Овие од власта и од Собрание забегаа одамна, ама и народов почна да забегува. Ајде на форумов не гледам дека меѓусебно народот се обвинува за тоа кој го шири вирусот. Гледам на други социјални платформи фрчат навреди и дека поради дел од народот кој бил стока се ширел вирусов. Иако власта во голема мера е виновна за ситуацијата, народов пак меѓу себе очи ќе си вади. Никогаш нема памет да ни дојде. Инаку министеров во Собрание кажа до почеток на месец Април ќе стигнеле вакцините. Ама не кажа која година.