Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Руска амбасада: На Македонија ѝ понудивме вакцини, но никој не ни одговори
Повеќе од 50 држави од светот испратија барање за набавка на над 1,2 милијарди дози од вакцината Спутник V, истакна денеска економскиот советник во Амбасадата на Руската федерација во Македонија, Владимир Хрисанфов, за Сител.

Тој вели дека меѓу тие земји е и Аргентина каде вчера пристигна голема количина дози. Хрисанфов појаснува дека вакцината Спутник V која е наменета за странските пазари ќе се произведува кај меѓународните партнери на рускиот Фонд за директни инвестиции.

Тој истакна дека македонските власти не одговориле на понудата на Русија за преговори за набавка на вакцината.

– Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со рускиот Фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руската вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче нѐ информираше дека лицето за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александа Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство. На професорката Грозданова ѝ беа дадени сите потребни податоци за контакт. Исто така ѝ беше испратено писмо од претставникот од рускиот Фонд за директни инвестиции кое за жал остана без одговор. Што се однесува до времето на испорака, ова директно ќе зависи од тоа кога ќе биде доставено барањето и резултати од преговорите во овој контекст – рече Хрисанфов, додавајќи дека редицата за добивање на руската вакцина е доста долга.

За начинот на чување на руската вакцина советникот вели дека таа може да биде две форми – замрзната, која се чува на -18 степени и лиофилизирана, која се чува на 2 до 8 степени.
 
Во меѓувреме.....додека кај нас собранието расправа за Макпетрол по цели ноќи......соседството работи на актуелниот проблем.....имунизација на населението.
 
Последно уредено:
Словенечката влада донела одлука да не прифаќа тестови направени во нон-ЕУ држави.
 
Бил Гејтс во врска со вакцината краток клип


 
Словенечката влада донела одлука да не прифаќа тестови направени во нон-ЕУ држави.

Ее чексј до нова година карантин ќе напрает..
 
Северен, џабе го праќаш ова копиле. Најмалку од се е лекар. А се знае најмногу од се што е, малоумен и болна личност... Ама ако северен слушај си го впрочем затоа и ти е направен профилот. Реалниот народ кој размилува о воја глава веќе знае што се случува. Не проаѓа веќе.

Така е брату, одлично размислуваш со своја глава ...
 
Северен, џабе го праќаш ова копиле. Најмалку од се е лекар. А се знае најмногу од се што е, малоумен и болна личност... Ама ако северен слушај си го впрочем затоа и ти е направен профилот. Реалниот народ кој размилува о воја глава веќе знае што се случува. Не проаѓа веќе.

Батче или сестриче , јас не сум Северен туку сум -
Северно МАКИ донец
а ти изгледа не си прочитал или не си ја сватил поентата баш најдобро
во моето име
И без разлика што сум кој сум од кај сум ...
Линкот е релевантен на темава, ќе дознае секој малце повеќе ако го погледне а заклучок се носи од после !
 
Овие што го пишуваат "коронавирусот" заедно и мочаат од ќерамиди на делото на Блаже Конески. Се истите тие што утре ќе почнат да пишуваат Севернамакедонија. :гомце:
 
Сега му текна да ги гонат овие со лажни тестови.

Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово во текот на денов (26.12.2020) изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови.

МВР соопшти дека при претресите се одземени мобилни телефони, персонални компјутери, лап топ компјутери, мемориски картички, 118 бланко договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативни ПЦР тестови, печати, факсимил од австриски нотари друга документација. По документирање на случајот,до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа.


ништо чудно да испаднат на црн пазар и лажни Ковид пасоши
 
Словенечката влада донела одлука да не прифаќа тестови направени во нон-ЕУ држави.
За сите оние што мислеа дека го заебаа системот со лажните тестови. :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom