Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Luge zasto potencirate pocinatite imale drugi bolesti.
Primer:
Pa kaj nas imas astma zivees 10 god
Imas srcevno zaboluvanje sten zivees 10 god
Imas dijabet zivees 10 god i se boris so nnego

za na kraj da ti doj virus da te skini za 2 nedeli inda ti recat pa te toj imase astma/dijabet itn itn..
Затоа што тие најмалце треба да го потценуваат вирусов, во Италија тоа се деси - ете затоа.
 
Прашаа за дел од работиве кои си ги спомнал, али генерално се слагам дека глупости прашуваат и не делуваат на сериозни новинари.

Овој денес што го чепна за респираторите делува на ок лик, опфати доста работи и буквално го стави во ќош Филипче без да има многу избор за одговор. Штета што е ваква ситуацијата инаку можеше и појака форса да му удри и да го позамара поише.

Ако е вистина ова, а претпоставувам дека е, буквално десетина дена траеше убавото чувство и позитивните мисли кон здравството и министерот, сепак да се вратиме во реалноста наречена ФИРОМ. Кога и во ситуација на епидемија се лапаат пари од тендерчиња мочај се и на држава и на се. Јадат гомна по пресови дека економијата е погодена и дека ќе пати, а од друга страна товарат пари преку тендери, ХК ПУ.

Ликот ако не го знаеш е сопственикот на Инфомакс(ВМРО), ако добро го слушаш прво вика 6000долари комплет, после 2-3 секунди вика 6000евра комплет,тежок преварант.
 
Во последните 15тина дена имам само 2 пати излезено од дома, а сега страшно ми е воспалено грлото. Од овие симптомите имам мешано и од грип и од настинка.
Си велам не сум толкав ѓаол од вкупно 3 сати поминати надвор да закачам коронче :D


Исто. Но и да се пријавиш, можно е да ти речат дека немаш доволно симптоми за тест (не сакаат да се троши тест на секого).

Иначе, мислам дека у Жан Митрев, 1.500 денари е тест за Корона, само мора со претходно телефонско закажување.
Ако толку сакаш да се осигураш, мада ИМАЈ у предвид дека може да станува збор за обична настинка, или друг тип на обичен вирус.
 
Јако избегна одговор Филипче за цената на респираторите под изговор на фејк њуз :ROFLMAO:

Пријавена цена 25к евра, реална цена 6к долари, машала.
Па нели кревањето на цените на основните производи е воено профитерство?А ова во која категорија на спаѓа?
 
Ја колку што разбрав Филипче си кажа дека набавката(аукцијата) е во тек сеуште. Како да ја потврди цената на набавката ако таа не се случила уште? Наспроти тврдењата на новинарот од рекла-казала сајт?
 
@chef_cook Друже прости ми ако си објаснил подетално , но темата е пренатрупана со миијарда постови па може сум пропуштил... Како ти се развива ситуацијата, како оди со Арбидолот ? Уште го пиеш ? Имаш инфо за дали сите кој се заразени со вирусот се лечат со Арбидол ? ... Вакцина спомна од понеделник на ниво на Русија.. може некој детал плус за вакцинава ? Кој објави министерство за здравство ? Гарантираат ефикасност ? Итд Итд .. те молам одвој некоја минутка плус за малку поопширно, кога времето ќе ти дозволи , ако не ти е проблем секако , сполај ти и со здравје.
 
Имаше негде статии за крвни групи, наводно А група била најризична а Нулта најотпорна и со најблаги симптоми.
Нулта е ретка, а Б( Шутка дистрикт, Индиа, Егупт) е најотпорна
 
(ФОТО) СРБИТЕ НАПРАВИЈА КАМП: Во шатори ќе ги сместуваат повратниците од ризични земји
во Пепелиште стварно има водни змии во Вардар, а во Криволак на некој места пајаци и шкорпии, ама тука во шаторите може и мечки и волци да ти дојдат на доручек, а барака си е барака, цврста градба ...
 
А точно е дека вирусов 3-4 дена во грло седел пред да слезе во белите дробови? И наводно можел да се исчисти со гргара со бетадин или др?
 
А точно е дека вирусов 3-4 дена во грло седел пред да слезе во белите дробови? И наводно можел да се исчисти со гргара со бетадин или др?
Не, глупости се тоа, да се чистеше со бетадин немаше да има толку смртни случаи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom