, заедно со внатрешната градба, големина или металитет (мetallicity). На пример, пред 13 милијарди години, единствените форми на планети биле гасовити џинови, подоцна се појауваат ледени или водени тела, па дури потоа земјести.

Не може ова да се гледа на еден вид еволуција, од поедноставно, кон покомплексно?
 
Конкретно на нашата планета, да. Пошто е затворен систем и се додека прима енергија од некој извор, во овој случај сонцето, ќе има прогрес и во рамките на самиот систем ќе постои еволуција. Ама општо целата вселена и трансформациите на различните видови на тела и гасови во други тела и гасови е само менување на агрегатни состојби, форма и состав под дејство на некои од законите на универзумот. Се додека не постои затворен систем кој функционира на принцип на претварање на енергијата и трансформирање на материјата во енергија за да може да опстојува сам по себе а при тоа да има репродукција што ќе ги продолжува генерациите кои ќе се модифицираат на околината, не може да постои еволуција. Еволуцијата сама по себе е карактеристична за животот кој нам ни е познат сега за сега. Можеби е карактеристична и за друг вид на затворени системи, ама не поседувам информации за тоа. Астероиди и планети не може да еволуираат, во правата смисла на зборот.
 
Па еве затоа ги спомнав ѕвездите. Се движат во генерации, умираат, формираат нови генерации ѕвезди секогаш поинакви од "родителите", и за разлика од нивните "дедовци и баби", истите содржат поинаков состав денес отколку генерациите пред нив, доста поодамна, и исто така се доста покомплексни, како самите они како ѕвезди, така и системите кои ги преставуваат, заедно со планети итн. - Ете ти пример за таков систем. Еволуцијата не мора да дефинираш преку чисто биолошки рамки. Не мора да важи ова за цел универзум, но ова со ѕвездите не можеш да го занемариш.
 
Во филмот „Контакт“ (кој е по сценарио на Саган или учествувал во неговото составување), Џоди Фостер објаснува зошто била избракана од католичко училиште уште како многу мала.....парафразирам - ги прашав „...а жените на Каин и Авел од каде дојдоа?“....
 
И сеа, кој е одговорот на ова тееешко прашање?...:unsure:
 
И сеа, кој е одговорот на ова тееешко прашање?...:unsure:
Имаше среќа што тоа прашање не му го постави на христијаните во среден век, ќе ја кладоа малце на тркало а малце на ломача и одма ќе сфатеше од кај им се жените на Каин и Авел ДООЕЛ
 
И, кој е среќлијата во муабетов: Џоди Фостер, јас?...:unsure:
 
И, кој е среќлијата во муабетов: Џоди Фостер, јас?...:unsure:
Џоди е среќлија дека сега праша, а ти ако беше роден во среден век ќе си беше богомил и ќе се криеше по планини
 
И сеа, кој е одговорот на ова тееешко прашање?...:unsure:
Прашање одговорено со прашање....метода која се користи 2013 години....
Не ми е идејата да се надмудрувам.....прашањето е едноставно исто колку и одговорот - hint - го нема во Библијата....
 
Џоди е среќлија дека сега праша, а ти ако беше роден во среден век ќе си беше богомил и ќе се криеше по планини

Највероватно (како шти би рекол јас...).
--- надополнето: 6 април 2013 во 21:35 ---
Не ми е идејата да се надмудрувам......

Тогаш, трај си и побарај си поинтересна тема на форумов...
 
Највероватно (како шти би рекол јас...).
--- надополнето: 6 април 2013 во 21:35 ---
Нема веројатности кај дедо боже. Дали мислиш дека било што на светот се случува без негова воља?? Дакли некоја работа која се случува на земјата и пошироко е независна од бог, бог на неа нема влијание?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom