Кошарка - генерална дискусија (репрезентации)

Кој ке биде владетелот на светот?

  • САД

  • Канада

  • Аустралија

  • Франција

  • Србија

  • Шпанија

  • Грција

  • Словенија

  • Некој друг (пиши кој)


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Јак документарец ќе се направи доколку Србиве по некоја веројатност освојат светско и покрај сите откажувања на најаките имиња шо ги имаа. Играат со срце и со огромна желба да докажат на светот дека во Србија се игра најдобра кошарка, не само баскет. :D
Јокич освои НБА ,ама Богданович ако го крене пехарот со Србија , бог и батина!
 
Србија игра со срце, максимално пожртвувано и паметно.
Канада ги прави истите срања како со Словенија ама овие не паѓаат под провокации туку ќутат и играат, им враќаат во иста мера, браво.
Аврамовиќ игра како пијавица на Аце Жила, не му остава простор да дише.
Генерално полувреме на највисоко ниво за Србија, сега мора со ист интезитет во второ.
Поблиску е ова од што изгледа, навиваме за браќа Срби.
 
Србија игра кошарка, Канада силува. Не ти е ова Шаи сине НБА кај што ти се тргаат од рекет и можеш 1 вс 1 да играш до бесконечност. Се виде уште против Шпанија дека Канаѓаните имаат проблем против организирани екипи и екипи што играат со концепт.

Сега за сега перфектна партија на Србите, тимски и во одбрана и во напад, има проток на топка, нема никакви маани. И да, треба цело време да настојуваат на игра под кош и форсирање на Милутинов, поголем е две глави и од Пауел и од Олиник.
 
На крај се опуштија... И да, утакмицава е далеку од завршена. Треба да продолжат како што почнаа, не како што завршија. Да продолжат жестоко макар и по цена на некоја лична повеќе. Канаѓаниве почнаа да ги стегаат нервите - прават прилично грешки, и неколкумина од стартерите се со по 3+ лични грешки. Нубовите како Јович помалку да ги санка Кели, итн, и да не ги урочиме ама ќе ги биде.
Автоматски споено мислење:

И да, треба цело време да настојуваат на игра под кош и форсирање на Милутинов, поголем е две глави и од Пауел и од Олиник.
Ова. Помалку шут од надвор, повеќе влезови и додавања под кош, посебно до центрите. Тука се слаби Канаѓаните, на одбрана внатре под кош, плус и лични начукаа па мораат да се пазат.
Автоматски споено мислење:

1694166857530.png
 
Последно уредено:
Ајде уште една четвртина.
Каква пожртвувана партија од Србија, гинат за секоја топка, некад брзаат а треба да играат полека под кош, нервозни се Канада, користи го тоа.
 
:cuc:

Каква днопертиза од мене дека Србија немала шанси, може да се одјавам од форумов комотно.
Каква маестрална партија, апсолутно изгинаа на терен, каква хемија и тим, Богдановиќ е класа играч.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom