- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.628
- Поени од реакции
- 18.656
Проф. Вело Марковски ми беше мене професор и многу научив, запомнав од него а и на некој начин уште у глава ми се вртат предавањата негови, начинот на кој предаваше и плус од инфектологијата која сите ја мразеа јас ја засакав од него иако доктор по стоматологија почнав да се насочувам кон насока на орална вирусологија, орални инфекции да читам повеќе за тоа да се замарам а се замарам и те како во денешно време. Некако ми остави впечаток и тоа голем. И за него секогаш ќе имам добри зборови.
Во однос на неговите искажувања за ситуацијата која владее во светот последните месеци. Не зборам за тоа што се зборувало тука ниту ме интересира овде само гледам напади и омрази и скрос во друга насока се турка работата.Небитно. Зборот ми е проф. Вело кој беше до 2002 година директор на Инфективна клиника и те како е релевантен да збори образложува или си дава до знаење да прави паралели и да користи цврсти ставови во однос на темата КОВИД од некои кои постојано се експонираат а има и такви кои се општи лекари. Општите лекари треба да си ја гледаат својата работа а коментарот што го имаат да биде насочен кон обраќање дали преку фб или јавно во смисла да ги почитуваме мерките да се избориме со оваа ситуација да се слуѓат надлежните итн... Јас тоа не го видов. Премногу експерти сме имале во земјава и надвор од медицинската елита. Тоа излезе на виделина.
Понатаму проф. Вело докторирал на тема Грип. А 30 години се занимава само со респираторни инфекции. Има книг Грип едидемии и пандемии напишана од него на англиски и македонски јазик. Исклучителен професор и познавач на работите од Инфектологијата кој и самиот истакна дека Балканот има јака инфектологија и ќе се справи добро со ситуацијата доколку не вмеша прст политиката и политичарите од една Италија која бележи феноменални резултати за мозочни удари и слично ама во делот на Инфектологијата не. Во европа занемарлив е делот Инфективни болести како предмет. Се базира на етиолошко учење на болестите. Ние учиме синдромска Инфектологија така налага модерната Инфектологија во светот. И ова беше истакнато од него.
Професор кој е постојано во контакт и со други негови колеги во странство ја следи ситуацијата и во други држави, образложуваше што има ново на секое негово наредно гостување и појавување во јавноста од прочитаното и изнесеното во најновите студии во LANCET и Brittish Journal во врска со ситуацијата. Едноставно за мене вреди неговиот збор. Во ред е да имаш различни мислења и ставови макар и меѓу колеги микробиолози, епидемиолози итн, ама не да се претерува, да се оди во сосема друга конатација итн...
И ти го поддржуваш ставот на Вело дека вирусов ќе замри со доаѓање на летото ?