... не може да „нема антитела“ тоа не одговор, дај сликни го тестот на другарот па ќе ти објасниме, инаку во „Плодност“ вработените може да бидат во некој филм со муабети, ако така се изјаснувале (т.е ти не го филуваш муабетот) воопшто не е професионално и коректно од нивна страна и поради таков тенденциозен „исказ“ можат да си ризикуваат да си ја изгубат дозволата за работа,
цитирам ...,,Според последните податоци објавени на Институтот за јавно здравје лидер во изработката на тестови за корона вирусот е Жан Митрев Клиниката со над 30 илјади тестови од почетокот на пандемијата па досега. На второ место е Авицена приватната лабараторија со 29 130, а бронзата и припаѓа на Биотек лабараторијата со направени 24 042 додека Систина до сега направила 23 887 тестови.
Но, во овие бројки не спаѓаат податоците за контролните тестови, односно колку пари дале граѓаните за да можат да добијат два негативни теста, како што до неодамна се бараше за да може да излезат од изолација.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, само минатата недела, во перидот од 19 до 26 октомври, од речиси 14 илјади тестови вкупно 8 илјади се направени во приватни лаборатории и болници...,,
... истите тестови ги има што ги има и државните институции, да не отишле сами да купат во странство

, државата дава дозвола за све што се увезува потрошен материјал, тестови, лекови, медицинска опрема значи буквално све околу медицината и истата ги контролира, така си е тоа мислиш кој како сака ќе прави (само набавено „на црно“ тоа не важи),