Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Абе...растенијата не беа живи суштества?
 
Беа де, а слава на Бога во Висините, сеуште се. Но Божјата промисла и на тоа внимавала, па затоа на растенијата им е дадена минимална душевност, па затоа ако скинеш некој плод од плодоносно дрво, дрвото нема да Ти рече „...ме боли..„ ниту ќе се жали ако го пресечеш неговото стебло.
Растенијата и животинките кога умираат, од нив не оставува ништо, освен „материјалот„ од кој се створени.
 
Don't feed the troll, please.

Edit: Мики, искрено одговори ми.Дали би се нафатил да прочиташ книга за еволуцијата? Јас ке ти ја пратам по ПП.
Нема да ја прочита. Лаже. Ниту еден линк шо досега го имаме постирано го нема кликнато, а камоли прочитано.
 
Беа де, а слава на Бога во Висините, сеуште се. Но Божјата промисла и на тоа внимавала, па затоа на растенијата им е дадена минимална душевност, па затоа ако скинеш некој плод од плодоносно дрво, дрвото нема да Ти рече „...ме боли..„ ниту ќе се жали ако го пресечеш неговото стебло.
Растенијата и животинките кога умираат, од нив не оставува ништо, освен „материјалот„ од кој се створени.

:ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:

Умира или не умира, бре, прост!?!?

Има или нема смрт во рајот?
 
Нема да ја прочита. Лаже. Ниту еден линк шо досега го имаме постирано го нема кликнато, а камоли прочитано.
И да знаеш дека нема еве што вели Мики во една прилика:
Не сум ги читал наведениве книги а тешко и дека ќе ги прочитам, оти тие сигунро нема да ми го посочат патоп ккон Рајот, туку патот кон смртта. По она што дознавам од форумов, тоа се содржини, пишувани на типично протестантски финти, каде целата теорија за еволуцијата се гради на ситници и на случајни појави, но никаде ја нема целината.
Се плаши да не му го сменат верувањето, :D
 
Мене ми е сосем нелогично и апсурдно како е можно од нежива материја да настане жива и таа со тек на време да се претвори во човек без никаква помош, ама пак од друга страна не ми е баш јасно како може нашава планета да е стара само неколку илјади години... Какви се ставовите на креационистите и дарвинистите за староста на земјата? Навистина ли е 4,7 милијарди години стара, мене таа бројка ми изгледа неверојатно... нереална.
 
Мали мозоци имаат големи проблеми со сфаќање на големи поими и бројки. ;)
 
Мене ми е сосем нелогично и апсурдно како е можно од нежива материја да настане жива и таа со тек на време да се претвори во човек без никаква помош, ама пак од друга страна не ми е баш јасно како може нашава планета да е стара само неколку илјади години... Какви се ставовите на креационистите и дарвинистите за староста на земјата? Навистина ли е 4,7 милијарди години стара, мене таа бројка ми изгледа неверојатно... нереална.
Че ги питаш креациноистите, они че ти кажат, пошто они нали се стручњаци и за креционизам и за побивање на еволуцијата
хммммм.....или исто да не беше тоа
 
Мислам дека објаснив во предходниот коментар, да не се повторувам.
Логиката е многу проста: Нешто може да биде или случајно настанато или плански создадено. Трета опција НЕМА. Ако не е плански, тогаш е случајно. Ако пак не е случајно, тогаш е плански.
Во тавтологијата постои еден принцип за докажување познат како метод на исклучување. Во случајов имаме две можни опции за настанокот на животинските видови и човекот:

1. Случајно настанато (по пат на еволуција)
2. Плански создадени (Интелигентен Создател плански ги создал животинските видови и човекот)

Ако првото е вистина, тогаш фосилниот наод треба да покаже бавна и финостепенувана еволуција.
Ако второт е вистина, тогаш фосилниот наод треба да покаже одделни фосили, без транзициони форми, со целосно оформени и функционални органи.

Околу гените:
Во 46те хромозоми на човековата оплодена јајце клетка се содржат информации еквивалентни на една цела библиотека од 250.000 книги. Такви информации не можат да настанат со случајните мутации во азбуката на еден јазик. Едноставно, математички тоа не е возможно. Веројатноста е апсолутна нула. Оттука следи дека тие морале да бидат настанати плански и целисходно од Некој Интелигентен Создател.. А тоа е доказ за креационизмот.
Поздрав.

Nice try....Ајде да пробаме обратно,обиди се да докажеш дека некој си семоќен Бог го создал Универзумот,а кога нема да успееш во тоа, бидејќи нема научни и физички докази кои би го поткрепиле тоа, според методот на исклучување да заклучиме дека сепак теоријата на еволуционистите е точна.Може така?
 
Мачорка, научениот метод не може да се користи за минати неповторливи настани од проста причина што тие не можат да бидат експериментално повторени, освен се разбира доколку некој нема временска машина. Така што научен доказ за тоа што се случило порано е невозможен и можеме само да зборуваме за можни и веројатни хипотези (претпоставки).

Дозвили ми да те поведам на едно замислено интерпланетарно патување. Замисли си дека се качуваш во вселенски брод и патуваш до некоја далечна и непозната планета. Слетуваш на неа, ја обиколуваш, ја истражуваш и наоѓаш една луксузно изградена куќа. Но не наоѓаш жители, ниту во куќата, ниту низ целата планета. Се обидуваш научно да истражиш како настанала таа куќа таму. Но да претпоставиме дека нема никакви научни докази. Во куќата забележуваш дизајн, убава планска и наменска конструкција, прибор за јадење, спална соба, кујна, шпорет, фрижидер, кутија со алат итн.
Одговори ми искрено што ќе заклучиш, дека куќата случајно настанала со самоорганизација на материјата или пак дека некој за тебе непознат градител ја направил?

Една човечка клетка е далеку поорганизирана и има далеку посложени организми од оваа куќа.
 
Аха, значи,креационистите не можат никако да ја докажат својата теорија и ние треба слепо да веруваме дека Бог го создал светот,да веруваме во сулуди приказни кои се косат со здравиот разум, без никакви докази, само затоа што така пишувало во некаква книга.Интересно, интересно...
 
Мачорка, научениот метод не може да се користи за минати неповторливи настани од проста причина што тие не можат да бидат експериментално повторени, освен се разбира доколку некој нема временска машина. Така што научен доказ за тоа што се случило порано е невозможен и можеме само да зборуваме за можни и веројатни хипотези (претпоставки).

Дозвили ми да те поведам на едно замислено интерпланетарно патување. Замисли си дека се качуваш во вселенски брод и патуваш до некоја далечна и непозната планета. Слетуваш на неа, ја обиколуваш, ја истражуваш и наоѓаш една луксузно изградена куќа. Но не наоѓаш жители, ниту во куќата, ниту низ целата планета. Се обидуваш научно да истражиш како настанала таа куќа таму. Но да претпоставиме дека нема никакви научни докази. Во куќата забележуваш дизајн, убава планска и наменска конструкција, прибор за јадење, спална соба, кујна, шпорет, фрижидер, кутија со алат итн.
Одговори ми искрено што ќе заклучиш, дека куќата случајно настанала со самоорганизација на материјата или пак дека некој за тебе непознат градител ја направил?

Една човечка клетка е далеку поорганизирана и има далеку посложени организми од оваа куќа.
Prvo, moze da se dokaze nepovtorliv nastan preku naucen metod vtoro koga veke koristis metafori i sporedbi bi bilo pozelno dvete raboti koi gi sporeduvas da bidat slicni, edinstvenata 'slicnost' megju kletka i kuka e toa sto ti poagas od ogromnata pretpostavka deka kletkata e izgradena i potoa netocno ja sporeduvas so kuka, gradba za koja sigurno znaeme deka e izgradena od covekot (ili nekoj drug vid ako smetas deka postojat vonzemjani).
 
Дозвили ми да те поведам на едно замислено интерпланетарно патување. Замисли си дека се качуваш во вселенски брод и патуваш до некоја далечна и непозната планета. Слетуваш на неа, ја обиколуваш, ја истражуваш и наоѓаш една луксузно изградена куќа. Но не наоѓаш жители, ниту во куќата, ниту низ целата планета. Се обидуваш научно да истражиш како настанала таа куќа таму. Но да претпоставиме дека нема никакви научни докази. Во куќата забележуваш дизајн, убава планска и наменска конструкција, прибор за јадење, спална соба, кујна, шпорет, фрижидер, кутија со алат итн.
Одговори ми искрено што ќе заклучиш, дека куќата случајно настанала со самоорганизација на материјата или пак дека некој за тебе непознат градител ја направил?

Една човечка клетка е далеку поорганизирана и има далеку посложени организми од оваа куќа.

Примерот со куќата нема допирни точки со настанокот на светот.Нормално дека ќе помислам дека некој ја изградил,сум видела луѓе како градат куќи, нема ништо необјасниво или натприродно во градењето куќа, тоа не е некој процес во кој од нежива се создава жива материја.Значи сосема нормално и разбирливо е да се изгради куќа од цигли, ама да се направи човек од кал, па жена од ребро....

И сам кажуваш дека една човечка клетка е сложено градена, објасни ми како твојот Бог создал цел човек од кал?
 
На темава очигледно се зборува за две опции без никаква можност за трета.
Што ако има и трета варијанта па и повеќе?
Eве само да претпоставиме дека има повеќе димензии на постоење. http://masoudzm.persiangig.com/docu...Michio Kaku_ISBN-0-385-47705-8-version0.9.pdf
Ако има некој способност за патување низ различните димензии тогаш отворени се доста можности.
Можеби третата варијанта е комбинација од овие две.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom