Крај на светот (сценарија)

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
Интересна тема!

Нема, во моментов, да говорам за останатите сценарија туку ќе се осврнам само на “Вселенското“. Имено (мислам дека гледав на Discovery channel) нашите денови на постоење се избројани!!! Ни остануваат уште 1 милијарда години. Изворот на живот на Земјата - Сонцето е жолто (накај портокалово) џуџе. Според астронимските истражувања за околу 1 милијарда години тоа толку ќе остари што ќе премине во фаза на ѕвезда на умирање. Иако истражувањата за тоа како Сонцето ќе ја уништи Земјата, сончев ветер (solar flare), исфрлање на остаток од материја од производството на енергија, или со зголмувањето на гравитационото поле толку ќе се приближиме што целосно ќе изгориме времето за кое се очекува да бидеме уништени од нашата ѕвезда е прифатена од сите кои работеле на оваа тематика.
Е лошата вест е што ова е сигурниот крај на планетата Земја ако НЕШТО ДРУГО не не`

Јас се придежувам до ова кога е во прашање крајот на светот и цврсто си стојам на тоа, а не на глупостите шо ви ги сервираат ,,Шесто сетило'', некојси безвезални предвидувања на Нострадамус, календарот на Маите, планетата Нибиру која инаку не постои и сл. глупости кои произлегуваат од медиумите.
2012....со нетрпение ја очекувам, не за друго, туку сите да увидат дека ќе биде само една обична година која ќе помине како и сите останати.
 
Сонцето ке стани супер-нова, ќе испушти огромна енергија и ќе уништи се во негова близина. Истото кога-тогаш ќе се случи и со останатите ѕвезди. То е една причина.

Втора причина вселената засега се шири ама научниците сметаат дека во еден момент ке престани со ширење и ке почни да се собира. Ова ќе трај многу голем период, ама со текот на времето вселенските тела ќе се доближат едни до други, ќе го изгубат балансот во кој шо се сега и ќе се судрат меѓу себе.

Резултат= безброј атоми во бесконечен простор.
Epa taka objasni be brat. Ne samo zapocna da kazuvas i ne drzis vo misterija.
 
Јас се придежувам до ова кога е во прашање крајот на светот и цврсто си стојам на тоа, а не на глупостите шо ви ги сервираат ,,Шесто сетило'', некојси безвезални предвидувања на Нострадамус, календарот на Маите, планетата Нибиру која инаку не постои и сл. глупости кои произлегуваат од медиумите.
2012....со нетрпение ја очекувам, не за друго, туку сите да увидат дека ќе биде само една обична година која ќе помине како и сите останати.
Чисто сумљам дека ке издржиме уште милијарда или колку и да се останати години дури да стани Сонцето супер-нова. Има премногу идиоти на ова планета кој ќе го ни го приближат крајот :)

Epa taka objasni be brat. Ne samo zapocna da kazuvas i ne drzis vo misterija.
Тој коментар беше од Goikoetxea а не од мене. Јас само ти објаснав како јас го сфаќам постот.
 
Сценарио 1: Вселена дополнување

Kako mislis najgolemoto nesto ke bide atomot. Ne te razbiram ajde ako sakas malku objasni.

Просто. Силите кои тежнеат да ги одвојат масите т.е. честичките се поголеми од оние кои ги приближуваат. Поради ова честичките се повеќе ќе се оддалечуваат од себе со што ќе настане раскинување на галаксиите на ѕвездени системи (независни еден од друг), потоа ќе се одделат орбитирачките објекти од ѕвездите за на крајот да се одвојот атомите од молекулите и најголемата честичка (која се смета дека нема да се подели) ќе остане атомот. Постои и натамошна анализа која пак тврди дека дури и атомите ќе се раскинат на елементарни честички како електрони, протони (некој велат дека дури и неутроните ќе се расцепат).

Ова е подолгото објаснување! Поради начинот на кој настанал нашиот универзум (Big Bang). На почетокот беше темнина. Немаше ништо. И тогаш Точката на Сингуларитетот експлодираше и би Светлина. Поради експлозијата големи количества на материја се расфрлаат низ празниот простор. Е ама во овој свет постоеле физички правила дури и кога тој бил празен. Па целата материја расфрлана од Big Bang-от е подлежна на една мала работа наречена инерција. Оваа сила се стреми да ја распрсне целата материја рамномерно низ универзумот. Силите кои се противат на оваа сила се 4 основни сили (гравитација, електромагнетна и двете нуклеарни, силна и слаба). Со истраувањата на Хабл некаде меѓу двете Св. Војни успеал да докаже дека галаксиите се движат, но уште поинтересно успеал да покаже дека тие се оддалечуваат од нас. Овие истражувања биле мотив на група астрономи да продолжат таму каде Хабл застанал. Тие користејќи ја новата технологија успеваат да покажат не само дека бил во право туку дека при движењето една од друга галаксиите забрзуваат. Ова се објаснува со фактот штоа како одминува времето галаксиите се повеќе се оддалечени една од друга и соодветно гравитационата сила која ги привлекува се намалува, за разлика од првичната инертна сила која останува иста. Па од проста физика знаеме дека доколку силата која се аплицира на едно тело се зголемува а неговата маса останува иста тогаш мора да се зголеми забрзувањето.
Од горе изложеното може да дојдеме до заклучок дека силата на инерција (мислам дека на англиски ја нарекуваа rate distortion) е доволно силна да ја надмине силата на гравитација. Но што се случува со останатите сили?
По престанувањето на влијанието на силата на гравитација дефинитивно најголема честичка би била молекулот. Главна сила која ги привлекува атомите во молекуларни соединенија е електромагнетната сила. За жал во еден свет во кој нема никаков извор на енергија (значи најголема честичка е молекулот) и свет кој сеуште подлежи на истите физички правила какви што и ние ги знаеме (тие важеа и пред Big Bang) не е потребно никакво дополнително влијание. Од колизиите кои ќе настануваат меѓу материјата ќе доаѓа до откинување на атомите од молекулите а ќе немаат никаква причина да формираат нови (нема извори на енергија).
Е сега стигнавме до атомот. Се до тука се силно основани теории за кои најголем број од научниците се согласуваат. Поради недоволната испитаност на нуклеарните сили постојат различни тврдења во однос на тоа дали и понатаму ќе има делење на материјата т.е. дали атомот навистина ќе биде атом (неделива честичка) или и тој ќе се подели на електрони, протони и неутрони, односно уште понатаму каде еден дел од научниците сметаат дека дури и неутронот ќе се подели на протон и неутрон а понатаму протонот ќе стане позитрон и пасивна маса која е понатаму ќе се дели на позитрони и електрони. Премногу делење зар не?!?
 
Сценарио 2: Наука

Се присетив на некои работи па мислам дека ќе можам доволно добро да го искоментирам и ова сценарио.

Сценарио 2: Наука подсценарио Еволуција

Според Дарвиновата теорија на еволуција, која е теорија само заради несогласувањето со Црквата, ние сме обврзани да еволуираме. Целата на ова еволуирање не еволуција заради еволуција туку заради подобро приспособување на денешниот човек кон утрешните услови.
Значи ако го разгледаме постанокот на човекот ќе видиме дека пред 10-ици милиони години по Земјава шетал човеколикиот мајмун, пред 50 илјади години тоа биле Неандерталците, а денес е Homo Sapiens. Причините биле прости, за да може да ги прешивее промените кои настануваат околу него човекот мора да се приспособува. Ова не се однесува само на големите промени, тие носат голема еволуција, туку и на малите промени. Пред неколку илјади години возрасниот човек не конзумирал млеко и млечни производи. Поради ова кај возрасниот човек не постоел начин на искористување на корисните супстанции од млекото. Со промената на животните услови и користење на млекото во исхраната на возрасниот човек доаѓа до промена - еволуција на дигестивниот систем со што поголем дел од корисните супстанции може да се конзумираат. (Иако овој пример е несреќно одбран затоа што се работи на нови истражувања за кои, колку што јас последно знам сеуште се работеа има и други кои искрено во моментов на ми текнуваат.) Со развојот на науката и техниката светот во кои живееме се повеќе се разликува од вчерашниот, така што е само прашање на време кога повторно ќе еволуираме затоа што доколку не го направиме тоа осудени сме на пропаст како и другите суверени владетели на планетата Земја (пр. Диносаурусите).
Конечно резултатот на оваа промена ќе биде некој нов подвид, вид или можеби суштество кое ќе знае за нас само онолку колку што и ние знаеме за човеколиките мајмуни.
 
Интересно сценарио. Еве и линк до скоро истото сценарио: http://exitmundi.nl/evolution.htm

Бај да веј арно ти текна да ги нумерираш сценаријата и секој нареден шо ке постира сценарио нека го прај истото.
 
Искрено Горан ме заинтригира тоа што сценариото кое го опишав е во потполност дадено на сајтот.
Верувајте луѓе кој/кои и да го имаат правено сајтот ги имаат собрано сите можни сценарија за престанок на Светот каков што го познаваме денес. Алал им вера!
 
Искрено Горан ме заинтригира тоа што сценариото кое го опишав е во потполност дадено на сајтот.
Верувајте луѓе кој/кои и да го имаат правено сајтот ги имаат собрано сите можни сценарија за престанок на Светот каков што го познаваме денес. Алал им вера!
Да бе, и мене ме бендиса то. И плус сите сценарија почнуват со некоја лесно прифатлива теорија/идеа , а после се полнат со малку имагинација.
 
Надградена и проширена (џо политичка програма)

bump.
 
Човекот ќе ја уништи земјата. Самоуништување е нашата судбина. Несовршени суштества населуваат совршена планета. Премногу е добро за да трае долго. А може да се рокнеме преку некоја нуклеарна војна.
Тука ја погоди поентата до даска.Не само што сме несовршени,туку и систематски го уништуваме овој *бисер* кој го нарекуваме наш дом-планетата Земја.После 500 години е прашање дали ќе стои на оваа место нашата мила Земјичка,а не пак после 5 милијарди.Во 2050 на земјата ќе има околу 9 и кусур милијарди луѓе,храна и вода ќе нема за сите,природни богатства уште помалку,а замислете како ќе е после 500 години,би требало да има 50 и кусур милијарди луѓе,со што според мене,животот на Земјата би станал неиздржлив.За да опстанеме како вид,ние ќе треба прво,да еволуираме мисловно и психички,и второ,да ја насочиме комплетната технологија,ресурси,капитал и труд кон пронаоѓање на втор наш дом,а тоа ќе биде некоја поблиска планета до нас.
Мислам дека ако вака продолжиме,ќе се уништиме самите себеси,затоа што ќе настанат војни поради глад и за питка вода,а и големите корпорации ќе ојачат до таа мера,што ќе претставуваат држава во држава и тие меѓу себе ќе војуваат за ресурси,со што ќе дојде до уништување на планетата Земја.Поздрав,и се надевам ќе бидеме мудри и ќе го избереме вистинскиот пат по кој треба да се движиме :smir:
 
Еве ви уште едно сценарио.
21.12.2012 од сабајлето си станувам, претходниот ден наврнало снегче, а на 21ви пукнало невидено сонце. Си излагам во двор, пијам кафенце и идам на шапка или маврово да уживам во природата и да пукам сеир со друштвото, за тоа како постојат ненормални луѓе кои дозволуваат да бидат контролирани од медиумите кои им пикаат такви гомненици, што за диносаурусите биле научна фантастика. Ете ви го најдоброто сценарио.
 
Ние сами ќе се уништеме!
 
Рускиот физичар Алексеј Димитриев тврди дека наскоро светот ќе се соочи со ново уништување, а за сета работа знае и НАСА, но молчи.

Според Димитријев, Земјата се доближува до голема соларна катастрофа, а постои и теорија како Земјата, Сонцето и сите планети на Сончевиот систем наскоро ќе влезат во нов меѓуѕвезден облак. Тој облак би требало да ги објасни бројните неодамнешни аномалии во светот и наводно да ги поврзе некои од претходно необјаснивите настани на Земјата.

Мистериозниот меѓуѕвезден облак би требало да ги објасни промените на половите, масовниот помор на животни, неодамнешното зголемување на короналните ерупции на Сонцето, топењето на мразот на Марс и зголемениот број разорни бури во САД, како и повремените необјасниви нагли климатски промени.

Димитријев тврди дека токму тој облак го полни Сонцето и ја поттикнува неговата зголемена активност, што ќе резултира со една голема ерупција на Сонцето, пренесува unexplainable.net.

Таа ерупција, не само што би можела да го уништи човечкото општество, туку би можела да поттикне нов бран на свеста.

Димитријев тврди дека не е сам во своето сознание, туку дека за ова знае и НАСА, само намерно молчи за тоа.

Вистинскиот проблем всушност, доколку овие тврдења се вистините, би бил како на светската јавност да и се соопшти тоа и како човештвото да се подготви на фундаментална промена на сите нивоа на животот. /крај/дн/ст
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom