Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Скроз си во право, ама зошто би имале во систем во Плодност рандом податоци?
Човечка грешка. Дали некој го мрзело да работи, случајно има внесено гршка податоци или е преморен - сеедно. Ќе речев вака се поткопува довербата во системот, ама шо вика берик "да не заборавиме каде живееме ".
 
А нешто лична карта да бараат при тестирање или јок? Класика.
 
Најјко од се е што болните што се лечат дома за инфузија излегуваат до болница, секој ден, две недели, како е тоа домашна изолација, еве нека објасни некој попаметен.
 
Не се работи за некој попаметен или не....тоа е реалноста кај нас, општо позната работа.
Организација НУЛА. Можеби болниот ќе дојде до болница со сопствено возило, автобус, такси, итн (којзнае). Како и да е тој мора да дојде во болница да прими терапија, друг начин нашиве немаат....не знам како е во високоразвиените држави, а навистина ме интересира (не верувам дека е како кај нас, може некој член што живее таму чисто да сподели инфо).
Исто комшии кај мене во зграда, сите позитивни демек во изолација.....шетаат, пазарат, ги гледам со свои очи (тие се единствена фамилија за која знам дека се позитивни, 56 стана сме во влез....којзнае уште колку такви има).
Нема никаква контрола околу тоа.....препуштено на лична одговорност.
Тоа е дополнителен хаос во целава ситуација, која целосно е надвор од било каква контрола.....се е дива лига.....општ хаос......ПРАШУМА....ЏУНГЛА !!
ПС Исто и кога одиме да се тестираме....кој врши контрола како си дошол до таму....никој. Може некој суспектен се возел во автобус или такси, ако нема кола.
 
Последно уредено:
Да не се лажеме нема повеќе изолација, никој не ја почитува, никој не ги проверува дали се дома, ние веќе 5 ден сме, ни решение за изолација ниту ни имаат кажано до кога да седиме, матичната ни рече ако сме со симптоми 14 дена ако сме без 10 дена, брат ми и снами се со лесни симптоми, ние другите ништо. А живееме во заедница, тие се ѓомити во друга соба изолирани ама децата се претеруваат наваму натаму така да ништо.
 
Има и што ја почитуваат, но има и што си шетаат. Контрола нема.....препуштено на лична одговорност.
Со лесно нека ви е на сите во фамилија, нека ви помине што побрзо.
 
Да не се лажеме нема повеќе изолација, никој не ја почитува, никој не ги проверува дали се дома, ние веќе 5 ден сме, ни решение за изолација ниту ни имаат кажано до кога да седиме, матичната ни рече ако сме со симптоми 14 дена ако сме без 10 дена, брат ми и снами се со лесни симптоми, ние другите ништо. А живееме во заедница, тие се ѓомити во друга соба изолирани ама децата се претеруваат наваму натаму така да ништо.
Од литијата у Струга ви е ова, или од идење по гробишта, цркви и слично. Нема друго.
Друг пут пазете и со лесно.
 
Скроз си во право, ама зошто би имале во систем во Плодност рандом податоци?
... секое тестирање кое е „службено“ се пријавува со име презиме и матичен број, тоа не е тест за бременост, па позитивен тест и готово, сите информации идат централно во Скопје (да се знае колку се дента тестирани и кои се резултатите и тоа собрани од сите градови, на ниво на МКД), после секое тестирање се должни да го информират матичниот лекар, кој е должен да го информира својот тестиран пациент за резултатот и понатамошни медицински инструкции!
 
Друго ме интересира, еден другар пред месец и нешто имаше симптоми, температура, изгуби мирис и вкус и болки во мускули, закажа тест државно преку матична, се тестираше и испадна позитивен, откако му заврши изолацијата направи тест во Плодност за антитела, немма антитела, му викаат таму ти не си бил заразен, кој знае шо тестови прават.
 
Многу често слушам дека Ковид-позитивните изгубиле апетит и ослабнале за време на болеста...
Ова се должи на температурата или на изгубени сетила за мирис/вкус? Или и двете?
имав апетит, но 23 дена дома само легаш и кривиш кревети и не ти бара организмот храна ослабев 5 кг, обично јадам минимум 3 пати, а додека бев во изолација 2 пати, после изолација пак се вратив во нормала.
 
Друго ме интересира, еден другар пред месец и нешто имаше симптоми, температура, изгуби мирис и вкус и болки во мускули, закажа тест државно преку матична, се тестираше и испадна позитивен, откако му заврши изолацијата направи тест во Плодност за антитела, немма антитела, му викаат таму ти не си бил заразен, кој знае шо тестови прават.
... не може да „нема антитела“ тоа не одговор, дај сликни го тестот на другарот па ќе ти објасниме, инаку во „Плодност“ вработените може да бидат во некој филм со муабети, ако така се изјаснувале (т.е ти не го филуваш муабетот) воопшто не е професионално и коректно од нивна страна и поради таков тенденциозен „исказ“ можат да си ризикуваат да си ја изгубат дозволата за работа,

цитирам ...,,Според последните податоци објавени на Институтот за јавно здравје лидер во изработката на тестови за корона вирусот е Жан Митрев Клиниката со над 30 илјади тестови од почетокот на пандемијата па досега. На второ место е Авицена приватната лабараторија со 29 130, а бронзата и припаѓа на Биотек лабараторијата со направени 24 042 додека Систина до сега направила 23 887 тестови.
Но, во овие бројки не спаѓаат податоците за контролните тестови, односно колку пари дале граѓаните за да можат да добијат два негативни теста, како што до неодамна се бараше за да може да излезат од изолација.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, само минатата недела, во перидот од 19 до 26 октомври, од речиси 14 илјади тестови вкупно 8 илјади се направени во приватни лаборатории и болници...,,

... истите тестови ги има што ги има и државните институции, да не отишле сами да купат во странство :icon_lol:, државата дава дозвола за све што се увезува потрошен материјал, тестови, лекови, медицинска опрема значи буквално све околу медицината и истата ги контролира, така си е тоа мислиш кој како сака ќе прави (само набавено „на црно“ тоа не важи),
 
Кај да го сликнам пред месец и пол беше ова, дали е можно да бил лажно позитивен тестот тоа ме интересираше.
Ете ќе ми го пушти после другароѕ тестот па ќе го постирам тука
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom