Кошарка - генерална дискусија (репрезентации)

Кој ке биде владетелот на светот?

  • САД

  • Канада

  • Аустралија

  • Франција

  • Србија

  • Шпанија

  • Грција

  • Словенија

  • Некој друг (пиши кој)


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Кер се погуби у второ со ротациите, Банчеро и Портис во иста постава, во одбрана партали ги направија, Харт исто така упорно во игра а 300 глупости направи, Бриџис на клупа....

Германија ги утепаа со тимска игра, секоја чест.
 
Извиканите САД и Канада изгубија. Ќе гледаме европско финале, а едни од финалистите ни се соседи и близок народ и блиску се до историски успех.

Што убав баскетболџиски ден. :)
Автоматски споено мислење:

Кер се погуби у второ со ротациите, Банчеро и Портис во иста постава, во одбрана партали ги направија, Харт исто така упорно во игра а 300 глупости направи, Бриџис на клупа....

Германија ги утепаа со тимска игра, секоја чест.
Двата тима не играа одбрана (или барем не играа добра одбрана).
На Јокиќ веројатно му иде да си гризне од таклабасот, зошто не дојде на првенствово. Со ваква одбрана на противниците, Јокиќ да играше - слободно можеше сите да ставиме по 10к еуропски на Србија. :LOL:
 
Америве не сфатија дека кога праќаат втор ешалон никогаш не се сигурни. Се додека праат така ќе го јадат и нека го јадат. За швабите никад не сум имал симпатии ни во еден спорт, посебно на овој нивен состав се со натурализирани играчи, колку и да изгазиле на првенствово. Во финале секако сакам србите да тепаат, едина репка или една од ретките се која нема натурализирани кошаркари, Јокара ги одјеба, Симањиќ изгуби бубрег. И покрај се покажаа карактер и лаганица се пласираа во финале. Јаготка на шлагот нека им биде светската титула , дефинитивно ја заслужија.
 
Последно уредено:
Гледам повеќе пати се спомнуваат натурализирани играчи кај Германците, па да појасниме. Сите што играа денес и нивно место на раѓање:

- Wagner, Berlin
- Schröder, Braunschweig
- Obst, Halle
- Theis, Salzgitter
- Voigtmann, Eisenach
- Bonga, Neuwied
- Thiemann, Trier
- другиот Wagner, Berlin
- Lo, Berlin
- Giffey, Berlin

0 од 10 родени надвор од Германија. Натурализирани значи некој како Меккејлеб (не е напад ова, само одличен пример), што немаше никаква врска со земјата за којашто настапуваше. Човек роден, израснат и школуван во Германија, со мајчин јазик германски, не е натурализиран. Вас ваљда ве буни што некои се црни...тоа е етничкиот состав на Германија. Пола Балкан е овде, за 10-20 години ќе има -ичи, -ови, -ски во репрезентацијата. Ок, толку од офтопиков, продолжете со кошарка [emoji2]


Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk
 
Додека не направат неколку векови таму, за мене не се автохтони... Само втора генерација доселеници. :LOL:
 
Двата тима не играа одбрана (или барем не играа добра одбрана
Ова беше вин варијанта за Германија. Во позиционен напад и спора кошарка немаат што да бараат со Америте, колку и да звучи ова апсурдно. Со брзиот ритам што го форсираа им ја убија цела концепција на УСА, нешто што Литванија им го направи пред некој ден.

Утакмицава беше уствари доказ колку се приближија Европејците до Америка, порано и со втор ешалон играчи газеле, сега веќе се немоќни. И тоа пази, и европјаниве горе доле дојдоа со некомплетни екипи.
 
Реално Германциве се знаеше дека се способни за 1/4 финале ако им се наместат коцките , сигурно беше дека поминуваат прва фаза и кога искочија групите се очекуваше втори да бидат.
Арно ама со победата над Австралија си дадоа ветар у грб , после им ја расплакаа мајката на Словенците и беа наградени со 1/4 финале против Латвија.
Со победава денес, се испостави дека и Шпанија да им беше противник во 1/4 финалето , ќе можеа да се носат со нив.
На првенствово мило ми е шо ќе гледаме европско финале што под дифолт значи победи тимската кошарка над индивидуализмот.
Многу јасно ако се собереа Америве со најзаебаните имиња , ќе се прошетаа на првенството , арно ама јасно ко бел ден е дека им има прекурчено светското.
ОИ е друга приказна , ќе гледаат да соберат најасален тим што е можно. Таму се такмичат со Кина во сите спортови со златата и секое им е битно.
Иначе ама јако испадна ...
Србија - Германија (европско финале)
Америка - Канада ( северно америчко финале)
Литванија - Латвија ( балтичко финале)
Словенија - Италија ( јадранско)

А да и да се надоврзам дека ако влезеше тројката на Бертанс ,скроз друга приказна и не е баш дека со Латвија им беше прошетка. Со нив ќе испадне највеќе се намачија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom