„Крцкање“ на коски

  • Креатор на темата Креатор на темата pumaval
  • Време на започнување Време на започнување
нема врска тоа е само истиснување на воздухот од зглобовите или нешто слично..


слободно пукај ич онај да не те боли :P ќеф си е:)

Како тоа воздух влегува помегу коските? :/
Од кај тоа воздух таму? :/
 
јас крцкам врат, прсти лакти нозе... неколку децении и никакви проблеми немам, а ко ќе остарам и така планирам да му го загорчувам животот на внуци и децата - ќе глумам алцхајмер... ќе истурам супа по себе.... ќе се инаетам за секоја ситница, ќе излезам без да им кажам и ќе лутам со сати..... тоа е убавината на староста можеш да се зафркаваш и никој ништо не ти може така да се надевам дека на старост ќе ми се тресат рацете а ќе си пијам вино на новиот кауч, кафе над новиот тепих, сок од боровинка над алишта спремени за пеглање...
 
Во тајландска масажа сакам да ме искрцка некоја :icon_lol:.

Инаку пожелно е коските пршлените рскавците кои се надвор од своето место да се искрцкаат и вратат во рамнотежа со животната енергија која што поминува низ телото.
 
ако ги крцкаш прстите коа ќе остариш ќе ти се тресат рацете..
као прво ги крцкаш прстите не рацете така да неможе да ти се тресат рацете туку само прстите :icon_lol:
и ко второ и да ти се тресат голема работа и онака за некое време ќе умреш :ROFLMAO:
 
Како тоа воздух влегува помегу коските? :/
Од кај тоа воздух таму? :/
има нешто азот или слично не сум сигурен точно знам дека нема се тресат :)
 
нема везе тресењето и крцкањето,така што слободно крцкајте
 
Како тоа воздух влегува помегу коските? :/
Од кај тоа воздух таму? :/

Воздухот навлегува како резултат на намален притисок во капсулата на зглобот. Тоа се случува кога ги истегнуваме рацете, нозете, или било кое место каде се наоѓаат зглобови. Истегнувањето значи издолжување на лигаментите. Со самото истегнување притисокот во капсулата опаѓа и во неа навлегува воздух. Со враќањето на лигаментите во нормална позиција се слуша тој звук што го нарекуваме крцкање.

Исто така зглобовите крцкаат кога имаме благо изместување на коските од лежиштето па со крцкањето ги враќаме на нормалната позиција.

Тресење поради крцкање на зглобови не се јавува, тоа е само мит, и најверојатно го измислил некој на кој му пречел звукот на крцкањето. Сепак, можни се последици од постојано крцкање. Доколку често се прави може да се јави отекување на зглобовите, а кај оние луѓе кои го правеле тоа многу долго време, (во една студија се испитувани луѓе што редовно ги крцкале прстите над 35 години) се јавува ослабен стисок на рацете и постојан благ оток.
 
Неможев да смислам подобар наслов за темава...
Некои велат дека крцкање( испукување на коски/рскавец) на раце, врат, грб, е лошо... а некои велат дека е позитивно...
Јас сум зависен од тоа, секојдневно го правам...
What do ya think?
бадијала ја отвори темата...крцкај колку шо сакаш ни сега ни после x години нема проблем да има хаха..сите го праеме ова до некаде..
бај д веј си мужел да ма питиш мене бре..:D :D
 
Back
На врв Bottom